Главни фактори за (не)усвојувањето на електричните возила во Македонија и регионот

Во последните неколку години од оваа декада доживуваме времиња на пробив и значителен напредок на вградени технологии во електричните возила во автомобилската индустрија. И покрај значително зголеменото производство на електрични возила, нивната распространетост на патишата во Македонија и регионот, доколку погледнеме детално, е многу ниска. Постои лепеза на фактори зошто е тоа така. 

Слика 1) Концепт на електрично возило од луксузна класа
Слика 1) Концепт на електрично возило од луксузна класа

Техничните карактеристики на електричните возила се едни од највлијателните кои можат максимално да придонесат кон усвојувањето на електричните возила. Неописливото забрзување кое се јавува заради високата ефикасност на процесот на преобразба на електричната енергија и ставање во погон на сите четири тркала, понатаму удобноста, целокупната електроника и процесорско водените апликативни функционалности се главни предности на електричните возила во споредба со моторните со внатрешно согорување. Од техничките карактерисктики можеби оној кој најмногу возбудува чуство на несигурност при набавувањето на електрично возило е возниот досег. Дали овие сомневања е потребено да бидат окарактеризирани како витални, го наоѓаме во моменталниот стадиум и равивањето на батериските технологии (Li-Ion). Во денешно време технологиојата на зачувување на енергија и нејзино празнење со цел на трансформација во електрична од хемиска е високо развиена. Воопшто не станува збор и не би требало да се јавува двоумење во доверливоста и способноста на оваа батериска технологија во обезбедувањето на електрична енергија за погон на електричното возило. Сепак, проблемот кој нас и толку не нѐ загрижува се димензиите поврзани со капацитетот на батеријата и нејзината тежина. Овие два параметра се од суштинско значење за производителите на електричните возила која влијае на изведбата на моделот и со него поврзаните трошоци кои се пак наша грижа како потенцијални купувачи. Моментално, литиум-јонската батериската технологија во солидна квалитетна изведба гарантира возен досег од 500 [km] кој што е сосема задоволив за купувачите. Зошто е задоволив е во одговорот што возачите на електрични возила во повеќе од 80 проценти дневно возат максимум до 100 [km].

Чуството на вознемиреност и несигрност кај потенцијалните купувачи на електрични возила се јавува во немањето на соодветна полначка инфраструктура, во нејзината доверливост која што би произлегла од деталната анализа на навиките на возење на возачите на електрични возила и во квалитеот на услугата на полнење т.е. во расположливоста на времето наменето за полнење на батеријата на електрчното возило при подологи патувања. Истотака, густината на распределеност на полначките станици како и нивната расположливост во момент на потреба за полнење, се директни причинители за несигурност при одлука за купување.

Но, најголем фактор што ги обесхрабрува потенцијалните купувачи на електрични возила е иницијалната вредност на трошокот за купување на електричното воизло. Моделите кои што големите производители на електричните возила ги нудат на пазарот во регионот се со цени кои се екстремно високи во споредба со просечната плата на граѓаните во државите во регионот. Тоа имплицитно кажува дека не повеќе од 10 проценти од граѓаните во Македонија не можат да си дозволат оваков „луксуз“ за транспорт. Го вклучуваме и фактот дека Македонија, па и сите држави во регионот искажуваат иницијатива за финансиска поддршка при купувањето.

Демографските фактори се исто така помеѓу најважните. Тука спаѓаат возраста, полот, степен на образовние, интересите, редовност на паричните примања и изборот на професија. Фокусна група на овие простории се средно-млади образовани машки купувачи кои се солидно потковани со познавања од техниката и се големи ентузијасти на науката. Кон донесувањето на конечната одлука за купување на електрично возило е и во голема мера влијанието на семејството. Честопати заради задржувањето на традиционалноста и обичаите, семејството има голема улога при донесувањето на одлуките. Тука спаѓа и вкупниот број на возила што се во сопственост на семејството, колку од членовите од семејството знаат и имаат дозвола за да возат, изведливоста на приклучокот за полнење итн. Можат да се јават и тесни полемики за сопственоста на електричното возило во кругот на семејството.

На овие простори, од социјален аспект, важен фактор за поголемата популарност на електричните возила е и уникатноста на превозното средство за транспорт која ѝ додава на одредената индивидуа белег во општеството за направениот превозен избор. Во овој случај, електричните возила земаат голем замав.

Фактори за заштита на средината и намалување на емисиите на штетни гасови во атмосферата се важни, но не фундаментални фактори кои купувачите во регионот би ги земале во обзир при набавката на електрично возило. Совестноста и барањето на зелена алтернатива при превозот се гледаат преку призмата на трошоците.

За крај, за поздравување се охрабрувачките обиди на владите низ државите во регионот за усвојување на политики како и други прилагодувања на законите и стратегии со цел поагресивно усвојување на електричните возила. Но, за тоа е потребно време.

Сретен Давидов, маг. инж. ел.
Факултет за Електротехника при Универзитетот во Љубљана

(инфраструктура) На пат од Љубљана до Скопје со возило на Тесла?

Одговорот на ова прашање ќе го побараме во моменталната поставеност на полначката инфраструктура со суперполначите на Тесла, како и во возниот досег на моделите на возилата на производителот Тесла.

Возниот досег е еден од најголемите недостатоци на електричните возила. Највлијателни фактори кои го намалуваат возниот досег се пред сѐ: Стилот на возење на возачот на електричното возило, конфигурацијата и теренот на патиштата, брзината на движење, сообраќајот и климатизацијата во возилото која е условена од надворешната температура.

Полначката инфраструктура со суперполначите на Тесла е доволно распростанета низ Европа, а ширењето на мрежата се планира насекаде ширум светот. Интересна е ситуацијата во бившите југословенски простори, каде движењето со возило на Тесла е строго ограничено. Имено, во овој момент, полначката инфраструктура со суперполначи има во Словенија (Козина, Љубљана и Марибор) и Хрватска (Сењ и Сплит). Избраните локации можат да се видат на слика 1 и/или на линкот. Критериумите за избор на локациите не се предмет во овој текст. Моменталната полначка инфраструктура ја покрива целата територија на Словенија, а сопствениците на возилата на Тесла можат слободно да возат и по хрватското приморје. Трошокот за изминат километар на електричните автомобили е за една третина понизок од возилата со моторен погон, но затоа пак инвестицијата за купување на електрично возило е значително повисока.

Слика 1) Европска мапа на суперполначи на Тесла
Слика 1) Европска мапа на суперполначи на Тесла

Сепак планот за ширење на полначка инфраструктура во бившите југословенски простори е следна: Хрватска (Загреб, Оточац, Вргорац и Славонски Брод) до крајот на 2017, Босна и Херцеговина (Сарајево) до крајот на 2017, Србија (Белград, Позега и Јаловиќ Извор) до крајот на 2017 и Македонија (Скопје) во 2017.

Под претпоставка дека се возиме со модел на Тесла со литиум-јонска (Li-Ion) батерија од 100 [kWh], возниот досег во тој случај би бил 500 [km]. Земајќи ја конфигурацијата и теренот на патиштата, патот од Љубљана до Скопје, би бил условен со полнење на електричното возило во две точки до целната дестинација. Доколку електрично возило на Тесла е целосно наполнето во Љубљана, првото застанување би било во Словонски Брод, Хрватска. Со целосно полни батерии на оваа локација, наредна дестинација за полнење би била во Белград. Со возен досег од 500 [km] крајната дестинација во Скопје би била достигната.

Слика 2) Пат со возило Тесла од Љубљана до Скопје (инсталација на полнач до крај на 2017)
Слика 2) Од Љубљана до Скопје со Тесла (инсталација на суперполнач во Скопје до крај на 2017)

Со просечна брзина на движење од 110 [km/h] и две паузи за полнење на електричното возило од 25 [min] и под претпоставка дека суперполнaчите се директно расположливи т.е. не постои друго електрично возило кое се полни, во таков случај, крајната цел Град Скопје, би била достигната за дванаесет часа. Се претпоставува дека стилот на возење на возачот е во согласност со патните ограничувања на брзината, без нагли забрзувања итн. Друга претпоставка е дека климатизацијата во возилото е достапна за активација по потреба.

Сепак, сопствениците на електричните возила на Тесла е потребно да бидат трпеливи до крајот на 2017, за да тргнат на патувања во рамки на територијата на бившите југословенски простори.

Сретен Давидов, маг. инж. ел.
Факултетот за Електротехника при Универзитетот во Љубљана

Втора консултативна работилница за процесот на усогласување со Целите за одржлив развој

На 29 ноември 2016, во Хотел Континентал, Скопје, со почеток од 10 часот, ќе се одржи, Втора консултативна работилница за процесот на усогласување со „Целите за одржлив развој“, во организација на Владата на Република Македонија – Кабинет на Заменик претседател задолжен за економски прашања и Обединети Нации – Канцеларија на постојаниот координатор.

Главните стремежи на „Целите за одржлив развој“, сe да се стави крај на сиромаштијата, борба против нееднаквоста и справување со климатските промени до 2030 година.

Работилницата има за цел да овозможи претставниците на граѓанското општество, академската заедница и приватниот сектор да поразговараат за првичните наоди и да се договoрат околу приоритетите во справувањето со развојните предизвици во периодот до 2030 година.

Подетални информации во прилог: Покана и Концепт и агенда.

Иницијативи на Е-мобилност | Oпштини, државна управа, влада

Ви ги приложуваме доставените иницијативи поднесени од нашата организација до Општина Битола, Охрид, Куманово, Кочани, Центар, Штип, Струмица, Тетово, потоа до Град Скопје, до Министерството за економија, до Министерството за транспорт и врски и до Јавното претпријатие за државни патишта како и до Владата на Република Македонија, кои се однесуваат на субвенции за бесплатни паркинзи, бесплатни патарини, бесплатни регистрации и други поволности, како и детални предлози за субвенции на повеќе категории електрични возила и за преработки. Сите иницијативи се поднесени во 2015 година.

Иницијатива до Град Скопје
Иницијатива до Општина Центар
Иницијатива до Општина Штип
Иницијатива до Општина Охрид
Иницијатива до Општина Куманово
Иницијатива до Општина Кочани
Иницијатива до Општина Битола
Иницијатива до Општина Тетово
Иницијатива до Општина Струмица
Иницијатива за ослободување од плаќање патарини до Влада на РМ
Иницијатива – Предлог за субвенционирање при набавка на електрични возила и преработки
Известување од Министерство за економија
Известување од Влада на РМ – доставено до министерства и заменик министер на Влада
Известување за одлука од Општина Кочани
Известување Влада на РМ

Имаме остварено и десетици контакти без позначаен успех. За нашите иницијативи за жал сите претходно споменати институции беа целосно „глуви“ и неодговорни со исклучок на Општина Струмица која во целост ја прифати нашата идеја и иницијатива, од Општина Кочани единствено добивме одговор дека тоа што го предлагаме е прифатливо за нив, но немаме информација дека е операционализирано, а Општина Центар ја прифати идејата за бесплатно паркирање на сите отворени јавни паркиралишта со кои стопанисува јавното претпријатие, во паркинг секторот означен со знакот за хибридни и електрични возила со одлука на ниво на совет, но ваквата идеја ја претстави како сопствена без да го прифати фактот дека иницијативата беше на Е-мобилност со доставен документ до архива. Одговор добивме и од Владата, Министерствата за транспорт и Министерството за економија и Јавното претпријатие за државни патишта, но за жал без конкретна активност од нивна страна.

Организацијата за електрични возила Електромобилност Македонија во последните четири години организираше 3 работилници за инженерски кадри и ентузијасти (2013, 2014 и 2015; сите предавања тука), понатаму 2 меѓународни конференции за ел. возила (2013 и 2015), како и 3 едукативни настани за млади (2014, 2015 и 2016) и ЕКСПО за електрични возила, поднесовме иницијативи до институциите, блиску соработуваме со природно-научни и технички институти при Универзитетот во Скопје, одржуваме предавања и сме присутни на форуми, дебати и медими. Остварени се студиски посети кај сродни организации во Словенија, Бугарија, Шведска, Италија. Впрочем, порталот е организиран како отворена база од сите материјали кои ги генерираме и им припаѓа на сите заинтереирани за дисциплината. Финансирањето на Електромобилност е исклучиво од нашето членство.