Електричен картинг | Студентски проект при ФЕИТ

На Факултетот за електротехника и информациски технологии, во Лабораторијата за електрични машини, трансформатори и апарати (при ИЕМТА) и Лабораторијата за електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај (при ИЕЕЗЕС), во два семестра во 2015 и 2016 година, група на студенти и професори заедно со соработници вон факултетот, работеа на студентски проект: Електричен картинг! Тимот е именуван ЕЛ_КА: ФБ страна.

е-картинг | тест на еднонасочен мотор
Е-картинг | Тест на еднонасочен мотор

Промоцијата на возилото се одржа на 24 јуни 2016 во рамки на факултетските простории и лаборатории, а прилика за возење и разговор или информации за возилото може да се добијат на факултетот и во институтите.

13465961_10206749720529395_5359705246699671145_nСо големо задоволство како Е-мобилност го следевме прогресот на градба, директно во училниците и лабораториите, заедно со тимот ЕЛ_КА и може да напишеме дека во Македонија постојат капацитети за градба на електрични возила.

е-картинг || лабораторија за електротермија, електрично заварување, електричен сообраќај
Е-картинг | Лабораторија за електротермија, електрично заварување, електричен сообраќај

Особено во делот и решенијата за електричниот дел, постојат капацитети и знаење и за посериозни подвизи во електрични возила.

е-картинг || институт за ел. машини, трансформатори и апарати
Е-картинг | Лабораторија за ел. машини, трансформатори и апарати

Во очекување на нови проекти од факултетот,  ве повикуваме да дојдете на возење на картингот, за што ќе закажеме средба во новата учебна 2016/2017 година, во соработка со факултетот и колегите. Според информациите од тимот, во припрема се студентски трудови, базирани на самоградбата на електрично возило, за кои ќе пишуваме дополнително.

е-картинг | студентски проект | ФЕИТ
Електричен картинг | Студентски проект | ФЕИТ

Нова генерација и архитектура на суперлесно возило | Very Light Car

Edison VLC 2
Edison VLC 2

Тимот на Едисон 2 ја доби прогресивната анграда Automotive X Prize со својата ултра лесна кола (Very Light Car – VLC) во 2010. Електричната верзија на VLC беше прикажана во 2011, а денес, aприл 2013 можеме да ја погледнеме новата архитектура на машината која ќе биде база за прототипот кој ќе излезе на пазарот и кој е промовиран во музејот на Хенри Форд.

Шасија
Шасија

Додека надворешниот дел изгледа како од сај-фај иднина, истите принципи според кои оригинално е развиен се останати и во денешниот модел – екстремно лесен и оптимално аеродинамички ефикасен.

Тежината на VLC која ја доби престижната X Prize тежи (376 kg или 830 lbs) и има најнизок коефициент на повлекување-триење кој е измерен од GM Aero Lab за четворосед со коефициент од 0.160. Според тимот на Едисон 2, следната генерација на VLC триумфира пред претходниците во смисла на аеродинамичка ефикасност, со дополнителни вредности кои се потребни за кола за широки маси. Новиот VLC има подобра визибилност за возачот, поширока внатрешност со полесно влегување во колата, шасија направена од алуминиумски фолии и поголеми гуми кои резултираат со можност за одлична in-wheel суспензија.
in-wheel suspension
in-wheel suspension

Суспензијата (in-wheel) која е видлива на шасијата на VLC е една од клучните компоненти на дизајнот. Освен што ја подобрува аеродинамиката, таа го подобрува и контролирањето на возилото, ја редуцира масата и комплексноста на возилото во целост.

Кога ќе го видиме моделот за широката публика тоа е непознато, но во компанијата веруваат дека самата архитектура е ветувачка, футуристичка, со веќе иновативниот дизајн за суспензија кој може да се аплицира и на модели во широк спектар, а не само на конкретниот VLC.

Edison VLC 2
Edison VLC 2

Ова возило отвори можности за комплетно нови видови на возила, како поодржливи, поодговорни начини за иднината, коментира Кутнер, клучен чoвек во тимот на VLC. Ова е отворен проект (open hardware) и ќе следиме како се развива, така што пратете ги следните продолженија кои ги очекуваме од компанијата, а кои ние овде на овој портал со задоволсво ќе ги прокоментираме и пренесеме.

Very Light Vehicle
Very Light Vehicle

Извор: gizmag.com; edison2.com

ДУТ12 | Мала тркачка формула направена од студенти

ДУТ12 е втор електромобил кој е составен од тркачкиот тим на Универзитетот ДУТ. ДУТ12 има погон на четири тркала. Со тоа е овозможено системот за кочење да биде употребен за полнење на батериите со што се овозможува поголема ефикасност.

За разлика од претходниот модел ДУТ11, батериите не се местат зад возачот, туку од двете страни на возачот. Исто така се користи и нов метод за производство на импрегнирани материјали (prepreg). Овој метод овозможува смолата (resin) да биде правилно дистрибуирана низ фибер-влакната со што е овозможено да се намали тежината за разлика од минатиот модел, имено ДУТ11.

Спецификација за малата тркачка формула, генерални информации:

  • Тежина       148 [kg]
  • Должина  2445 [mm]
  • Ширина    1415 [mm]
  • Висина      1104 [mm]
  • Ширинска база на тркала 1530 [mm]
ДУТ странично
ДУТ странично
ДУТ предна страна
ДУТ предна страна

 Шасија:

  • Јаглеродно-импрегнирани влакна
  • Пресечен заден дел
  • Епоксидни калапи, кои што се користат за импрегнација во процесот на производство

Мотори и батерии:

  • Батериски пакет 4.2 kWh
  • Батериска волтажа 600 V
  • Конфигурација на батерискиот пакет – акумулатор, литиумски полимер 144S2P LiPo
  • Моќ: 99 kW номинално, 133 kW врв
  • Предна трансмисија: 1:7 планетарен систем – менувач
  • Задна трансмисија: 1:13 двофазен систем – менувач

Суспензија:

  • Гуми: Двојно нееднакви A-Arm
  • Рачка за повлекување TTX 25 FSAE
  • Гуми: Хозие 18.0 x 6.0-10 LC0
  • Кочници: Full-floating steel rotors
Двојно раме ARM
Двојно раме А-ARM
Двојно раме ARM
Двојно раме А-ARM

 

 

 

 

 

 

Електроника:

  • Контролен уред, дизајниран од тимот на ДУТ12
  • Податоци-фидбек: дизајниран систем од сензори од тимот на ДУТ12
  • Батерии: Литиум-полимер
  • Нос на возилото: алуминиумскo саќе

За читaње: full float steel rotors

двофазен систем
двофазен систем – менувач
двофазен систем
двофазен систем – менувач

 

 

 

 

 

Ова е направено од студенти и професори на Универзитет!

Извор: dutracing.nl