Системот за индуктивно полнење на Тојота

Полнењето на електричните возила во иднина ќе се гледа како паркирање на возилото; системот ќе функционира автоматизирано. Технологија овозможува  полнење на батериите при самото оставање на возилото на паркинг со порамнување на намотките на магнетното коло од возилото со намотките на магнетите на паркингот. Со ова процесот ќе биде поедноставен, исклучувајќи ги каблите и конекторските склопки итн.

Системот, да повториме основи на електротехника трансмитира електрична енергија преку магнетна резонанца која се формира со промена на интензитетот на магнетното поле во намотките систем: возило-под. Поентата е да се намалат загубите кои би ги имале доколку тоа се прави со напонски кабли со доста висок во принцип еднонасочен напон.

Интерференцијата која би се случувала доколку системот не е во линија (намотки горе-долу) како и системите кои се во колата или на паркингот се исто така дел од дизајнерскиот концепт, имено да се намали електромагнетната интерференција. Уредот кој ќе биде на подот на паркингот е направен така, да е доволно робусен и да издржи доколку возилото со едното тркало помине врз него.

За да се воспостави перфектно порамнување на магнетните линиите (флукс) на за проток на магнетната енергија, Tојота разви Интелигентен паркинг систем кој покажува визуелно, табла на возило, но и на интел системите на возилото да се воедначат според потребата.

Тестовите кои ги прави Тојота во префектурата Аичи ќе биде искористена да се усоврши системот понатаму. Тестовите ќе се базираат на кориснички фид-бек, невоедначеноста на линиите на проток на магнетната енергија, колку често и колку ќе се полнат возилата итн. Идејата е да се создаваат еко-технологии со електрични возила и да се размислува технологијата да биде дел од околината, а не надвор од неа како и да се зголеми мобилноста, а во суштина технологијата да биде далеку поедноставна за управување и високо интелигентна, автоматизирана итн.

Спецификација на системот за безжично/индуктивно полнење
Метод Мегнетна резонанца
Фреквенција 85 kHz
Влезен напон AC 200V
Моќ 2 kW
Време на полнење До 90 минути

Безжично полнење за Приус

Тојота започна со тестирање на безжичен/индуктивен систем во Јапонија, Европа и Америка, во 2014. Системот е тестиран со корисниците на Приус кои во суштина би сакале да имаат полесен начин со кој би им се штедело и времето.

Се работи за систем кој е познат во електротехниката, имено на тој начин функционираат трансформаторите и трансферот на магнетната енергија, како безжичен/индуктивен трансфер со што ќе имаме систем достапен за масовна употреба. Батериите ќе се полнат преку резонанца меѓу подните намотки и намотките на магнетите во колата.

принципиелна слика на безжичен трансфер на магнетна енергија
принципиелна слика на безжичен трансфер на магнетна енергија

Од Нисан потврдија дека системот ќе функционира како open source wireless induction charging system како и тоа дека барем 5 модели на електрични возила од Нисан ќе го користат системот.

Како и со битките за стандарди помеѓу CHAdeMo, SAE J1772 и стандардите за полнење на Тесла Моторс и ова ќе биде битка за наметнување на стандард. Прашање кое се наметнува е, кога Тесла ќе го најави системот за безжично полнење за рутите кои ги развиваат со суперполначите низ Америка и Европа?

извор: electric-vehiclenews.com