Соларен авион го надлетува Сан Франциско

Импулс солар
Импулс солар

Според вградените елементи (панели, батерии, електроника, мотори итн.) се смета за најнапреден соларен авион, кодно имануван Соларен имплус;  двочасовниот лет е припрема за подолгиот лет кој соларниот авион ќе го има во мај над планинските масиви на Америка. Според планот, авионот ќе „одмори“ во Феникс, Далас, Вашингтон и Њу Јорк и најверојатно ќе биде додадена и петта дестинација и тоа, Атланта, Нешвил или Сент Луис.

Андре Боршберг, еден од главните луѓе во развојниот дел на авионот, воедно и пилот, смета дека леталото ќе биде способно да го прелета светот за околу два дена во континуиран лет.

„Соларниот импулс“ има 12,000 фотоволтаици кои ги покриваат масивните крилја и ги полнат батериите, со што се овозможува деноноќно летање без „регуларно“ авионско гориво. Широчината на крилјата е слична како за комерцијален авион, но тежината е како просечна фамилијарна кола. При лошо време е доста сензитивен на оштетувања.

Според креаторите на соларниот авион, идејата е да се покаже потенцијалот на соларната енергија која за сега тешко ќе може да ја замени класичната форма на авионите со специфични тешки горива и барем за сега соларниот авион има лимитирана брзина од 40 милји на час и при лошо време и густи облаци и бури тешко може да го оддржи структурниот интегритет на леталото.

Solar impulse
Solar impulse

Извор: telegraph.co.uk

Најголемиот соларен електроброд – Катамеран

Најголемиот брод напојуван со соларна енергија го направи првото крстарење околу светот поминувајќи 60.000 километри. 60 тонскиот Катамеран кој е долг 31, а широк 15 метра, може да обезбеди околу 103,4 kW соларна енергија за напојување на моторот, кому реално се доволни 20 kW за да постигне просечна брзина од 8 чвора или 9 милји на час, поточно 15 километри на час; сепак може да „плива” и двапати побрзо.

Катамеранот на градилиште
Катамеранот на градилиште

За да се постигне комплетна ефикасност на фотоволтаиците, сите панели се продолжени до рабовите на бродот. Цената е фрапантна, имено 18 милони евра. Бродот е граден во Киел, Северна Германија и е изграден и пуштен да плови 14 месеци по изградбата.

Катамеранот абсорбира соларна енергија и вози
Катамеранот абсорбира соларна енергија и вози

Компанијата SunPower обезбеди околу 38000 „црни“ фотоволтаични келии кои имаат ефикасност од околу 22%, за кои во компанијата сметаат дека се најефикасни во светски рамки во сериско производство.

Круг околу светот со Катамеран
Круг околу светот со Катамеран

Проектот е конципиран од Рафаел Домјан, граѓанин на Швајцарија, кој заедно со Жерар де Абовил го направија првото патување со соларен брод околу светот.  Нивното патување заврши на 4 Мај 2012.

Сепак, да не заборавиме дека првите освојувања на континентите се направени со бродови; исто така забораваме колку „чисти“ или ЦО2 нула можат да бидат тие патувања. Денес, бродовите иако се најбитниот начин за транспорт на стоки, тие допринесуваат со околу 6% од загадувањето на околината со ЦО2 или во бројка, 1,4 милијарди тони ЦО2.

Извор: interestingengineering.com

Oбновливи извори на енергија на Р. Македонија | Хидроенергија

Според Директивата 2009/38/EC од Европскиот парламент, за промоција на користењето на енергија од обновливи извори на енергија, во обновливи извори на енергија спаѓаат: енергија од ветер, соларна енергија, геотермална енергија, енергија на брановите, енергија на плима и осека, хидроенергија, биомаса, депониски гас, гас од постројките за третман на отпадна вода и биогасови.

Според директивата 2001/77/EC на Европскиот парламент, се поставува индикативно учество на електричната енергија, произведена од обновливи извори на енергија од 21% во вкупната потрошувачка на електрична енергија на Европските земји до 2010година.

Во Република Македонија, ОИЕ учествуваат со 14.9% (до 2005год), од вкупната произведена енергија.

Според составот, најголем дел од ОИЕ отпаѓа на хидроенергијата, којашто се користи за добивање на електрична енергија, потоа биомасата за добивање на топлина во домаќинствата, геотермалната енергија, пред се за затоплување на оранжерии и во многу мал дел соларната енергија, за добивање на топла вода во домаќинствата како и биогоривата.

Обновливи извори на енергија во МК
Обновливи извори на енергија во МК

Производството од ОИЕ до 2005година, во Р.Македонија изнесува 3301GWh. Во вкупниот износ, учество имаат следните видови на енергија:

– Биомаса со 53% или 1756 GWh

– Хидроенергија со 44% или 1440 GWh

– Геотермална со 3% или 105 GWh

– Соларна енергија (неевидентирана) околу 0.2%

Од овие податоци се гледа дека во вкупното производство на електрична енергија, најголем дел отпаѓа на хидроенергијата. Таа претставува и втор извор по значење во нашата држава, после енергијата добиена од термоцентралите.

Според најновите дефиниции, за обновливи извори на енергија се сметаат и малите и големите хидроцентрали

Најголемиот воден потенцијал за искористување на хидроенергијата се наоѓа во Западна Македонија. Токму овде се лоцирани и најголемите хидроелектрани. Но, за жал хидропотенцијалот е искористен само 26% од вкупните технички можности во државата. Во Македонија постојат 9 големи хидроцентрали (над 10 MW) со вкупна инсталира моќност од 559.8MW и годишно производство од околу 1392 GWh.

Исто така, изградени се и 13 мали хидроцентрали (под 10MW) со вкупна инсталира моќност од 27.2 MW и годишно производство од околу 76 GWh.

Од тука може да се заклучи дека вкупната инсталирана моќност на хидроцентралите во Македонија изнесува  587 MW , а годишно од нив се добиваат околу 1468 GWh.

Според идните планови и стратегијата за развој, се планира изградба на повеќе големи и мали хидроелектрани. Во првата фаза планирана е изградба на неколку поголеми хидроцентрали: Бошков мост (68.2MW) на реката Радика, Чебрен (333MW) на Црна река, Галиште(193.5MW) на Црна река итн.

Еден од поамбициозните проекти е изградбата на 10 ХЕ по течението на реката Вардар. Но, овој проект е условен со преместувањето на железничката пруга, којашто минува низ вардарската долина. Според тоа реализацијата на овој проект се очекува да биде после 2020 година.

Во Македонија постојат околу 400 локации, коишто се погодни за изградба на мали хидроцентрали. Досега мал дел од овие локации е даден под концесија на заинтересирани фирми, а се очекува во блиска иднина интересот за овие централи да се зголеми.

Во следните 5-10 години, планирана е изградба на хидроелектрани со вкупен инсталиран капацитет од 1035.5MW и вкупно годишно производство од околу 2471GWh. Тоа значи, дека доколку се реализираат овие планови, вкупното производство на електрична енергија од хидроелектраните би се зголемило скоро за три пати и би изнесувало околу 4000GWh.

 М-р Виктор Донски, дипл.ел.инж.