Шеви ВОЛТ

Шеви ВОЛТ
Шеви ВОЛТ

Џенерал Моторс работи на намалување на трошоците за производство на Шеви ВОЛТ до 10,000 долари по кола, ијави Дан Акерсон, ЦЕО на Шевролет. „Тоа е нашата цел“, изјавата е дадена на Зелениот Форум во Дан Поинт, Калифорнија.

Шеви ВОЛТ шасија
Шеви ВОЛТ шасија

„На секоја технологија и е потребно време за старт и забрзување, за да се достигне посакуваната цел.“

Шеви ВОЛТ шасија
Шеви ВОЛТ шасија

Шеви ВОЛТ во Америка се продава за 39,145 долари пред да и се додаде околу 7,500 долари такса. Во Детроит планираат до 2017 да имаат околу 500.000 Шевролет ВОЛТ по патиштата.

батериски пакет
батериски пакет

ВОЛТ може да вози 61 километар на батерии, по што ќе биде вклучен моторот на внатрешно согорување. Кога се зборува за намалување на трошоците, додава Акерман, сакаме да нагласиме дека тоа ќе биде без да се намалуваат елементи во плаг-ин хибридот.

полнење
полнење

Продажбата на Шеви ВОЛТ е во нагорен тренд до 8.4 проценти до 4,244 е-возила во Март, после ланското триплирање на продажбата кога се продадени 23,461. До 2015, Акерман вели, работиме на нова верзија на ВОЛТ.

Chevy VOLT
Chevy VOLT

LG Chem ќе почне со произвоство на батерии во Мичиген

LG Chem
LG Chem

Јужнокорејската LG Chem ќе почне со производство на батерии за електромобили во Мичиген во втората половина од 2013. Компанијата се обидува да го обнови производството, иако побарувачката за електромобили не е на планираното ниво. Пробното производство ќе започне во Јули или Август, најави Ким Јонг-хјуин, одговорниот во одделот за батерии во LG Chem.

Американската влада одвои 150 милиони долари за финансирање на проекти за батерии, а LG Chem сама инвестира во фабрика во Мичиген за литиумско-јонски батерии вредна 304 милиони долари, со кои би снабдила околу 60.000 возила со батериски пакет, до крајот на 2013.

LG Chem обезбедува батерии за електромобилите на Шевролет – ВОЛТ и за електромобилот на Форд – Фокус Електрик од своите фабрички хали во Јужна Кореа.

Според инженерите во LG Chem, кога цените на електромобилите ќе се намалат, пазарот ќе се отвори и поголем број на електромобили ќе се возат по автострадите. Според нив, плаг-ин електричните возила имаат поголем потенцијал, отколку хибридите, бидејќи производителите потешко успеваат да се издвојат од конкуренцијата покрај строгите регулативи за помал ЦО2 отисок кои се повеќе се наметнуваат од регулаторните државни тела.

LG Chem обезбедуваат батерии и за Рено, но пазарот сеуште е лимитиран поради цените на електромобилите.

LG Chem која е дел од конголомератот LG Group произведуваа хемиски производи и обезбедува литум-јонски батерии за смартфон мобилните уреди за Apple и LG Electronics.