(настан) Електричен полигон 4

Традиционално Електромобилност Македонија преку настанот Електричен полигон по четвртти пат продолжува со едукација за основци и средношколци за електричните возила и нивното значење, како дел од глобалниот настан „Европска недела на мобилност“ кој оваа година се спроведува под мотото “Споделувањето те движи напред“.

Настанот ќе се одржи на 19 септември 2017 година (вторник) на кампусот технички факултети –  Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет, со почеток од 10:00 часот и ќе трае до 12:00 часот.

Електричниот полигон се спроведува во соработка со Секторот за заштита на животната средина и природата во рамки на Град Скопје а покрај волонтерите од Електромобилност Македонија ќе бидат вклучени средни и основни училишта од општина Карпош, ЈП Градски паркинзи и други поддржувачи.

Во рамки на настанот ќе има едукативна сесија за електричните возила преку која учениците ќе се запознаат со трендовите во мобилноста со осврт на свесноста за зачувување на животната средина, а воедно и одблизу да се запознаат со повеќе типови на електрични возила (електричен автомобил, електричен скутер, е-велосипед, мали електрични возила, полнач за електромобили, конвертирано електрично возило како и електричен картинг конструиран од страна на студенитете и професорите при ФЕИТ).

Ги покануваме сите вљубеници во новите технологии на мобилноста да бидат дел од овој едукативен настан, да се дружиме со електричните возила, да ја подигнеме јавната свест и заеднички да придонесеме кон зашитата на животната средина и намалување на загадувањето. Сите сопственици и љубители на електрични возила се охрабрени и добредојдени.

На следниот линк може да го превземете флаерот подготвен за настанот Електричен полигон 4: Electric polygon 4 – 09.2017 Flaer

Подолу може да ги видите сликите од овогодинешниот настан.

Сите фотографии можете да ги видите на вашата и наша ФБ страна за електрични возила.

Им благодариме на сите кои беа дел од настанот!

Што е електрично возило?

Електрично возило  (Electric vehicle – EV) претставува возило кое се движи со помош на еден или повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија складирана во батерии или друг уред за складирање на енергија. Електромоторите овозможуваат моментален вртеж на електричните автомобили, со што создаваат силно и рамномерно забрзување.  Електрични возила  може да бидат автомобил, комбе, камион, мотор, скутер и сите други можни транспортни возила.

Електрично возило - Електромобил
Електрично возило – Електромобил

Батериите на електричните возила може да се полнат при вклучување во специјализирани уреди за полнење кои што може да бидат инсталирани во домашни услови, пред деловните објекти, на јавни паркинзи и катни гаражи, односно секаде каде за тоа има соодветни услови.

Електрично чудовиште: Mercedes-Benz SLS AMG

Чудовиште! Што друго да се каже за машина која има 551 kW или 740 коњски сили поделена во 4 електромотори со вкупно 999 Њутн метри и вртежен момент од 738 либри на фит, со што од 0-100 km/h стигнува за 3.9 секунди, со највисока брзина од 249 km/h со што и практично покажа дека е помоќен од 6.2 литарскиот V8 во „регуларниот“ SLS AMG. Со оваа машина уште еднаш се покажува супериорноста на електромоторите! Цената е страшна! 416.500 еура. Се работи за машина со 4 синхрони електромотори.

Тестот може да го погледате на видеото. Специјалистот Крис Херис го тестира ова неверојатно инженерско остварување:

Со sQuba и на копно и на вода, но и под вода

sQuba е првиот автомобил кој може подеднакво да се вози и на копно, на вода, но и под вода.

sQuba
sQuba

Оригиналната идеја потекнува од 1977 Џејмс Бонд филм – The spy who loved me. sQuba може да достигне брзина 120km/h на копно, 6km/h по површината и 3km/h под вода. Ентериерот на возилото е отпорен на вода и сол, така што може да се вози по океанот. sQuba прв пат е презентиран пред пошироката јавност во Март 2008. Има три електромотра, од кои еден за патување на копно, а другите два за на вода. Работи со литиум-јонски батериски пакет кој се прополнува.

sQuba
sQuba

Извор: welldonestuff.com