(видео) Сименсовата SGT-750 гасна турбина

Врвен дизајн, технологија и инженерство на гасна турбина, поглед од внатре во процесот за производство на електрична и топлинска енергија.

SGT-750 e 36 MW ниско-тежинска индустриска гасна турбина дизајнирана и развиена да ги вметне во себе сите придобивки од долгогодишното искуство на Сименс со своите коминтенти со аеродеривативната гасна турбина која во исто време е и флексибилна и долготрајна споредена со своите претходни варијанти. Материјалите се подобрени, како и компонентите и принципите кои ги воделе инженерите кон овој брилијантен дизајн за овој тип гасна турбина. Машината може да се користи за производство на електрична и топлинска енергија како и за механичка работа во индустриски постројки и/или когенеративна гасна турбина.

Моќ 35.93 MW(e) – Мегавати електрични
Енергенс Природен гас
Фреквенција 50/60 Hz
Електрична ефикасност
38.7 %
Топлинска стапка
9,296kJ/kWh (8,811 Btu/kWh)
Брзина на турбина
6,100 rpm
Притисок на компресија 23.8:1
Проток на издувни гасови 113.3 kg/s (249.8 lb/s)
Температура на издувните гасови
462° C (864° F)
NOx емисии (со DLE, корегирано до 15 % сув O2) ≤ 15ppmV
Механичка моќ 37.11 MW (49,765 bhp – brake horse power) – Мегавати (коњски сили при кочење)
Енергенс Природен гас
Ефикасност 40.0 %
Топлинска стапка
9,002 kJ/kWh (6,362Btu/bhph)
Брзина на турбина 3050-6405 rpm
Компресија на притисок
23.8:1
Проток на издувни гасови 113.3 kg/s (249.8 lb/s)
Температура 462° C (864° F)
NOx емисии (со DLE, корегирано до 15 % сув O2) ≤ 15ppmV

брошура за SGT-750 36 MW

брошурa за гасните турбини на Сименс во ранг од 5 MW до 50 MW SGT-100 SGT-200 SGT-300 SGT-400 SGT-500 SGT-600 SGT-700 SGT-750 SGT-800 

Извор: siemens.com

Сименсовиот проект eCorner

Иако автомобилските индустрии и компании повеќе личат на маркетинг агенции, сепак некои идеи вредат да се погледнат одблиску, тоа е таканаречената суспензија во секое поединечно тркало од колата (in-wheel suspension).

Инженерите на Сименс и инженерите на VDO веќе подолг период работат на интеграција на контролата на воланот, амортизацијата, сопирачките и погонот (drivetrain) директно во траклото на возилото, поточно така нареченото in-wheel.

Концептот наречен eCorner е база за еколошките (Drive-by-Wire) автомобили, поточно електромобили, кои според футуристите би требало да бидат вообичаена работа во наредните 10 до 15 години. eCorner ја менува конвенционалната суспензија со хидраулични шок абсорбери, механичкото управување-волан, хидраулични кочници и повеќе од тоа, ја менува идејата за конвенционалните мотори со внатрешно согорување. Практично, целта е сите компоненти кои се распоредени под хаубата и во тркалата и на разни други делови од колата да се вградат во самото тркалото или тоа што се вели, in-wheel suspension.

За сопствениците на возилата ова ќе значи далеку помала потрошувачка, повеќе сугурност и поголема удобност или ако сакате погодност. eCorner ќе им овозможи на дизајнерите поголема слобода да ги креираат футуристичките концепти на коли со супериорна електроника и електрично управување кое можеме да го видиме во научно-фантастичните филмови.