(видео) Ветерни електрани Богданци | Информации

Во видеото се распоредени основните податоци, имено, инсталирана моќ на секоја ветерна-турбина, просек од 2 до 2.5 MW, вкупно 50 MW; средно годишно производство, според студиите, околу 125 [GWh], но да го заокружиме на 100 [GWh], поврзување со електроенергетскиот систем на 110 [кV] мрежа и 60 [MVA] трафо. Според информациите од ЕЛЕМ, вредноста на проектот е околу 55 милиони евра, од кои 40 проценти се средства на АД ЕЛЕМ, а 60 проценти се кредитна линија од страна на германската KFW банка.

Освен Богданци, постојат најмалку уште десетина позиции низ Македонија на кои ќе може да се инсталираат ветерни паркови.

Извор: АД ЕЛЕМ

(видео) Како функционира ветерна турбина?

3Д поглед од внатре на сите компоненти, разни типови на дизајни и распределба на деловите на функционирање на ветерна турбина-генератор, вклучително со разни шеми на конструкција, проектирање и изведба; како работат и што конкретно прават, a воедно согледување на разликите помеѓу разните модели и големини кои можеме да ги видиме на ветерните фарми околу големите градови како Берлин, Виена, Братислава и многу други европски градови, наскоро и во Богданци.

Извор: UVSAR

Направи сам | Супермала ветерница

Едно мошне интересно и брилијанто едноставно објаснето функционирање на микромала ветерница од точка на производство на енергија, во суштина недоволна за домашни потреби, но ако се направат комплет од триесетина исповрзани во серија со батерии и инвертери, тоа може и да направи некаква разлика; енергетските шеми и производството на енергија за домашна употреба ќе стане далеку поедноставно од тоа што го имаме денес, така што, интересот за блиската иднина би требало да е заеднички именител за широки комплекси од целни групи, видеото: