Безжично полнење за Приус

Тојота започна со тестирање на безжичен/индуктивен систем во Јапонија, Европа и Америка, во 2014. Системот е тестиран со корисниците на Приус кои во суштина би сакале да имаат полесен начин со кој би им се штедело и времето.

Се работи за систем кој е познат во електротехниката, имено на тој начин функционираат трансформаторите и трансферот на магнетната енергија, како безжичен/индуктивен трансфер со што ќе имаме систем достапен за масовна употреба. Батериите ќе се полнат преку резонанца меѓу подните намотки и намотките на магнетите во колата.

принципиелна слика на безжичен трансфер на магнетна енергија
принципиелна слика на безжичен трансфер на магнетна енергија

Од Нисан потврдија дека системот ќе функционира како open source wireless induction charging system како и тоа дека барем 5 модели на електрични возила од Нисан ќе го користат системот.

Како и со битките за стандарди помеѓу CHAdeMo, SAE J1772 и стандардите за полнење на Тесла Моторс и ова ќе биде битка за наметнување на стандард. Прашање кое се наметнува е, кога Тесла ќе го најави системот за безжично полнење за рутите кои ги развиваат со суперполначите низ Америка и Европа?

извор: electric-vehiclenews.com

Тојота обелодени е-возило од бамбус | Toyota Me.We

Toyota Me.WeКако своевидна анти-кризна кола, новото симпатично концепт количе на батерии на Тојота, ако ништо друго е визионерско. Развиено со француски дизајнер, Жан Мари Масуд, новото Toyota Me.We е со идеја да се премостат сегашните економски, хумани и еклошки предизвици со кои е соочен денешниот транспорт. Овој супермини концепт е еден вид анти-стрес возило кое е фокусирано на минимален дизајн со користење на лимитиран ресурси и користење на обновливи алтернативи. Слично како и iQ EV со 3, 4 метра се работи за in-wheel електрично возило кое имаше свое деби во Женева. Адаптабилно, мало, симпатично, Toyota Me.We во Тојота велат дека моделот може да се користи како пик-ап, оф-роуд количе, мала урбана кола, така-речи сето тоа во едно. Има литиум-јонски батерии, кои се во подот на возилото. Телото на количето има место за четворица, иако задниот дел може да се склопи и да направи простор за повеќе карго.

iQ EV видео:

Во сегашното смартфон време, лошо е да се дуплира технологијата и во кола, така што дизајнерот Масуд има визија, смартфоновите да бидат вметнати во самото возило каде што преку интерфејс со колата ќе бидат разменувани сите битни информации како брзина, полнење-празнење на батериите, информација за должината на патот, џи-пи-ес инфо, температура во колата и разни други работи кои би можеле да си ги замислите.

Toyota Me.We
Toyota Me.We

Конструкцијаta e од бамбус. Телото на количето е направено од микс на алуминиум и полипропиленски панели, при што колата тежи околу 750 килограми, што е во просек 20 проценти помалку од челичниот супермини. Панелите на телото можат да се рециклираат во целост и тежат околу 14 килограми. Бамбусот е користен за подот, а е искористен како обновлив ресурс, но и естетски e симпатичен. Благодарение на in-wheel системот, колата може да функционира на две или четири тркала во зависност од потребите. Греење-ладење системот работи со воздушна пумпа која не конзумира многу енергија за да се намали потрошувачката генерално.

Toyota Me.We
Toyota Me.We

Новиот концепт Me.We ќе биде презентиран на Шанзелизе во Париз.

Извор: thegreencarwebsite.co.uk