Volkswagen e-up во Македонија

Порше Македонија го претстави Volkswagen e-up во Македонија! Од ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ им честитаме! Пренесуваме дел од атмосферата на промоцијата во просториите на компанијата.

e-up
e-up
e-up
e-up

Volkswagen e-up! е прво електрично возило на производителот од Волфсбург и да се надеваме дека ќе видиме метални реки од електричното возило секојдневно низ македонските патишта за неколку години. Според г-дин Муцунски, генерален менаџер на Порше Македонија, компанијата има долгорочен план за електромобилност кој започна со 5 електрични возила e-up! Според информациите набавката е за ПроКредит банка.

e-up
e-up
e-up
e-up

Се работи за возило кое во смисла на контрола и управување е исто како и секое друго возило на кое сме навикнати, што нема да претставува предизвик за да се совлада.

Освен цената на електричната енергија вклучувајќи субвенција, мотив за купување на електрично возило би била нула емисии на штетни гасови. Со четири седишта e-up делува симпатично и секси како градско ековозило, а според податоците за автономијата на возење со едно полнење од 160 километри, можеме да заклучиме дека со мали интервенции во полначката инфраструктура на главните магистрали низ Македонија би можеле да го возиме e-up и вон градските средини. Секако, полнењето може да се прави и во домашни услови според што e-up може и сега да се вози низ Македонија.

e-up
e-up

Карактеристики и перформанси: e-up има вртежен момент од 210 [Nm], што во класата на возилото, споредено со моторите за внатрешно согорување е и до 50 [Nm] повеќе и импресивен максимален број на вртежи од 12000 [rpm/min]. Volkswagen e-up! има електричен мотор од 60 [kW] или 82 [КС] и тежина 1.139 [kg]. Забрзува од 0 до 100 [km / h] за 12.4 [sec] и постигнува максимална брзина од 130 [km/h]. Батеријата е литиум – јонска со моќ од 18.7 [kWh] и 8 години гаранција, а при оптимални услови e-up би поминал приближно 160 километри.

AC/DC приклучок
AC/DC приклучок

За полнењето. E-up може да се полни и на АЦ и на ДЦ инфраструктура. Кога говориме за АЦ полнење тогаш има две можности, имено може да се полни со 2,3 [kW] на секој домашен електричен приклучок со 230 [V], како и на приклучок од 3,6 [kW] кој може да се инсталира дополнително во секој дом. А за да се употреби приклучок од 40 [kW] според информациите во спецификацијата, потребна е ДЦ станица за брзо полнење. Во случај со ДЦ полнење, батеријата се полни до 80% за помалку од 30 минути. Местото за полнење на батеријата е поставено на истото место како и кај стандардните модели, под поклопецот за гориво.

Според тоа што го имаме во Македонија како инфраструктура во овој момент e-up може да се полни со АЦ полначи поради достапноста во сите домови. За ДЦ но и за АЦ јавна полначка инфраструктура треба да се размислува за државна стратегија, но можеби ќе има и храбри поединци и компании кои ќе инвестираат за потребите на компаниите и флотите, а тоа го очекуваме од општествено одговорните македонски компании, кои за сега мудро и тактички не влегуваат во приказната, но тука сме да ги потсетиме дека е време да се покаже нешто. Такаречи, нешто мора да се направи во наредниот период од една до две години.

AC/DC приклучок
AC/DC приклучок

Уреднички коментар: за градско возење мотор од 60 [kW] e преснажно и доволен би бил електромотор од 20 [kW]. Вклучително на тоа, доколку батеријата од 18.7 [kWh] се преполови до 9.5 [kWh] со што и тежината на возилото ќе се намали и доколку се намали тежината и на други делови на возилото при иста аеродинамика, при што вкупната тежина би била помала за 300 [kg] и ако на тоа се додаде субвенција која секако ќе мора да дојде еден ден, цената на e-up би дошла од сегашните 25 илјади ЕУР, на редовни, нормални и разумни 10 илјади ЕУР каде што може да очекуваме масовно купување на овој тип на секси градски ѕверчиња.

Volkswagen e-up! е атрактивно возило, но непотребно е вложувано во дополнителни технологии кои му ја зголемуваат цената, но можеби таква е и стратегија која во иднина се надеваме ќе се промени, вклучително и со очекуваниот пад на цената на батериите од сегашните 700 долари до идни 200 до 250 долари по 1 [kWh] некаде меѓу 2018 и 2020 година.

Според информациите од производителот електричното возило може да помине 100 километри за 57 денари што на 1000 километри е еднакво на 570 денари, што ја покажува супериорноста во смисла на ефикасност на електромоторите (90% до 95%) во однос на моторите за внатрешно согорување (околу 35%) во иста класа и што го покажува клучниот мотив за купување на електрично возило како e-up.

Доколку се спореди колку електрична енергија ќе биде потрошена во животниот век на возилото од 10 години ако се возат во просек десет илјади километри и ако тоа се спореди со потрошената енергија доколку имаме мотор за внатрешно согорување за десет години по десет илјади километри, тогаш математиката е мошне интересена да се размисли. E-up ќе потроши приближно 100 ЕУР за електрична енергија на 10000 километри, а 1000 ЕУР за 100000 километри, а возило од иста класа со бензински или дизел мотор ќе потроши многу повеќе со што може да дојдеме до компензирачката цена зошто електричното возило чини повеќе во старт.

Потребно е да се мултиплицираат бројките за бројот на години по број на поминати километри по цена на гориво за двете варијанти и ќе дојдеме до правите бројки. Тоа не доведува до размислување дека иницијалната инвестицијата во електромобил е исплатлива, особено што и одржувањето е радикално поефтино на годишно ниво за разлика од алтернативните возила кои ги гледаме на улиците секојдневно. Потребно е и време за соџвакување на бројките. Уживајте додека пресметувате:)

Зар има возач/ка кој/а што размислува за трошоците за гориво и одржување на возилото во животниот век во моментот кога го купува возилото? Освестувањето доаѓа по направената елементарна математика во апроксимативен животен век.

e-up
e-up

Сепак, да не заборавиме да ги потсетиме побогатите компании и властите низ Македонија на општинско и централно ниво во флотите да вклучат барем едно ековозило ала e-up бидејќи повеќе не се работи за пи-ар стратегии, туку за одговорност кон општеството во целина. Според тоа поделбата би била на граѓанство и на поединците и/или групите со моќ на одлучување. Кај граѓанството клучна е цената и се разбира субвенциите, а кај групите со моќ на одлучување клучна е одговорноста. Процесот во таа смисла е почнат и очекуваме похрабра електрична влеча кон напред!

Браво за Volkswagen!

автор: Кирил Минанов

iMIEV во Македонија

Првото електрично возило пристигна во Македонија. Мак Аутостар и Митсубиши Моторс повлекуваат храбар чекор со промовирање на првото сериски произведено електрично возило во светот и промоција на iMiEV во Македонија. Од НВО Е-мобилност им честитаме! Официјалната промоција на iMIEV се одржа минатата недела на која како НВО Е-мобилност имавме можност да се запознаеме со карактерот на возилото и да го тестираме.

iMIEV
iMIEV

Во интерес на граѓанството и македонското општество е еко технологиите да бидат достапни и полека да се менуваат со алтернативните кои доминираат поради тоа што електричните возила нудат значително намалена бучава, намалено загадување на возухот и почвата, помали трошоци за одржување на возилото, евтина цена на изминат километар и низа други бенефиции.

iMIEV
iMIEV

За разлика од поголемиот дел на европски земји, во Македонија електричните и хибридните возила се вистинска реткост да се сретнат по улиците. Покрај непостоење на соодветна инфраструктура за полнење, најголемата препрека за набавка на овие типови на возила е цената, посебно имајќи во предвид дека во нашата држава сеуште не постојат субвенции за набавка ниту пак дополнителни бенефиции кои би ги мотивирале потенцијалните купувачи.

iMIEV
iMIEV

Искуство после возењето на iMIEV претставува посебно доживување и уживање. Начинот на возење не се разликува од останатите автомобили со автоматски менувач, што дава доверба без никакви проблеми да му пристапите и да почнете да уживате при првото возење. По кратка обука од неколку минути веќе сте спремни за возење на електричното возило. Впечатлив е првиот момент каде по стартувањето на возилото во првиот момент забележувате безвучност што дава дополнителен спокој и опуштеност. Додека го тестирав возилото низ скопските улици и по падините на Водно во неколку наврати бевме застанувани од страна на љубопитни возачи и граѓани кои ни поставуваа прашања како заинтересирани за секси возилото, прашања од типот: Дали ова е навистина возило кое се движи само на ел. енергија? Какво е чувството при возење? Колку километри може да измине со едно полнење?

iMIEV
iMIEV

Од НВО Електромобилност преку промоцијата како и сите останати настани кои ги организираме во изминатиот тригодишен период, испраќаме порака до државните институции и градските татковци да се почне процес на субвенционирање на електричните и хибридните возила од повеќе рангови како би можеле во скоро време да ги гледаме во поголем број низ нашите улици и сите да ги почувствуваме бенефитите од истите. Ваквата стимулативна пракса веќе подолго време се применува во поголем дел од европските држави, каде покрај воспоставената инфраструктура од полначи и директна финансиска поддршка на правните и физичките лица при набавка на електричните и хибридни возила, истите овозможуваат и дополнителни бенефиции како бесплатни паркинзи, бесплатни полнења на автомобилите, бесплатни патарини, нулта давачки при регистрација и многу други бенефиции и тој процес треба да почне и во Македонија.

iMIEV
iMIEV

Автор: Оливер Велковски

(настан) Ден на високото образование на УКИМ петок 8 мај 2015

На платото пред Филозофски факултет Скопје ќе се одржи Ден на високото образование на УКИМ како целодневен настан (10:00 до 17:00 часот) со претставување на универзитетските програми по одделни факултети, голем број на бендови и други интересни настани.

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ ќе земе учество како дел од програмата. Учесниците кои ќе дојдат на настанот (средношколци и студенти, други) ќе можат да возат електричен скутер. Повеќе информации за настанот на следниот ФБ линк.

Ден на високото образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Ден на високото образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

(настан) Програма на Автономна зона ден 14 | Дебата за електрични возила

На 24 февруари 2015 од 18 часот во Aвтономната зона на кампусот на во амфитеатарот на електромашински ќе се одржи дебата за електрични возила, според програмата за 14 ден од окупацијата:

11:00 – 12:00 – Локален Пленум

14:00 – 18:00 – Работилница за предмети од прва година (Математика 1, Калкулус 1, Програмирање, Електротехника 1, Физика 1)

18:00 – 19:30 – Кирил Минанов – Електромобилност – Дебата за електрични возила

20:00 – DJ Бодан

Ве покануваме да присуствувате особено во дебатниот дел кој би почнал 20 до 25 минути од почетокот на предавањето во амфитеатарот на кампусот на електромашински. Повеќе инфо за ден 14, од 24 февруари 2015 од сите автономни зони низ универзитетот: тука.

Пленум технички факултети
Пленум технички факултети