Опис на загадувачки супстанци | Азотни оксиди | NOX

NO се создава со реакција меѓу N2 и O2 на висока температура. Оваа реакција се случува во инсталации за производство на електрична енергија, со согорување на фосилни горива во печките. Сепак, главен извор на NO се издувните пареи од моторите на автомобилите.

При доволно висока концентрација, NO може да реагира со хемоглобинот во крвта и да ја попречи неговата способност за транспорт на кислород, слично на CO. Сепак, толку висока концентрација на NO ретко може да се достигне во загадениот воздух. Главната улога на NO како загадувачка супстанција е во неговото учество во разни реакции кои произведуваат неколку други загадувачки супстанции.

NO2 е кафеаво-црвеникав, може да се види во загадениот воздух во поголемите урбани центри, и е високо реактивен гас кој се формира со оксидирање на азот моноксидот (NO). Високите концентрации на оваа загадувачка супстанција имаат остар мирис, додека ниските концентрации имаат мирис сличен на водородот. NO2 се создава во текот на процесот на согорување, и при светлина, со фотохемиска реакција, NO се претвора во NO2.

Азотните оксиди и нивните продукти се јавуваат како резултат на природни влијанија или човечки активности. Природните извори на NOx се молњите, како и биолошките и абиолошките процеси во почвата. Најголемите антропогени извори на NO2 се процесите на согорување при високи температури (како оние што се случуваат во автомобилите), согорување на јаглен, нафта и дизел, домашните ложишта и согорувањето на отпад.

Високи нивоа на азотните оксиди може да имаат негативен ефект врз вегетацијата како оштетување на листовите и намалено растење. Таложење на загадувачите добиени од емисија на азотните оксиди предизвикуваат ацидификација и/или еутрофикација што доведува до губење на биодивезитетот дури и на места кој што се далеку од оригиналната емисија. Азотните оксиди можат да доведат до формирање на О3 и NO2 и може да реагираат со други супстанци во атмосферата при што се формираат кисели продукти кои дисперзираат во врнежите (таканаречени кисели дождови), маглата, снегот или во цврстите честички. Овие кисели дождови можат да влијаат штетно на популацијата на рибите и шумските почви, ја забрзуваат корозијата на металите и градежните материјали. Од друга страна пак азотните оксиди предизвикуваат еутрофикација односно нарушување на функциите на екосистемите, ацидификација на површинските и подземните води. Емисиите на оваа загадувачка супстанца од сообраќајот можат да се забележат на следниот графикон на кој е прижана 24 часовната дистрибуција на NO2 од автоматските мониторинг станици. Имено, можат да се забележи дека од грачичкиот приказ на измерените концентрации се добиваат криви со два пика, и тоа, едниот пик се јавува во утринските часови, при почетокот на работното време, а вториот пик се јавува во попладневните часови, при крајот на работното време, кога и фреквенцијата на сообраќајот е најголема.

Опис на загадувачки сустанци | Јаглерод моноксид | CO

CO е безбоен, отровен гас без мирис и вкус. На глобално ниво е проценето дека 80% од јаглерод моноксидот присутен во атмосферата потекнува од природни извори. Природата е способна да го спречи зголемувањето на концентрацијата на CO во атмосферата, бидејќи бактериите во почвата го претвораат во CO2.

Останатите 20% произлегуваат од човековите активности како што се нецелосно согорување на горивата базирани на јагле

Опис на загадувачки супстанци | Сулфур диоксид | SO2

SO2 е задушлив гас со остар мирис, кој се формира со согорување на материјали кои содржат сулфур. Тој претставува гас кој, при вообичаени концентрации на амбиентниот воздух, може да реагира со влажноста во воздухот формирајќи сулфурна киселина. При согорување на гориво кое содржи сулфур, сулфурот оксидира во SO2 дополнително реагирајќи со останатите загадувачки сусптанции, на тој начин создавајќи аеросоли. Во течна форма може да се најде во облаците, маглата, дождот, аеросолите и на површината на честичките. SO2 исто така е и главен прекурзор на PM2.5. Сулфур диоксидот воглавно се формира со согорување на јаглен, особено во инсталациите за производство на електрична енергија. Оваа загадувачка супстанција се ослободува при индустриски процеси во топилници, рафинерии на нафта, индустрии за преработка на хартија и целуцоза, индустријата за метали како и во транспортот.

Високи концентрации на оваа загадувачка супстанција, во вид на кисели дождови, им пречат на популацииите и јатата риби во реките и езерата и имаат лошо влијание на почвата во шумите. Исто така предизвикува големи штети на екосистемите, вклучувајќи и деградација на хлорофилот, намалување на фотосинтезата и на промени во метаболизмот на протеините. Таложењето на загадувачките супстанции од емисиите на сулфур диоксид, предизвикуваат закиселување на почвата и водите и губиток на биодиверзитетот, многу често на места на огромна оддалеченост од оригиналната емисија.

Опис на загадувачки супстанци | Суспендирани честички | PM10

Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број на извори, како на пример издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дворовите и шумските пожари. Емитираните честички, исто така, со помош на воздушните струи може да се пренесат стотици километри од изворот на емисија. Концентрациите на PM10 во градовите во целата држава, особено во зимскиот период, постојано ги надминуваат граничните вредности за заштита на човековото здравје. Ова зголемување на концентрациите на честичките очигледно е предизвикано од различни типови на извори на емисија заедно со непогодните меторолошки услови.

Сепак, издувните гасови од сообраќајот и согорувањата од домаќинствата се меѓу најважните придонесувачи, иако и другите загадувачи допринесуваат со свој процент.