Технички-специјализирана работа, без работник (роботика 2)

i robot
i robot
Пишува: Џон Маркоф

Наредната генерација роботи ќе бидат далеку попрецизни, флексибилни и полесни за „тренирање“. Тоа може да се посведочи во фабриката Тесла Моторс, која неодамна почна да го произведува седанот Тесла С во Фримонт, Калифорнија, на маргините на Силиконската долина.

Половина од зградите се запечатени, а ги викаат „темната страна“. Но, во нив се’ уште се произведува Тојота Корола од армија работници, кои своевремено правеле пола милион автомобили годишно. Производството на Тесла Моторс е контраст по себе, брилијантно осветлен. Некои од роботите се фантастични, високи се 2.5 до 3 метра, а потсетуваат на застрашувачкиот „Терминатор“.

Роботите имаат и нешто човечко кога се обидуваат да преминат од една функција кон друга, но додека многу роботи извршуваат само една функција, во новата фабрика на Тесла Моторс, роботите можат да извршуваат до четири функции: заварување, дупчење, лепење/спојување и инсталирање компоненти.

Дневно се произведуваат 83 автомобили или околу 20000 годишно.Осум роботи изведуваат балет околу секое возило, додека тоа застанува на секоја станица по линијата, во период од 5 минути. Дневно се произведуваат 83 автомобили или околу 20000 годишно. Компанијата ќе ја додаде и спортската верзија следната година, откако роботите ќе бидат репрограмирани.

„Хјундаи и Бејжинг Моторс неодамна ја завршија гигантската фабрика, позиционирана надвор од Пекинг, која може да произведе милион возила годишно, користејќи повеќе роботи, а помалку луѓе отколку нивните конкуренти, а со иста флексибилност како и Тесла Моторс“, вели Пол Чау, смел капиталист од Групата Харпер за рано инвестирање во експанзивни бизниси.

Традиционалните и футуристичките системи инсталирани еден до друг во дистрибутивниот центар во Њујорк, покажуваат како роботиката го трансформира начинот на кој производите се дистрибуираат, феномен кој загрозува работни места. Во големопродажниот центар во Њубург, најголемиот дистрибутер во САД, C&S снабдува цел ланец супермаркети. Стариот систем е широк близу осумдесет илјади квадратни метри или осум квадратни километри. Полиците се полнат и празнат од илјадници луѓе, со вилушкари кои постојано циркулираат. Во ноќните часови, складиштата се неподносливи бучни и полни со електрични возила и вработени со слушалки на главите, кои стојат пред борд-компјутери и разговараат со автомат на четири јазици.

Секој ровер е безжично поврзан со централен компјутер и секој од нив се насочува до својата дестинацијаНовиот систем е помал, на околу десет илјади метри квадратни и целиот комплекс е контролиран од мал број техничари. Тие го надгледуваат кафезот на четири спратови со различни нивоа и раководат со 168 ровер роботи. Секој може да се движи со брзина од 40 километри на час. Секој ровер е безжично поврзан со централен компјутер и секој од нив се насочува до својата дестинација, до кутијата со храна која треба да се земе или местото каде треба да се остави за складирање. Тој дига, спушта, вовлекува, вози, поместува на подвижна лента до друга лента на пакети, каде други роботи нив ги преземаат и процесираат. Висока околу 3 метри, роботската рака со шест и седум степени ја има грациозноста и способноста на вешт робот, вртејќи, подместувајќи, подготвувајќи го секој пакет до осум спратови, а потоа обвиткувајќи ги со најлон во поголеми структури на кутии, кои се подготвени за ставање во камиони и разнесување низ земјата. Софтверот е доволно софистициран за да процени кој пакет треба да се земе во секој момент, при што во супермаркетот, работникот точно да знае за кој пакет се работи за да може да се смести на соодветната полица.

Создаден од Симбиотик, компанија од Бостон, овој роботизиран склад е инспириран од компјутерски дизајнери кои развивале алгоритми за ефикасно организирање на податоци во компјутерските тврди дискови. Џим Баум, од менаџментот на Симбиотик, го споредува новиот систем со огромен „паралелен“ компјутер. Системот е толку фрапантно ефикасен, што нема ни една точка на „гушење“; пакетите со храна низ складот се движат низ роботизираниот склад како што дигиталните битови се процесираат од компјутер.

Роботизирана фабрика
Роботизирана фабрика

Централен компјутер, наречен „Мозок“ ја диктира целата работа и им командува на работниците кои копчиња да ги притиснат за да се складира соодветен производЏош Грејвс кој почнал да работи како магационер во предградието на Феникс, во Аризона, согледува колку и како автоматизацијата може да ја направи работата полесна, иако создава стрес и несигурност. Гигантскиот склад каде тој работи дистрибуира суви производи за супермаркетите Крогер. Г-динот Грејвс работи во складот каде неговиот татко работел три децении. Работата била многучасовна и напорна. „Ќе донесеа 15 луѓе, а ќе останеше еден“, вели тој. Денес, г-дин Грејвс вози мала машина-вилушкар која складира и извлекува кутии со различни големини. Ваквата работа не бара физичка сила и има помалку повреди, вели Ром Алоиз, потпретседател на Тимстерс (синдикат на превозници) од Северна Калифорнија. Стресот денес е повеќе психолошки. Централен компјутер, наречен „Мозок“ ја диктира целата работа и им командува на работниците кои копчиња да ги притиснат за да се складира соодветен производ, при што директорите во секој момент точно и прецизно знаат што работниците работат. Пред неколку години, овој склад инсталирал германски систем за автоматско работење со пакети. Тоа елеминирало 106 вработени, што е околу 20 проценти од работната сила. Новиот систем, иницијално бил одржуван од синдикалните работници со високи позиции. Потоа таа работа отишла во германската фирма, која вработила несиндикални работници.

Сега, манаџментот на супермеркетите Крогер планира да изгради супер автоматизиран склад во Толесон. Минатата година, 60 работници отишле пред Градскиот совет да протестираат за тој план, за кој градот се’ уште не одлучил. „Немаме проблем со надоаѓањето на машините“, ќе рече г-дин Грејвс, „но кажете му на Крогер дека не сакаме да ги изгубиме овие работни места.“

Некои работни места се се’ уште недофатливи за автоматизацијата, како работите во градежништвото кои не се повторувачки и кои се на различни места, со различни задачи во одреден момент; линии во производство во кои е потребен временски фидбек при, на пример, ставање на фиберглас панели во авиони, автомобили или бродови или места каде се моделира секој поединечен производ кој е различен од претходниот – нешто што бара интензивно репрограмирање на роботите. Но, тука негде листата се исцрпува.

Во една „спартанска“ гаража во индустриското предградие на Пало Алто, Калифорнија, робот со електрични очи, мал дозер и дел за вшмукување извршува репетитивни движења кои секој слабо платен работник ги прави секој ден, насекаде низ светот.

Постарите роботи не можат да извршуваат такви работи поради системите за компјутерска визија, кои се скапи и лимитирани во контролирани средини, каде осветлувањето е соодветно. Но, благодарение на ефтината стеро-камера, која му овозможува на системот да ги види истите облици и пакети како и човековото око, овој робот може лесно да препознае случајни димензии на лошо поставени кутии и да ги преземе и процесира. Роботот користи технологија измислена од Микрософт, наречена Кинект, систем кој е вметнат во видео конзолата Xbox.

Овие ефтини роботи ќе ја автоматизираат комплетната структура на фирми кои се занимаваат со складирањеОвие ефтини роботи ќе ја автоматизираат комплетната структура на фирми кои се занимаваат со складирање, како Федерал Експрес, Јунајтед Парсел Сервис и DHL. Компанијата која стои зад овој робот, Индастриал Персепшн, е амбициозна, роботски ориентирана фирма од Менло Парк, Калифорнија. Првиот клиент ќе биде фирма која вработува илјадници работници низ своите складови. Секој работник преместува една кутија за 6 секунди во просек, но една кутија може да биде тешка и по 60 килограми, така што кај работниците доаѓа до замор, а добиваат и повреди на грбот. Компанијата покажа дека една кутија може да се премести за 4 секунди, но инженерите тврдат дека тоа наскоро ќе се подобри на една секунда по кутија.

Роботизирана фабрика
Роботизирана фабрика

„Ние сме на почетокот на целосното менување на производството и дистрибуцијата“, ќе каже Гари Брадски, научник за роботика кој е основач на Индастриал Персепшн. „Тоа нема да се случи веднаш, но на крај влијанието за човештвото ќе биде исто толку големо како и појавата на интернетот.“

Извор: www.nytimes.com

Линк до првиот дел од текстот.

Be Sociable, Share!

Comments are closed.