Документарен филм: Who Killed the Electric Car?

Who Killed the Electric Car? е документарен филм од 2006 кој се занимава со производството, дизајнирањето, „лимитираната“ комерцијализација и уништувањето на батериските електрични возила во Америка, посебно   приказната околу Џенерал Моторс, поточно со електричното возило EV1 кое се појави во деведесетите години од минатиот век. Филмот ги развива и открива тајните и улогите на автомобилските производители, нафтената индустрија, владата на Америка, владата на Калифорнија, производителите на батерии, противниците на водородната економија и водородните возила и консументите, секој со своја без преседан лоша улога при лимитирањето на развојот на технологијата на иднината за електричните возила, парадоксално, развиена пред сто години; времето на Тесла.

Премиерата на филмот беше на Sundance Film Festival 2006, а во јуни истата година беше објавен од Sony Pictures Classics, а потоа во ноември 2006 и на ДВД од Sony Pictures Home Entertainment.

Режисерот на филмот Крис Пејн после неколку години објави дека работи на нов филм за електричните возила, со работен наслов: Who Saved the Electric Car?, кој подоцна се преименува во Revenge of the Electric Car – на линкот можете да го видите вториот дел, каде што приказната се развива во нов правец; имаше премиера во 2011 на Tribeca Film Festival на Денот на планетата Земја на 22 април, 2011 – и документот од ОН по истиот повод: A/RES/63/278.

Коментар од уредникот (Кирил Минанов) за постот: поради лимитирани ресурси, филмот го прикажуваме без превод, со надеж дека публиката која го посетува порталот за електрични, хибридни, водородни и други типови на возила нема да ни забележи, туку напротив наместо како чекан, науката и идејата за е-мобилноста ќе ја искористи како лек, првиот дел од филмот:

Вториот дел, уште еднаш, тука.

Песната како хај-лајт од филмот за е-мобилната иднина:)

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*