(настан) Електричен полигон 4

Традиционално Електромобилност Македонија преку настанот Електричен полигон по четвртти пат продолжува со едукација за основци и средношколци за електричните возила и нивното значење, како дел од глобалниот настан „Европска недела на мобилност“ кој оваа година се спроведува под мотото “Споделувањето те движи напред“.

Настанот ќе се одржи на 19 септември 2017 година (вторник) на кампусот технички факултети –  Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет, со почеток од 10:00 часот и ќе трае до 12:00 часот.

Електричниот полигон се спроведува во соработка со Секторот за заштита на животната средина и природата во рамки на Град Скопје а покрај волонтерите од Електромобилност Македонија ќе бидат вклучени средни и основни училишта од општина Карпош, ЈП Градски паркинзи и други поддржувачи.

Во рамки на настанот ќе има едукативна сесија за електричните возила преку која учениците ќе се запознаат со трендовите во мобилноста со осврт на свесноста за зачувување на животната средина, а воедно и одблизу да се запознаат со повеќе типови на електрични возила (електричен автомобил, електричен скутер, е-велосипед, мали електрични возила, полнач за електромобили, конвертирано електрично возило како и електричен картинг конструиран од страна на студенитете и професорите при ФЕИТ).

Ги покануваме сите вљубеници во новите технологии на мобилноста да бидат дел од овој едукативен настан, да се дружиме со електричните возила, да ја подигнеме јавната свест и заеднички да придонесеме кон зашитата на животната средина и намалување на загадувањето. Сите сопственици и љубители на електрични возила се охрабрени и добредојдени.

На следниот линк може да го превземете флаерот подготвен за настанот Електричен полигон 4: Electric polygon 4 – 09.2017 Flaer

Подолу може да ги видите сликите од овогодинешниот настан.

Сите фотографии можете да ги видите на вашата и наша ФБ страна за електрични возила.

Им благодариме на сите кои беа дел од настанот!

(настан) Електрични возила како алтернатива на аерозагадувањето

На 26ти јуни 2014 при Институтот за моторни возила и хомологација, на Машинскиот факултет Скопје, МКД, инженерското здружение на граѓани ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА ќе одржи Работилница. Ќе има и мал саем и неколку електрични возила од неколку категории; сите учесници ќе можат да ги возат електромобилите. Споделете ја информацијата за заинтересирани граѓани, инженерски и научнички и други кадри, ентузијасти и вклучете се на предавањата и дискусиите; Дополнителни информации на info@elektromobilnst.mk ; повелете!

WS: EV's as an alternative to AirPollution
WS: EV’s as an alternative to AirPollution

 

работилница банер
работилница банер

(настан) Светски ден за животна средина 5 јуни

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ го поддржува 5 јуни, светскиот ден за животна средина преку своите редовни активности и учество на трибини, семинари и други форми на организирање поврзани со ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ и влијанието на сите фактори поврзани возилата врз средината.

повеќе инфо: http://www.unep.org/wed/

Индекс за квалитет на воздух

Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот.

Овој индекс за квалитет на воздух е развиен преку Заеднички информации за воздух во Европа (CITEAIR) проекти финансирани од Европската унија (http://www.airqualitynow.eu/index.php)

CITEAIR
CITEAIR

Концентрациите се во μg/m3 освен за CO каде што се во mg/m3