Станица од 50 kW за брзо полнење на е-возила | Terra 53

Компанијата ABB ја претстави Terra 53, својата прва DC станица за брзо полнење на батерии за електрични возила со моќност од 50 kW. Време на полнење на батериите: 15-30 мин.

Terra 53 C & CJ & CJG
Terra 53 C & CJ & CJG

Terra 53 ќе се испорачува низ Европа од ова лето, а кон есен ќе биде достапна и таканаречената дуал конфигурација при што ќе биде достапна и поддршката за тип 2, 3 пати побрз од полнење од варијанта AC.

(DC – direct current, права струја; AC – alternating current, наизменична струја)

Според АББ полнач кој за 15 до 30 минути би го наполнил електромобилот е одлична опција за автопатишта, но и урбаните опкружувања, професионалните возни паркови, бензинските пумпи, хетелски комплекси и други форми на инфраструктура. Се работи за комбинација на функционалност, дизајн и најсовремена технологија. Го применува протоколот Open Charge Point Protocol (OCPP), кој овозможува брзо и безбедно плаќање преку смарт телефон, терминал за пристап,  RFID (radio frequency identifiers) и пин код.

ABB е првата компанија која го покажа прототипот на стандардот CCS на ЕV26 (26та конференција за електрични возила) која се одржа во Лос Анџелес и на еCаrТеc во Минхен во 2012.

Извор: abb.com; automatika.rs

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*