Железнички троли | Применлив концепт во .мк

Сте чуле размислување да се користи железницата за развој на мали тролејбуси за лична уоптреба кои би биле custom made но кои би ги имале сите специјализирани уреди и технички дозволи за безбедност итн.? Возилото на видеото  пред повеќе години било во Македонија, се работи за Волга ГАЗ М-21 како интересен железнички троли концепт, принцип кој би функционирал и на ниво на град Скопје како циркуларно кружење можеби околу кејот на Вардар од двете страни или во другите градови како циркуларна патека околу главните точки на градот.

А, еве како тоа функционира во Германија, се работи за Фолксваген со мотор за внатрешно согорување, но зошто тоа во принцип да не бидат и троли електровозила?

На пример батериски напојуван електромоторен железнички троли?

 

Линеарен генератор со слободен-клип развиен од Германскиот аеровселенски центар

Научниците при Германскиот аеровселенски центар (Deutsches Zentrum für Luft- und Raumfahrt; DLR) развија комплетно нов тип на мотор (drive) за да се зголеми-продолжи километражата за возила на електричен погон. Се работи за линеарен генератор со  слободен-клип (Freikolbenlineargenerator; FKLG) кој е мотор кој согорува гориво, но генерира електрична енергија. Истражувачите од Штутгарт при Институтот за концепт возила демонстрираа дека технологијата е применлива. Со оглед на тоа што ваквите неконвенционални форми на мотори со специфични конверторски единици со компонента за внатрешно согорување на гориво, освен линеарниот генератор имаат и амортизер за гас.

„Иновативните решенија како генераторот со линеарно слободен-клип ќе помогне да се прават возила кои ќе бидат на погон на електрична енергија, всушност, тоа што сакаме да стане секојдневие, а тоа ќе ја демонстрира научната снага на Баден-Винтерберг (Baden-Württemberg) како локација,“ ќе каже Ролф Шумахер, Директор во Министерството за финансии и економија при Баден-Винтерберг, при официјалната церемонија на проектот.

Се работи за нов структурен пристап со моќни фидбек контролни единици. Инженерите беа свесни за принципот на овој мотор веќе некое време. Преку инсталација на гасна амортизација, истражувачите успеаја, за првпат, стабилно да го контролираат системот во долг временски период. „Идеата беше како да се направи моќен динамички механизам со силна динамичка контролна единица која ќе ги регулира комплексните интеракции меѓу индивидуалните компоненти.“, вели Улрих Вагнер, Директор за енергија и транспорт при DLR Deutsches Zentrum für Luft- und Raumfahrt. 

Линеарниот генератор со слободен-клип работи слично како конвенционалниот мотор со внатрешно согорување. Но, наместо да го конвертира линеарното движење во ротационо движење на осовината, тоа генерира електрична енергија. Микс од воздух и гориво согорува во комората за согорување. Експанзијата на клиповите оди напред-назад кон амортизерите. Амортизерите го успоруваат движењето на клиповите и го враќаат во почетна состојба. Линеарниот генератор ја трансформира кинетичката енергија на клиповите во електрична енергија и со тоа се придвижува електромоторот. Системот е способен да го контролира движењето на клиповите прецизно и до една десетина од милиметар во исто време препознавајќи ги флуктуациите во процесот на согорување и соодветно на тоа има процес кој тоа го компензира.

linear generator
linear generator

Оптимална оперативна стратегија со варијабилни својства; како контраст на конвенционалните технологии, линеарниот генератор овозможува пропорција на комопресија, брзина на клипот и кубниот капацитет на горивото да бидат флексибилно подесени. Од оваа причина можат да се користат различни типови на горива – од дизел и бензин, преку гас до етанол и водород. „Според тоа можеме да ги подесиме оперативните карактеристики за најефикасно можно користење и најеколошко можно ниво“, сумира Директорот на DLR Хорст Е. Фридрих. Во исто време, линеарниот генератор работи со далеку помалку компоненти од вообичаените мотори.

free-piston linear generator
free-piston linear generator

Пофлексибилни електрични возила; според овој мотор, електричните возила ќе можат да имаат далеку помал батериски пакет, а во исто време да возат оптимално од гледна точка на електромобилност. Кратки патеки до 50 километри како градско возење може да се покрие само со електрична енергија, а за подолги патувања, тука ќе превземе проширениот опсег. Ја има автономијата, а моторот со внатрешно согорување е форма на технологија која е мост помеѓу два различни концепта, со што на електричните возила има ја дава неопходната атрактивност за широката јавност.

free-piston linear generator power pack
free-piston linear generator power pack

Трансфер на технологијата во индустријата; „Покажавме дека линеарниот генератор може да се префрли во индустријата, нареден чекор ќе биде правење на прототип,“ објаснува Фридрих. За таа цел DLR направи договор со Universal Motor Corporation GmbH и ќе обезбеди научна поддршка за понатамошните иновации. Една од целите е да се оптимизира тежината и големината на линеарниот генератор така што не еден туку повеќе линеарни генератори би можеле да се наместат еден до друг во долниот дел на колата. На овој начин, нашите првични пресметки покажуваат дека ќе биде можно да се достигне и до 600 километри без да се зголеми тежината на возилото. 

Извор: electric-vehiclenews.com

Протеан почнува со производство на електромотор вграден во тркало (in-wheel)

Protean in-wheel electric-motor
Protean in-wheel electric-motor

Бенефитите од вградување на електромотор во тркалата на возило може да ги видите на видеото за Мерцедес-Бенз SLS AMG. Ако сите тркала се на таков погон, бенефитот, теоретски е поголем.

деловите на in-wheel електричниот мотор
деловите на in-wheel електричниот мотор
in-wheel пресек
in-wheel пресек
in-wheel пресек
in-wheel пресек

Се работи за дизајнирање на технологијата на електромотори вградени во самото тркало; како in-wheel проектот на Siemens eCorner на што компанијата Protean работи во последните неколку години. Од Протеан објавија дека во 2013 ќе почнат со производство на прототиповите. Последен пат ги видовме дизајните на Протеан во мај 2012 кои соработуваат со Мерцедес, на моделот БРАБУС.

BRABUS with Protean inwheel 2012
BRABUS with Protean inwheel 2012
Protean in-wheel motor-diagram 2012
Protean in-wheel motor-diagram 2012

Соработката на Протеан не завршува само со Мерцедес, тие соработуваат и со Форд F-150 пикап камион, карго венот на Вауксхал и со кинеската фамилија на седани Трумпчи.

in-wheel
in-wheel

In-wheel моторите на Протеан може да се вградат и во хибридни и во чисто електрични возила. Секоја единица од овие електромотори е вградена зад тркалото или поточно е дел од самото тркало и дава моќност според Протеан, токму каде што треба и колку му е потребно на возачот. Моторите имаат моќ од 75 kW (100 коњски сили) или 735 фунти на фит, момент.

in-wheel-motors in BRABUS
in-wheel-motors in BRABUS

Тежината им е околу 68 фунти, околу 32 килограми, што не е баш добро за вкупната маса на возилата. Од Протеан тврдат дека подобрувањата на in-wheel моторите е до 30 проценти од претходните верзии во смисла на економичност, но тоа зависи од батерискиот пакет на секое поединечно возило. Протеан тврди дека успеале да ја контролираат кинтеичката енергија при кочење и до 85 проценти од истата да ја вратат во батериите (регенеративно кочење). Најбитната придобивка е што на овој тип на иновативни мотори од Протеан ќе може да им бидат монтирани дополнителни делови според потребите на возачите.

in-wheel
in-wheel

Не е познато кога првите возила со моделите на Протеан ќе се појават по патиштата, но бенефитите во смисла на инженерство, иновација и неколку чекори понапредни дизајни и решенија кон усовршувањето на електричните и хибридни возила со оваа технологија се значителни, а тоа во принцип значи дека моторите никогаш повеќе нема да бидат под хаубата.

Извор: greencarreports.com

Поефтино и побрзо полнење на електрични возила

шема на електрично возила
шема на плаг-ин хибрид

Истражувачи од Универзитетот за технологија при Чалмерс развија уникатен интегриран погон-мотор и полнач за електрични возила. Споредено со денешните електрични полначи, тие успеале да го намалат времето за полнeње од осум на два часа и да ја редуцираат цената за околу 2,000 долари.

Саед Хагбин, доктор на науки по електротехника, во своите докторски студии  го развил концептот за да се направи оптимален електрополнач. Резултатот е нов високомоќен интегриран погон-мотор и батериски полнач за возила, каде што е вграден нов метод за трансфер на енергијата, преку таканаречен, ротирачки трансформатор.

„Идеалното сценарио би било да имаме доволно моќен полнач кој би ги полнел батериите за пет до десет минути, но ова во овој момент би чинело над 100.000 долари, што во принцип е прескапо, дури поскапо и од самата кола“, ќе изјави Саед Хагбин. „Прашањето кое си го поставивме беше: како да ја намалиме големината, тежината и цената за он-борд полнач.“

Поради тоа што електричниот мотор и инвертерот не се користат за време на полнењето, истражувачите ја разгледуваа можноста, истите да се искористат во полначкиот циклус и да се развие некаква форма на интегриран мотор и батериски полнач. Со други зборови, дали е можно да се користи моторот и инвертерот во циклусот на полнење за да се зголеми моќта на полнење, но при пониска цена?

„Наместо да имаме посебен изолиран батериски полнач, ние направивме нов концепт за трансфер на моќта, така-наречен ротационен трансформатор, кој што е направен да прави како што кажува името, имено, да пренесува електрична енергија додека ротира“, вели Саед. „Батеријата се полни преку трансформатор и (split) разделен-фазен мотор кој што е дизајниран специјално за оваа цел.“

Овој тип на интегриран полнач е, од перспектива на Универзитетот Чалмерс сеуште во лабораториска фаза. За да се постигне пооптимален систем, потребни се дополнителни истражувања и експерименти, но патентот е резултат на Шведски и други пријателски истражувачки интернационални центри. Чалмерс бара потенцијални индустриски корисници, како ВОЛВО со кои универзитетот соработува за да се искористи системот во индустриско производство.

„Електричите коли се дискутирани како можно решение за редукција на ЦО2 и дебатите околу електричните возила сеуште траат.“ „Ако решиме да ги решиме главните проблеми со батериите и батериските полначи, сметам дека приказната на електричните возила ќе успее на среден и долг рок, а тука не смееме да ги заборавиме ниту, е-возовите, трамваите и плаг-ин хибридите. “

Извор: sciencedaily.com