БМВ i3

БМВ i3 купе-концепт
БМВ i3 купе-концепт

БМВ ќе понуди екстра сервиси за да привлече пасионирани луѓе кон „електричната“ и-линија на машини (i3, i8), вклучувајќи при тоа и  користење на своите модели на гориво. БМВ планира да инсталира брзи системи за полнење во домовите на корисниците за својот концепт i3 урбано е-возило кое треба да се појави до крајот на 2013.

Он-борд компјутерските системи ќе бидат програмирани да ги детектираат најблиските станици за полнење за време на долги и кратки патувања, а сопствениците на i3 ќе можат да позајмат кола со внатрешно согорување од нивниот дилер за викенди или подолги одмори каде што има подолги патувања, поради тоа што инфраструктурата за полнење е во својата ембрионска фаза. Во овој тип е-машина, ќе бидат вклучени поскапите технологии базирани на карбон со кои во БМВ веруваат дека иако се поскапи ќе имаат огромни заштеди.

„Групацијата БМВ црта на нова територија“, ќе каже Харалд Кругер, шефот на производство. Тој верува дека концептот БМВ i3 ќе биде во позитива уште од лансирањето.

На i3 ќе му се придружи i8, а тоа ќе биде плаг-ин хибридна спортска кола, за чија промоција би требало да почекаме до почетокот на 2014. Цената на i3 можеби ќе биде околу 40,000 ЕУР според проценките на Стефан Братцел, Директор на Центарот за менаџмент на моторни возила при Универзитетот за апликативни науки при Бергиш Гладбах, Германија. БМВ уште не објавиле колку ќе чини i3. Но, i8, сигурно ќе чини над 100,000 ЕУР, ќе каже Иан Робертсон, шеф на продажба во БМВ.

БМВ i3 е комплетна електрична машина, со алуминиумска шасија која во себе го позиционира батерискиот пакет така што центарот на гравитацијата да биде низок, така-речи ниско до патот, со цел поголема стабилност, вели г-дин Кругер. Делот за патниците, внатрешноста, ќе биде направена од carbon-fiber reinforced plastic, кој тежи половина помалку од челичниот и е 30 проценти полесен од алуминиумот; за да се направи баланс со тежината на батериите. Цента на карбонските делови ќе биде намалена со тоа што ќе се намалат бројот на деловите во електричното возило и тоа за околу две третини, изјавува Харалд Кругер. Користењето на термопластични маси место челични панели ќе ја елиминира потребата од комплетниот процес на фарбање.

За да докажат дека подолги екскурзии и патувања со електромобилите се можни, БМВ воспоставуваат ланец на брзи полначи на патиштата од Минхен до Берлин во должина од 590 километри при што комплетното полнење нема да надмине 30 минути/циклус. Ќе биде понудена платформа за директна он-лајн продажба на i3 и i8 како и роаминг сервис за плаќањето на електрична енергија на полначките пумпи.

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*