(видео) Три виртуелни турбини | Пелтонова | Францисова | Капланова

Видеото е мошне интересно и го постираме како сума на претходните три поста; го вклучуваме видеото на порталот, имено во 1 минута и 17 секунди е даден виртуелен приказ на трите најчесто користени хидро-турбини: Пелтонова, Францисова и Капланова, иако постојат и многу други турбини.

(видео) Францисова турбина | Хидроенергија

Францисовата турбина е тип на водна турбина развиена од Џејмс Б. Францис.

Се работи за реакциона турбина која комбинира радијални и аксијални концепти на проток на вода.

francis 3D
francis 3D
francis in real hydroplant
francis in real hydroplant

Извор: LearnEngineering

(видео) Пелтонова турбина | Хидроенергија

Пелтоновата турбина е импулсна турбина која е иновација на Лестер Алан Пелтон.

3Д дизајн:

pelton turbine 3D
pelton turbine 3D

Работниот флуид, најчесто вода, ја трансформира потенцијалната и кинетичка енергија преку осовина до генераторот за производство на ел. енергија.

pelton-turbine
pelton-turbine

Старите водени тркала се предвесник на модерните Пелтонови турбини!

Во видеото се спомнува поимот head, се работи за висина од која водата или друг вискозен флуид доаѓа до турбината.

vertical assembly of pelton turbine
vertical assembly of pelton turbine

Пелтоновата турбина е преферирана турбина во хидроелектраните поради своите карактеристики.

vertical pelton
vertical pelton

Извор: LearnEngineering

Oбновливи извори на енергија на Р. Македонија | Хидроенергија

Според Директивата 2009/38/EC од Европскиот парламент, за промоција на користењето на енергија од обновливи извори на енергија, во обновливи извори на енергија спаѓаат: енергија од ветер, соларна енергија, геотермална енергија, енергија на брановите, енергија на плима и осека, хидроенергија, биомаса, депониски гас, гас од постројките за третман на отпадна вода и биогасови.

Според директивата 2001/77/EC на Европскиот парламент, се поставува индикативно учество на електричната енергија, произведена од обновливи извори на енергија од 21% во вкупната потрошувачка на електрична енергија на Европските земји до 2010година.

Во Република Македонија, ОИЕ учествуваат со 14.9% (до 2005год), од вкупната произведена енергија.

Според составот, најголем дел од ОИЕ отпаѓа на хидроенергијата, којашто се користи за добивање на електрична енергија, потоа биомасата за добивање на топлина во домаќинствата, геотермалната енергија, пред се за затоплување на оранжерии и во многу мал дел соларната енергија, за добивање на топла вода во домаќинствата како и биогоривата.

Обновливи извори на енергија во МК
Обновливи извори на енергија во МК

Производството од ОИЕ до 2005година, во Р.Македонија изнесува 3301GWh. Во вкупниот износ, учество имаат следните видови на енергија:

– Биомаса со 53% или 1756 GWh

– Хидроенергија со 44% или 1440 GWh

– Геотермална со 3% или 105 GWh

– Соларна енергија (неевидентирана) околу 0.2%

Од овие податоци се гледа дека во вкупното производство на електрична енергија, најголем дел отпаѓа на хидроенергијата. Таа претставува и втор извор по значење во нашата држава, после енергијата добиена од термоцентралите.

Според најновите дефиниции, за обновливи извори на енергија се сметаат и малите и големите хидроцентрали

Најголемиот воден потенцијал за искористување на хидроенергијата се наоѓа во Западна Македонија. Токму овде се лоцирани и најголемите хидроелектрани. Но, за жал хидропотенцијалот е искористен само 26% од вкупните технички можности во државата. Во Македонија постојат 9 големи хидроцентрали (над 10 MW) со вкупна инсталира моќност од 559.8MW и годишно производство од околу 1392 GWh.

Исто така, изградени се и 13 мали хидроцентрали (под 10MW) со вкупна инсталира моќност од 27.2 MW и годишно производство од околу 76 GWh.

Од тука може да се заклучи дека вкупната инсталирана моќност на хидроцентралите во Македонија изнесува  587 MW , а годишно од нив се добиваат околу 1468 GWh.

Според идните планови и стратегијата за развој, се планира изградба на повеќе големи и мали хидроелектрани. Во првата фаза планирана е изградба на неколку поголеми хидроцентрали: Бошков мост (68.2MW) на реката Радика, Чебрен (333MW) на Црна река, Галиште(193.5MW) на Црна река итн.

Еден од поамбициозните проекти е изградбата на 10 ХЕ по течението на реката Вардар. Но, овој проект е условен со преместувањето на железничката пруга, којашто минува низ вардарската долина. Според тоа реализацијата на овој проект се очекува да биде после 2020 година.

Во Македонија постојат околу 400 локации, коишто се погодни за изградба на мали хидроцентрали. Досега мал дел од овие локации е даден под концесија на заинтересирани фирми, а се очекува во блиска иднина интересот за овие централи да се зголеми.

Во следните 5-10 години, планирана е изградба на хидроелектрани со вкупен инсталиран капацитет од 1035.5MW и вкупно годишно производство од околу 2471GWh. Тоа значи, дека доколку се реализираат овие планови, вкупното производство на електрична енергија од хидроелектраните би се зголемило скоро за три пати и би изнесувало околу 4000GWh.

 М-р Виктор Донски, дипл.ел.инж.