Технички-специјализирана работа, без работник (роботика 1)

i robot
i robot
Пишува: Џон Маркоф

Додека повеќето од роботите во автомобилските фабрики типично имаат една функција, во новата фабрика на Тесла во Фримонт, Калифорнија, еден робот може да извршува и до четири функции: заварување, дупчење, лепење/спојување и инсталирање компоненти.

Драхтен, Холандија: во фабриката Филипс Електроника на брегот на Кина, стотици работници ги користат рацете и специјализираните алатки за да склопат електрични бричеви. На стариот начин. Во сестринската фабрика во Холандија, 128 роботи ја прават истата работа со флексибилност како при вежбање јога. Роботите се водени од видео камери со далеку поголема способност од највештиот човек. Една роботска рака може бескрајно да формира три совршено свиткани дела со две жици за поврзување и да ги протнува низ дупчиња кои се невидливи за окото. Раката работи толку брзо што тие мораат да бидат заградени во плексигласни или стаклосолни кафези, кои не дозволуваат да дојде до повреда на луѓето кои ја надгледуваат работата. Тие тоа го прават без потреба од кафе пауза, во три смени, 365 дена во годината. Во Холандија работат само една десетина од луѓето, споредено со фабриката во Кина, во градот Зхухаи.

Нов бран на роботи, далеку поприлагодливи од оние кои денес обично се користат од автопроизводителите и од другата тешка индустрија, ги заменуваат работниците низ светот. Ова е иднината. Нов бран на роботи, далеку поприлагодливи од оние кои денес обично се користат од автопроизводителите и од другата тешка индустрија, ги заменуваат работниците низ светот, како во производството, така и во дистрибуцијата. Оваа фабрика во Холандија е контрапункт на фабриките во сопственост на Фокскон, кои Епл и други гиганти од консумерската електроника ги користат, а кои вработуваат стотици илјади технички ниско обучени работници.

Autonomous robot
Autonomous robot

„Со овие машини, ние можеме да направиме секаков уред“, вели Бине Висер, електротехнички инженер, кој работи во менаџментот на фабриката на Филипс во Драхтен. Директорите и технолошките експерти од разни индустрии велат дека пристапот на Филипс добива тежина во однос на пристапот на Епл. Иако кинеската компанија Фокскон, производителот на ајфон за Епл, продолжува да гради нови фабрики и да вработува илјадници работници, за да ги прави паметните телефони, таа, исто така, планира да инсталира милион роботи во наредните неколку години, како додаток на работната сила која сега работи. Фокскон не кажува колку работници ќе бидат отпуштени, ниту кога, но нејзиниот генерален директор, Тери Гу, јавно говори за зголемената употреба на овој тип роботи. Говорејќи за повеќе од еден милион работници низ целиот свет, тој во јануари 2012 година, го изјави следново: „Човекот е и животно, а да се менаџираат еден милион животни, тоа за мене е тешка главоболка.“

Зголемената софистицираност на роботите при намалени трошоци за нивно инсталирање, ја отвори дебатата помеѓу економистите и технолозите околу тоа колку брзо работните места ќе бидат непотребни/изгубени. Оваа година, Ерик Бринјолфсон и Андреј МекАфи, економисти при Институтот за технологија од Масечусетс, изјавија: „Темпото и обемот со кој се подриваат човечките вештини е релативно нов, но има длабоки економски импликации.“

Појавата на нискотарифните автомати предизвика револуционерна промена во агротехнологијата во последниот век. Според нив, појавата на нискотарифните автомати предизвика револуционерна промена во агротехнологијата во последниот век, при што во САД, поранешните 40% работници во аграрот, денес се сведени на 2%. Аналогијата не постои само во индустријализацијата на фармерството, туку и во електрификацијата на производството во последниот век.

Бран Ферен, роботичар и индустриски дизајнер во Аплaјд Мајндс во Глендејл, Калифорнија, вели дека е се’ уште недофатлив сонот да се направи универзален робот. „Имав наивно мислење дека универзалниот робот би можел да направи што било. Но, мора да имате луѓе покрај роботите за секој случај, зашто луѓето се многу добри за пронаоѓање креативни решенија во индустриските линии; тоа е се’ уште невозможно за роботите.“

Но, не се работи само за техничките предизвици. Постои и отпор од синдикатите и од организациите кои се загрижени за работните места. Подемот на роботите би можел да значи создавање на помалку работни места, иако повисоките трошоци за работната сила, како и транспортните трошоци низ Азија и стравот од крадење на интелектуалната сопственост, веќе носат дел од работата назад на Запад.

3 arm robot
3 arm robot

Во најсофистицираната роботизирана фабрика, каде производството е 24/365, насекаде гледате само роботи, а многу малку луѓе. Да го земеме примерот од фабриката Флекстроникс во Милпитас, јужно од Сан Франциско. На огромен банер пишува „Ги враќаме работните места и производството во Калифорнија!“ (Во овој момент Кина добива голем дел од пазарот кој се користи во САД, а во исто време ја автоматизира својата индустрија.) Но, и во најсофистицираната роботизирана фабрика, каде производството е 24/365, насекаде гледате само роботи, а многу малку луѓе. Тешките преноси на товар, како и прецизната работа, се прави од роботите. Човекот прави работи како дотерување/кратење на вишокот материјал, средување на навојките за жици и зацврстување на завртки/навртки во едноставна рамка на панелите.

Тие напредни роботи почнуваат да ги трансформираат секторите кои вработуваат милиони луѓе низ целиот свет. Еден од нив е дистрибуцијата, каде роботите се способни за детално и брзо зумирање/одзумирање при пакувањето и се далеку поефикасни од луѓето. Роботите наскоро би можеле да ги заменат работниците во огромните маркети, дисконти и големопродажни центри. Подобрувањата во технологиите за визуелизација и допир (touch screens) создаваат можности за вклучување на мануелните работни места во способностите на роботите. На пример, деловите од авионите на Боинг се дупчат, спојуваат и положуваат со помош на машини кои се движат прецизно и брзо по телото на авионот. Но дури и со тие машини, менаџерите од компанијата велат дека тешко можат да најдат работници за новиот модел 787. Роботите, според тоа, нудат прецизност и се побезбедни за работниците.

Фирмата Ртбаунд Фармс од Калифорнија инсталираше четири роботски раце со прилагодени делови кои се способни нежно да положуваат зелени салати во пакети. Роботите се движат многу побрзо отколку луѓето. Еден робот менува два до пет работници во Ртбаунд. Производителите на роботи од САД велат дека на многу работни места, роботите се веќе поефикасни од луѓето.

Рон Потер, директор на консултантската фирма за роботика, Фактори Аутомејшн Системс, им понуди на слушателите ексел со основни формули, за да пресметаат колку брзо еден робот ќе се исплати. Според еден пример, еден роботски систем, кој чини 250 илјади долари и заменува два машински оператора, заштедува 50 илјади долари за период од една година. При животен циклус од 15 години, машините би му заштедиле на сопственикот 3.5 милиони долари во труд и продуктивност.

Администрацијата на Обама вели дека технолошката промена во роботизираното општество претставува шанса нацијата да остане конкурентна. „Единствен начин да имаме производство во САД е да имаме висока продуктивност“, вели Том Калил, заменик директор во канцеларијата за научна и технолошка политика во Белата куќа.

At Foxconn
At Foxconn

Владини претставници и индустријалци/фабриканти расправаат дека доколку фабриките се автоматизираат, тие се’ уште ќе бидат добар простор за вработување. Ако САД не се натпреваруваат за напредно производство во индустриите како што е конзумерската електроника, тие би можеле да ја изгубат инженерската индустрија на производи и дизајн. Директорите аргументираат дека дури и доколку мануелните работни места бидат изгубени, поефикасното производство би произвело вешти работници во дизајнот, оперативниот дел, како и сервисирање на производствените линии и значаен дел на други работни места во заедниците каде ќе има вакви фабрики.

Производителите на роботи/роботика поентираат дека роботизираната индустрија, сама по себе, создава работни места. Производителите на роботи/роботика поентираат дека роботизираната индустрија, сама по себе, создава работни места. Извештајот од Интернационалната федерација за роботика од ланската година покажува дека 150.000 луѓе се веќе вработени во роботизираните производствени линии, но, американската и европската доминација во наредната генерација на производство е далеку од сигурна. „Она што гледам е дека Кинезите, исто така, инсталираат напредни технологии“, вели Франс ван Хутен, директор во Филипс. „Шансата е да се врати производството назад на Запад, пред тој да се случи таму, на Исток.“

Филипс Електроникс започна да ги прави првите електрични бричеви во 1939 година, а фабриката во Драхтен ја изгради во 1950 година, но г-дин Висер, инженер кој ја менаџира производствената линија, е горд во врска со софистицираноста на новата фабрика. Тие се продаваат за 350 долари и се далеку пософистицирани од смартфоните. Производствената линија од околу 100 јарди (90 метри) е направена од голем број роботи, поставени во стаклосолни кафези, направени од Адепт Технолоџи. Видео камери над кафезите ги водат роботските раце кои земаат соодветен дел за склопување. Рацете виткаат жици со милиметарска прецизност, ставааат тенки игли во многу мали дупчиња, ги земаат минијатурните пластични вртачи, ги поставуваат во куќишта и вметнуваат други пластики на соодветни места.

Вториот дел од обемниот текст од Њу Јорк Тајмс, тука.

Извор: www.nytimes.com

Be Sociable, Share!

Comments are closed.