Што е плаг-ин хибридно возило?

Плаг-ин хибридните типови на возила (Plug-in-Hybrid electric vehicle – PHEV) работат на сличен начин како и хибридните возила (HEV), со тоа што за погон користат мотор со внатрешно согорување и еден или повеќе електрични мотори. За разлика од хибридните возила, плаг-ин хибридите најголемиот дел од  енергијата ја добива од електричниот мотор, кој има примарна улога при придвижувањето. Според името на возото, плаг-ин хибрид, за полнење на батериите се користи надворешен извор на електрична енергија со цел батериите да можат соодветно да бидат полни. Меѓутоа како што батериите се празнат во текот на возењето, моторот со внатрешно согорување има за цел во одреден момент да ја превземе работата, со што дополнително се обновува и состојбата со енергијата во батериите.

плаг-ин хибрид
плаг-ин хибрид

Кога ќе се испразнат батериите во целост, плаг-ин хибрид возилата се однесуваат како стандардни хибридни возила, односно моторот со внатрешно согорување ја превзема улогата на примарен извор на енергија.

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*