Шеви ВОЛТ

Шеви ВОЛТ
Шеви ВОЛТ

Џенерал Моторс работи на намалување на трошоците за производство на Шеви ВОЛТ до 10,000 долари по кола, ијави Дан Акерсон, ЦЕО на Шевролет. „Тоа е нашата цел“, изјавата е дадена на Зелениот Форум во Дан Поинт, Калифорнија.

Шеви ВОЛТ шасија
Шеви ВОЛТ шасија

„На секоја технологија и е потребно време за старт и забрзување, за да се достигне посакуваната цел.“

Шеви ВОЛТ шасија
Шеви ВОЛТ шасија

Шеви ВОЛТ во Америка се продава за 39,145 долари пред да и се додаде околу 7,500 долари такса. Во Детроит планираат до 2017 да имаат околу 500.000 Шевролет ВОЛТ по патиштата.

батериски пакет
батериски пакет

ВОЛТ може да вози 61 километар на батерии, по што ќе биде вклучен моторот на внатрешно согорување. Кога се зборува за намалување на трошоците, додава Акерман, сакаме да нагласиме дека тоа ќе биде без да се намалуваат елементи во плаг-ин хибридот.

полнење
полнење

Продажбата на Шеви ВОЛТ е во нагорен тренд до 8.4 проценти до 4,244 е-возила во Март, после ланското триплирање на продажбата кога се продадени 23,461. До 2015, Акерман вели, работиме на нова верзија на ВОЛТ.

Chevy VOLT
Chevy VOLT

Иднината е овде: електрични и хибридни возила во Онтарио!

Транспортните средства сеуште не се дизајнирани да летаат, барем за блиски дестинации како во научно-фантастичните филмови, но тоа што го имаме се електромобилите кои се реалност. Има и добри, а помалку лоши страни. Како и да е дали говориме за 10 или повеќе години, сепак ова и денес естварност. Анимацијата е производ на Научниот центар од Онтарио во соработка со Министерството за транспорт на Онтарио.

Но:

Што е плаг-ин хибридно возило?

Плаг-ин хибридните типови на возила (Plug-in-Hybrid electric vehicle – PHEV) работат на сличен начин како и хибридните возила (HEV), со тоа што за погон користат мотор со внатрешно согорување и еден или повеќе електрични мотори. За разлика од хибридните возила, плаг-ин хибридите најголемиот дел од  енергијата ја добива од електричниот мотор, кој има примарна улога при придвижувањето. Според името на возото, плаг-ин хибрид, за полнење на батериите се користи надворешен извор на електрична енергија со цел батериите да можат соодветно да бидат полни. Меѓутоа како што батериите се празнат во текот на возењето, моторот со внатрешно согорување има за цел во одреден момент да ја превземе работата, со што дополнително се обновува и состојбата со енергијата во батериите.

плаг-ин хибрид
плаг-ин хибрид

Кога ќе се испразнат батериите во целост, плаг-ин хибрид возилата се однесуваат како стандардни хибридни возила, односно моторот со внатрешно согорување ја превзема улогата на примарен извор на енергија.

Што е хибридно возило?

Хибридните возила (Hybrid Electric Vehicle – HEV) својата моќ ја добиваат од моторот со внатрешно согорување. Во согласност со потребите возилото може да добие дополнителна енергија од електричниот мотор. Енергијата потребна за работа на електричниот мотор често се генерира во движење, која што потоа се складира во батериите, поради што не е потребно полнење преку надворешни извори на енергија за да може да работи моторот. Електричниот мотор воедно функционира и како генератор која ја претвора енергијата добиена од регенеративното кочење и истата повторно ја складира во батериите.

хибрид
хибрид

Хибридните возила може да се возат како електрични на кратки далечини што е доста корисно во рамки на секојдневните урбани и кратки движења. За долгите патувања најголема улога сепак има моторот со внатрешно согорување.