Индекс за квалитет на воздух

Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот.

Овој индекс за квалитет на воздух е развиен преку Заеднички информации за воздух во Европа (CITEAIR) проекти финансирани од Европската унија (http://www.airqualitynow.eu/index.php)

CITEAIR
CITEAIR

Концентрациите се во μg/m3 освен за CO каде што се во mg/m3

Опис на загадувачки сустанци | Јаглерод моноксид | CO

CO е безбоен, отровен гас без мирис и вкус. На глобално ниво е проценето дека 80% од јаглерод моноксидот присутен во атмосферата потекнува од природни извори. Природата е способна да го спречи зголемувањето на концентрацијата на CO во атмосферата, бидејќи бактериите во почвата го претвораат во CO2.

Останатите 20% произлегуваат од човековите активности како што се нецелосно согорување на горивата базирани на јагле

Опис на загадувачки супстанци | Сулфур диоксид | SO2

SO2 е задушлив гас со остар мирис, кој се формира со согорување на материјали кои содржат сулфур. Тој претставува гас кој, при вообичаени концентрации на амбиентниот воздух, може да реагира со влажноста во воздухот формирајќи сулфурна киселина. При согорување на гориво кое содржи сулфур, сулфурот оксидира во SO2 дополнително реагирајќи со останатите загадувачки сусптанции, на тој начин создавајќи аеросоли. Во течна форма може да се најде во облаците, маглата, дождот, аеросолите и на површината на честичките. SO2 исто така е и главен прекурзор на PM2.5. Сулфур диоксидот воглавно се формира со согорување на јаглен, особено во инсталациите за производство на електрична енергија. Оваа загадувачка супстанција се ослободува при индустриски процеси во топилници, рафинерии на нафта, индустрии за преработка на хартија и целуцоза, индустријата за метали како и во транспортот.

Високи концентрации на оваа загадувачка супстанција, во вид на кисели дождови, им пречат на популацииите и јатата риби во реките и езерата и имаат лошо влијание на почвата во шумите. Исто така предизвикува големи штети на екосистемите, вклучувајќи и деградација на хлорофилот, намалување на фотосинтезата и на промени во метаболизмот на протеините. Таложењето на загадувачките супстанции од емисиите на сулфур диоксид, предизвикуваат закиселување на почвата и водите и губиток на биодиверзитетот, многу често на места на огромна оддалеченост од оригиналната емисија.

Опис на загадувачки супстанци | Суспендирани честички | PM10

Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број на извори, како на пример издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дворовите и шумските пожари. Емитираните честички, исто така, со помош на воздушните струи може да се пренесат стотици километри од изворот на емисија. Концентрациите на PM10 во градовите во целата држава, особено во зимскиот период, постојано ги надминуваат граничните вредности за заштита на човековото здравје. Ова зголемување на концентрациите на честичките очигледно е предизвикано од различни типови на извори на емисија заедно со непогодните меторолошки услови.

Сепак, издувните гасови од сообраќајот и согорувањата од домаќинствата се меѓу најважните придонесувачи, иако и другите загадувачи допринесуваат со свој процент.