Главни фактори за (не)усвојувањето на електричните возила во Македонија и регионот

Во последните неколку години од оваа декада доживуваме времиња на пробив и значителен напредок на вградени технологии во електричните возила во автомобилската индустрија. И покрај значително зголеменото производство на електрични возила, нивната распространетост на патишата во Македонија и регионот, доколку погледнеме детално, е многу ниска. Постои лепеза на фактори зошто е тоа така. 

Слика 1) Концепт на електрично возило од луксузна класа
Слика 1) Концепт на електрично возило од луксузна класа

Техничните карактеристики на електричните возила се едни од највлијателните кои можат максимално да придонесат кон усвојувањето на електричните возила. Неописливото забрзување кое се јавува заради високата ефикасност на процесот на преобразба на електричната енергија и ставање во погон на сите четири тркала, понатаму удобноста, целокупната електроника и процесорско водените апликативни функционалности се главни предности на електричните возила во споредба со моторните со внатрешно согорување. Од техничките карактерисктики можеби оној кој најмногу возбудува чуство на несигурност при набавувањето на електрично возило е возниот досег. Дали овие сомневања е потребено да бидат окарактеризирани како витални, го наоѓаме во моменталниот стадиум и равивањето на батериските технологии (Li-Ion). Во денешно време технологиојата на зачувување на енергија и нејзино празнење со цел на трансформација во електрична од хемиска е високо развиена. Воопшто не станува збор и не би требало да се јавува двоумење во доверливоста и способноста на оваа батериска технологија во обезбедувањето на електрична енергија за погон на електричното возило. Сепак, проблемот кој нас и толку не нѐ загрижува се димензиите поврзани со капацитетот на батеријата и нејзината тежина. Овие два параметра се од суштинско значење за производителите на електричните возила која влијае на изведбата на моделот и со него поврзаните трошоци кои се пак наша грижа како потенцијални купувачи. Моментално, литиум-јонската батериската технологија во солидна квалитетна изведба гарантира возен досег од 500 [km] кој што е сосема задоволив за купувачите. Зошто е задоволив е во одговорот што возачите на електрични возила во повеќе од 80 проценти дневно возат максимум до 100 [km].

Чуството на вознемиреност и несигрност кај потенцијалните купувачи на електрични возила се јавува во немањето на соодветна полначка инфраструктура, во нејзината доверливост која што би произлегла од деталната анализа на навиките на возење на возачите на електрични возила и во квалитеот на услугата на полнење т.е. во расположливоста на времето наменето за полнење на батеријата на електрчното возило при подологи патувања. Истотака, густината на распределеност на полначките станици како и нивната расположливост во момент на потреба за полнење, се директни причинители за несигурност при одлука за купување.

Но, најголем фактор што ги обесхрабрува потенцијалните купувачи на електрични возила е иницијалната вредност на трошокот за купување на електричното воизло. Моделите кои што големите производители на електричните возила ги нудат на пазарот во регионот се со цени кои се екстремно високи во споредба со просечната плата на граѓаните во државите во регионот. Тоа имплицитно кажува дека не повеќе од 10 проценти од граѓаните во Македонија не можат да си дозволат оваков „луксуз“ за транспорт. Го вклучуваме и фактот дека Македонија, па и сите држави во регионот искажуваат иницијатива за финансиска поддршка при купувањето.

Демографските фактори се исто така помеѓу најважните. Тука спаѓаат возраста, полот, степен на образовние, интересите, редовност на паричните примања и изборот на професија. Фокусна група на овие простории се средно-млади образовани машки купувачи кои се солидно потковани со познавања од техниката и се големи ентузијасти на науката. Кон донесувањето на конечната одлука за купување на електрично возило е и во голема мера влијанието на семејството. Честопати заради задржувањето на традиционалноста и обичаите, семејството има голема улога при донесувањето на одлуките. Тука спаѓа и вкупниот број на возила што се во сопственост на семејството, колку од членовите од семејството знаат и имаат дозвола за да возат, изведливоста на приклучокот за полнење итн. Можат да се јават и тесни полемики за сопственоста на електричното возило во кругот на семејството.

На овие простори, од социјален аспект, важен фактор за поголемата популарност на електричните возила е и уникатноста на превозното средство за транспорт која ѝ додава на одредената индивидуа белег во општеството за направениот превозен избор. Во овој случај, електричните возила земаат голем замав.

Фактори за заштита на средината и намалување на емисиите на штетни гасови во атмосферата се важни, но не фундаментални фактори кои купувачите во регионот би ги земале во обзир при набавката на електрично возило. Совестноста и барањето на зелена алтернатива при превозот се гледаат преку призмата на трошоците.

За крај, за поздравување се охрабрувачките обиди на владите низ државите во регионот за усвојување на политики како и други прилагодувања на законите и стратегии со цел поагресивно усвојување на електричните возила. Но, за тоа е потребно време.

Сретен Давидов, маг. инж. ел.
Факултет за Електротехника при Универзитетот во Љубљана

Одбројаните денови на научната фантастика

Климатските промени се меѓу најголемите закани за иднината. Радикалното намалување на емисијата на јаглерод диоксид и други загадувачки гасови мора да биде приоритет за сегашната и за сите идни македонски влади, при што фокусот мора да биде кон подобрувањето на легислативата во сите сектори на општеството кои се енергетски зависни: Производствените и дистрибутивни процеси, транспортот и домашна употреба на енергенсите. Во таа смисла сметам дека е потребно континуирано обмислување и редефинирање на насоките кон одговорни акции на сите нивоа со активирање на механизми за едукација на граѓанството за свесност и давање поддршка за разумен високосвесен избор на еколошки решенија, живеење и социјални состојби.

Македонија има потенцијал да придонесе кон регенеративни интелигентни еко-транспортни системи со употреба на електрични возила во широк спектар. Електричната енергија е широко достапна енергија и зголемената употреба во транспортот ќе доведе до намалување на емисиите на јаглерод диоксид и други штетни гасови, но во исто време ќе овозможи диверзификација на енергенсите, зајакнување на енергетската сигурност и подобрување на квалитетот на воздухот со оглед на статусот кој го имаат градовите низ Македонија, како еко-жаришта за живеење, особено опасни со аерозагадувањето во Скопје, Тетово, Битола. Според тоа сметам дека електричните возила имаат потенцијал значајно да придонесат кон низа на еколошки, економски, социјални, здравствени предизвици со кои се соочени транспортните системи.

Македонските влади и општеството како целина мора да бидат вклучени во промоција на инвестиции кои овозможуваат развој на широка лепеза на области од електричните возила, енергетско производство од обновливи извори и дистрибуцијата на електричната енергија со што ќе се овозможи брз пристап на електричните возила до мрежата. Поради избегнување некомпатибилност, електромобилноста мора да се согледува мултидисциплинарно со вклучување на сите страни кои ќе допринесат.

Електрификацијата на транспортот е интегрирање на системи. Електрификацијата да се води со силна државна регулатива и сопственост на инфраструктурата.

Развојот на стандардизацијата е битен сегмент кој може да обезбеди бенефити за сите, кој може да доведе до прогрес и може да ја вклучи Македонија во пошироката ЕУ средина. Спoред тоа, ги повикуваме сите страни кои се вклучени во енергетските политики и транспортот, компаниите и релевантните индивидуи и тела за стандардизација да ја поддржат идејата за развој на стандарди за електрични возила. Не сакаме копирана стандардизација, туку иницијатива која ќе не одведе подалеку до точка во која ќе се направи мапа од акции за рапиден процес на стандардизација.

Ги повикуваме медиумите активно да ја поддржуваат електромобилната иднина на Македонија.

Би сакале да ја видиме Македонија вклучена во развој на технологија и иновации, во смисла на електрични возила од сите рангови, и on road и off road, како и за шински електрични возила.

Процесот на ре-електрификација на урбаните центри во нашата земја со трамвај за Скопје и комплетна електрична интерконекција помеѓу урбаните средини со шински електрични возила за Македонски Железници, ќе обезбеди и енергетска сигурност за сите. Македонија, ако добро се позиционира може самостојно да си отвори повеќе патишта кон регенеративна еко-економија, а шансата е уникатна и експоненцијална. Шансата е во електрификација на транспортот!

Предностите на електричните возила се бројни и елеборирани. Електричните возила се поефикасни од алтернативните транспортни технологии. Возилата кои ќе црпат енергија „закачени“ на мрежата ќе станат реалност за неколку години. Масовното ширење на електричните возила ќе има незначителен удар врз системскиот товар на електричната мрежа, поради тоа што македонските системи се во заедничка електроенергетска синхрона зона со ЕУ земјите, а тоа исто ќе овозможи развој и на паметни мрежи.

Битно е сите идни влади на Македонија да се обврзат на цели. Имено, промовирање на електричните возила, развојни програми за истражување и развој и содавање политики имајќи ги во предвид мноштвото субјекти и гласови од нашето општество. Електричните возила допираат повеќе дисциплини како урбанизација и транспорт, антропологија, урбана архитектура, напредното инженерство, итн. Според тоа, гледајќи кон културата како целина, со директна вклученост на едукативните и факултетските автономни зони.

Електромобилноста силно ја промовира науката, но двигателот не се електричните возила сами по себе, туку, се работи за трансформација на урбаните средини во целина со посебни аспекти за трансформирањето на урбаната архитектутра и промена на архитектонскиот пејзаж на градовите, на доста места радикално различен од тоа што го сведочиме денес.

Потенцирам од потребата да се креираат и хармонизираат државни политики за промовирање на социјален и економски прогрес, правда и подобрување на човековата состојба, базирано на партиципација на сите страни во оваа нова област со што ќе се зајакнат капацитетите на сите наши граѓани за регенеративно живеење. Социјална правда, наместо антагонизирање и поттикнување на класните разлики во општеството како во последните дваесетина години.

Партиципацијата да биде обезбедена од почетните стадиуми до имплементација со прогресивни стопирања, со проверки и баланс (check and balance), со цел создавање на правилни проценки во смисла дали сме на правата патека за да се обезбеди добробитта на нашето општество, преку обезбедување економски, социјални, културни и правни рамки со цел граѓанството во Македонија да има регенеративност на повеќе нивоа.

Доменот на електричните возила да премине во самоорганизирана прогресивна размреженост, за граѓаните да имаат мноштво можности и да се развиваат според достапните ресурси.

Електромобилноста сама по себе стимулира партнерства на сите нивоа во Македонија. Сакаме технологија и информации достапни за сите граѓани. Сакаме партиципација од сите страни, но особено битно, вклучување на граѓани директно во процесот на одлучување на ниво на регулаторни тела, општински совети и зони со одлучувачка моќ, каде се креираат политики и сакаме да видиме и поради тоа очекуваме соодветен одговор за потребите на иднината од секоја идна влада на Македонија. Сметам дека без сите можни форми на партнерства меѓу граѓани организирани во формални, но особено битно во неформални групи низ општините, овие цели се мошне тешко остварливи.

Особено внимание треба да се даде за потребите на ранливите групи со посебни и специјални потреби, со теоретска рамка за потенцијални истражувања и развој, поради можноста која ја носат во себе новите технологии.

Истражувањата и развојот во рамки на универзитетите, попрецизно во факултетските институти, очекуваме дека ќе работат со вклученост и на волонтери, студенти, иноватори, активисти, инженери истражувачи. Потребни се насочени мултидисциплинарни студиски програми поддржани во рамки на спектарот на мерки со овозможување директно и силно, вбризгување ресурси и пари во изгубената дисциплина на државни стипендирања со бројни магистратури и докторати од областа и директна поддршка за студентска размена со универзитетски центри и пракси во индустријата за електрични возила преку јавни конкурси.

Имајќи го во предвид наративот како и контекстот во Македонија, сметам дека е потребно креирање на:

  • Државна стратегија за електрификација на транспортот која ќе се надградува на секои пет години, во која ќе се постават темелите на стандардизацијата, во која ќе биде дефинирана динамика за инвестирање во државна полначка инфраструктура со државно субвенционирање до масовно ширење на електрични возила во сите рангови и on road и off road, при што ќе се планира ре-електрификација на урбаните центри со креирање мрежи во мрежи за проектирање трамвајски и/или тролејбуски системи и комплетна електрична интерконекција помеѓу урбаните средини со шински електрични возила за Македонски Железници, едукација на сите нивоа, мултидисиплинарни студии, субвенционирање на македонско производство на електрични возила и апарати за инфраструктура; подготвувани со темелна научна поддршка во секој стадиум и бројни студии.

 

Кирил Минанов