Волонтирај | Volunteer

ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е невладина организација регистрирана во Централен регистар на РМ во 2013 година од група на ентузијасти со технички бекграунд од кампусот на Електротехнички и Машински факултет. Формирањето на здружението произлегува од потребата за промовирање на алтернативен транспорт од поширок интерес со повеќенаменски цели, од намалување на емисиите на ЦО2 и создавање на поддршка за интеграција и соработка на македонската индустрија и бизнис секторот со истражувачките и образовни институции од Македонија од областа на правото, развојот, производството, трговијата, одржувањето и транспорт со електрични, хибридни и други електромоторни возила па до дистрибуцијата на енергијата, енергенсите, енергетската ефикасност и друго. Организацијата ќе соработува со бизнис секторот во Македонија, особено со компаниите од автомобилската индустријата, компании од електро-машинството во широк опсег, но и со интернационални еквивалентни организации од ваков тип со цел вмрежување, споделување на трендовите и праксите, но исто и со универзитети и поединци афирмирани во дејноста. Потребна ни е снажна поддршка од ентузијасти и поради тоа те повикуваме да се вклучиш, да работиме заедно!

тука -> info@elektromobilnost.mk

🙂

Be Sociable, Share!