Електрична ФОРД Фиеста

Електрична ФОРД Фиеста
Електрична ФОРД Фиеста

Германската команија Schaeffler има решение за електрично возило кое ќе им се допадне на купувачите.

Компанијата успешно конвертирала Ford Fiesta во електрично возило со заден погон со користење на мотор вграден во самите тракала (wheel hub motor), кој ја менува динамиката на возење на Форд-от. Можеби конверзијата на возила со ОТО мотор или мотор со внатрешно согорување во електрично возило е вистинскиот модел кој треба да се поддржи.

wheel hub motor
wheel hub motor – мотор вграден во тркало

Проектот е со директна партнерска поддршка на Форд, иако тоа сеуште не е дел од програмата на Форд наречена Blue Oval, која помага на млади и талаентирани ентузијасти, студенти, иноватори, граѓани, да добијат грантови за своите идеи; се работи за „новороденче“ на Schaeffler. Фиеста, сама по себе е популарен суб-компакт кој користи мотор со внатрешно согорување за погон на предните тркала. Форд нема направено електрична верзија на Фиеста, но се ориентираше кон Focus Electric. 

wheel hub motor
wheel hub motor – мотор вграден во тркало

Извор: schaeffler.com

 

 

 

 

 

LG Chem ќе почне со произвоство на батерии во Мичиген

LG Chem
LG Chem

Јужнокорејската LG Chem ќе почне со производство на батерии за електромобили во Мичиген во втората половина од 2013. Компанијата се обидува да го обнови производството, иако побарувачката за електромобили не е на планираното ниво. Пробното производство ќе започне во Јули или Август, најави Ким Јонг-хјуин, одговорниот во одделот за батерии во LG Chem.

Американската влада одвои 150 милиони долари за финансирање на проекти за батерии, а LG Chem сама инвестира во фабрика во Мичиген за литиумско-јонски батерии вредна 304 милиони долари, со кои би снабдила околу 60.000 возила со батериски пакет, до крајот на 2013.

LG Chem обезбедува батерии за електромобилите на Шевролет – ВОЛТ и за електромобилот на Форд – Фокус Електрик од своите фабрички хали во Јужна Кореа.

Според инженерите во LG Chem, кога цените на електромобилите ќе се намалат, пазарот ќе се отвори и поголем број на електромобили ќе се возат по автострадите. Според нив, плаг-ин електричните возила имаат поголем потенцијал, отколку хибридите, бидејќи производителите потешко успеваат да се издвојат од конкуренцијата покрај строгите регулативи за помал ЦО2 отисок кои се повеќе се наметнуваат од регулаторните државни тела.

LG Chem обезбедуваат батерии и за Рено, но пазарот сеуште е лимитиран поради цените на електромобилите.

LG Chem која е дел од конголомератот LG Group произведуваа хемиски производи и обезбедува литум-јонски батерии за смартфон мобилните уреди за Apple и LG Electronics.