Околу 22 милиони е-возила ќе бидат продадени до 2020

Иако продажбата на електричните возила не е според очекуваната динамика на владите и автоиндустријата, сепак продажбата има нагорна линија. И плаг-ин електричните возила како и хибридните возила се широко достапни во Азиа Пацифик, Северна Америка, Западна Европа и се промовираат во Источна Европа, Латинска Америка и Блискиот Исток. Според извештајот од Navigant Research, се проценува дека од 2012 до 2020 ќе бидат продадени околу 21,9 милиони електрични возила од сите рангови.

„Просечната цена на гориво за конвенционалните возила очекувано ќе расте до крајот на оваа декада, со што де-факто побарувачката за електрични возила ќе биде зголемена“, вели Дејв Хурст, главен аналитичар во Navigant Research. „Политиките на владите, во смисла на субвенции за продажба, регулативите за емисија на штетни гасови, разните такси за горивата и правилата во економијата на горивата ќе имаат клучна улога за експанзија на електричните возила.“

Продажбата на електричните возила ќе расте далеку порапидно, отколку продажбата на „регуларните“ возила, според извештајот. Според докумeнтот, автопазарот ќе расте со 2 процента годишно до 2020, додека плаг-ин електричните возила ќе растат и до 40 проценти на годишно ниво до крајот на декадата. Но, и без тоа електричните возила во 2020 ќе сеуште бидат мал дел од годишните продажби на возила, и тоа околу 2 процента од вкупната продажба.

Извештајот „Electric Vehicle Market Forecasts”, од друга страна дава предвидување на повеќе фактори како големината на пазарот, маркет-шерот по производители за лесните хибридни, плаг-ин хибридни и електрични возила и камиони на батерии. Извештајот дава сеопфатни податоци на повеќе нивоа.

Извор: navigantresearch.com

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*