Мисија

Дизајнирање на електромобилната иднина на Македонија!

Визија: идејата е да создадеме простор за иноватори и иницијатори, заинтересирани по техничка и граѓанска линија и да го водиме и развиваме концептот за електромобилната иднина на Македонија, од дискусии и форуми во кои ќе бидат вклучени универзитетите и институтите, преку автомобилската индустрија, електро-машинските компании како и компанииите кои се занимаваат со производство на електрична енергија во широк спектар, сè до политиката; можеме да ги организираме сите заинтересирани по разни линии и во разни проекти до целите, да направиме конкретни активности во насока на дизајнирање, проектирање, произвоство како и свесност, едукација, друго.

Програмата на Здружението произлегува од согледаната потреба од промовирање на електрични и други типови алтернативен транспорт од поширок интерес со цел намалување на емисиите на ЦО2 и создавање на поддршка за интеграцијата и соработка на македонската индустрија со истражувачките и образовни институции од Македонија и надвор од Македонија, од областа на правото, развојот, производството, одржувањето, транспортот, дистрибуцијата на енергијата, енергенсите, електричните, хибридните, плаг-ин хибридните, водородните и други возила. Целта на здружението ќе биде да и ја прикаже на јавноста позитивната слика за Е-мобилноста и сродните дејности и ќе го истакнува огромното општествено и персонално значење како урбан и модерен начин на формирање култура.

За постигнување на своите цели, Здружението предвидува месечни, периодични и годишни активности. Како месечни активности ќе се организираат стручни форуми, дебати и предавања и истите ќе бидат посветени не само на стручната, туку на целокупната јавност како отворени културно–образовни активности. Како периодични активности ќе се организираат семинари, симпозиуми, работилници и конкурси, како и екскурзии за едукација.

Годишните активности се предвидени како континуирана активност на организацијата со цел формирање на значајна меѓународна конференција за Е-мобилност која ќе ја има истата цел со самата организација и ќе биде препознатлива како простор за отворена комуникација на вклучените во Е-мобилноста со целата јавност.

Сите активности ќе бидат непосредни, отворени и едноставни како начин на комуникација на организацијата. Со цел одржување на Е-мобилната дејност и мисла во Македонија на високо ниво, организацијата ќе соработува со интернационални еквивалентни организации од ваков тип, како и со универзитети, компании и поединци афирмирани во оваа дејност како: AVERE, EEO, DEVS и други.

При остварување на своите активности Здружението ќе се стреми кон транспарентност во работата која ќе се обезбеди преку одржување на веб страна,  контакти со медиуми, издавање на брошури и други форми за информирање на јавноста и целните групи.

Според бројни студии, до 2020, 10 проценти од сите возила ќе бидат електромобили, а доколку се задржи тој тренд, до 2030, на патиштата и надвор од патиштата до 40 проценти од сите возила би можеле да бидат електромобили и хибридни возила со оглед на напредните технологии и иновации и генералниот правец на електромобилните индустрии. Поради трендот во Е-мобилноста, освен научни настани и семинари, тренинзи, итн. предлагаме:

УСВОЈУВАЊЕ НА

Стратегија за Е-мобилност Македонија

– Првиот чекор е усвојување на Декларација која ќе биде презентирана и усвоена на Меѓународната Конференцијата за Електромобилност која ќе се одржи на 27 Јуни 2013 каде што ќе формираме ФОРУМ кој ќе работи во наредните 6 месеци по конференцијата во чиј состав ќе влезат истакнати личности од областа со кои ќе го концептуализираме патоказот за дефинирање на Е-мобилност Македонија;

– Организацијата за електрични возила во соработка со Електротехничкиот и Машинскиот факултет, како и Финки, Технолошко-металуршкиот факултет, Институтот за напредни композити и роботика при Микросам како и институтите од техничките  сродни факултети од Природно-математичкиот факултет и Институтот за хемија и други заинтересирани факултети и институти, бара да се направи план за добивање на најефектниот комплет електромотор-батерии-контролери како патоказ за производство или поддршка за производство преку дизајнирање на елементите од електромобилот, во втор ред и производство на полначи, конвертори дц-дц ац-ац, исправувачи ац-дц инвертори дц-ац и варијанти со енергетска електроника итн., како и кабелска конфекција за еднонасочна и наизменична струја, шасија и останати делови за електромобили, тркала, склопки, стакла, внатрешност на електромобилите, комплетен најефективен сет за производство на електромобил; како и стандардизација. Потребно е да се направат мултидисциплинарни дипломски теми од различни нивоа на областа, магистратури и докторати. Бараме од владата да распише конкурс за акредитирани програми за обука на специјалисти за техничари и монтери на електрични возила, како и програми за размена со универзитети надвор од Македонија за студенти за додипломски и последипломски студии, како и докторски и последокторски студии; меѓу најинтересните за размена би биле производители на електромобили, хибридни и плаг-ин возила, но и автомото компаниите кои произведуваат специјализирани коли за трки, како и производителите на специјализирани делови за автоиндустријата, но и компаниите кои се занимаваат со производство на трактори, комбајни, производители на камиони за дистрибуција, како и авиоиндустријата.

– Бараме од ЗЕЛС да се потпише договор со нашата организација во којашто прецизно ќе се дефинира спроведување на пилот програми за зелени индустрии и транспорт. Во исто време потребно е да се разгледува регулативата која ќе ја олесни инсталацијата на пунктови за полнење за електромобилите. Според пилот проектот понатаму идејата би се ширела на клучните коридори север-југ, исток-запад кон соседните земји. Тука би можеле да помогнат ЕВН, ЕЛЕМ, Тето-исток, компаниите кои имаат бензински пумпи или мотели-хотели на патиштата каде иницијално би се инсталирале полначите, како и бизнис секторот во смисла на производство на делови од електроиндустријата (електромотори, контролери, батерии итн.).

– Бараме од бизнис секторот да формира група која би направила акционерско кооперативно друштво кое би дизајнирало и произведувало елементи за инфраструктурата на електромобилите како и делови за електрични возила, во која директно ќе биде вклучена невладината организација за електромобилност со свои експерти од Македонија и надвор од Македонија.

– Организацијата за електрични возила може да им помогне на заинтересираните компании кои се занимаваат со производство на делови за електромобилната индустрија, за да се основаат инкубатори за развој, како двигатели на компаниите за иновација и креативни решенија. Инкубаторите за развој ќе соработуваат со сите страни кои се заинтересирани.

– Припремената Декларација ќе ја испратиме до Претседателот, Премиерот, министрите и парламентарците, со која ќе укажеме на потребата да се усвои програма за електромобилност, а организацијата ќе биде спојка меѓу ентузијастите, инженерите и техничарите, науката и јавноста, со државата. Потребно е према тоа организирање на ентузијастите и инженерите во невладината организација ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, институтите и соодветните министерства кои ќе формираат совет кој ќе се состанува еднаш во 4 до 6 месеци.

– Потребно е да се стимулира купувањето на електромобили од различни рангови, е-точаци, е-скутери, е-мобили, е-трактори, е-дистрибутивни камиончиња, он и оф-роуд, итн. потребно е субвенционирање во изведба и дизајн, како и купување на електромобили од различен ранг, но долгорочно Македонија мора да се вклучи во производство на делови за електромобилната индустрија, но и електромобили.

– Потребна е декларација и усвојување на закони како и нивно имплементирање за одржлива мобилност во што директно може да помогне Е-мобилност.

– Стандардизацијата може да оди преку соодветните министерства во државата и преку обука на кадри на факултетите преку директна соработка со невладината организација. Потребно е следење на европските директиви, документи и политики, како и следење на стандардите од електромобилната индустрија во ЕУ и надвор од ЕУ.

– Овој тип на сложена програма со бројни варијанти и временски непознати може да се одвива под капа на државата Македонија со принципиелна партнерска директна помош од организацијата за Е-мобилност, при што ќе бидат синхронизирани сите процеси во науката, образованието, обуката, бизнисот, невладината организација, поединците, а крајната цел би била да се намали зависноста од фосилни горива и скапите енергенси, при што домашното производство на делови за електромобилната индустрија и електромобили како и еколошките критериуми и минимум отисок од цо2 ќе имаат предност пред уништувањето на ресурсите.

LinkedIn: Е-мобилност Македонија

LinkedIn профил: ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА

Facebook фанпејџ: Е-мобилност Македонија

Youtube канал (предавања+медиуми): ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА

……………………………………

 тимот:

LinkedIn: Минанов Кирил

LinkedIn: Оливер Велковски

LinkedIn: Виктор Донски

LinkedIn: Марјан Матевски

LinkedIn: Петре Ристески

FB: Миро Стојчевски

LinkedIn: Митко Толев

LinkedIn: Крум Георгиев

 LinkedIn: Елена Јаневска

 LinkedIn: Кирил Минанов

LinkedIn: Јован Цоклески

LinkedIn: Сашко Николовски

LinkedIn: Анета Смит Гулева

LinkedIn: Крумислав Барзов

LinkedIn: Кире Барбутов

LinkedIn: Антонио Димовски

LinkedIn: Виктор Хаџи Василев

LinkedIn:  Ivan Skrlec

FB: dr. Samo Božič

…………………………………..

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*