Дали електричните автомобили конечно ќе бидат секојдневие?

plug-in-hybrid ev's
plug-in-hybrid ev’s

Во моментов луѓето сметаат дека електричните автомобили се премногу скапи за да ги заменат нивните омилени бензински машини. Но, во следната деценија ќе настане пресврт и светот ќе биде преплавен од електрични автомобили. Нисан Лиф e електричен автомобил кој може да помине 120 километри со едно полнење на батеријата. Додека моделот Шевролет Волт, произведен во 2010-та година, може да помине 75 километри со едно полнење, но тој пак има и резервен мотор кој работи на бензин, што е голема предност.

the plug
the plug

Обама постави цел до 2015-та година на патиштата во Америка да има еден милион електрични автомобили. Во моментов администрацијата врши истражувања за зголемување на капацитетот на батеријата, трошејќи милиони долари за проучување на нова технологија за оваа намена. Но истражувачите велат дека оваа цел на Обама тешко дека би се остварила до 2018-та. Најголемата причина зошто луѓето не купуваат електрични автомобили е тоа што тие се значително поскапи. Нисан Лиф чини 36,050 долари додека Шевролет Волт 39,995 долари, а квалитетот на автомобилите се проценува на 7,500 долари доколку би биле на бензин, што значи дека најголемиот дел од цената се препишува на нивната батерија. За овие автомобили да ги заменат денешните кои работат на бензин, потребно е само да се намали цената на батеријата. Извршниот директор на Форд, Ален Молали изјавил дека батеријата за сите електрични модели на Форд Фокус, чини 12,000 и 15,000 американски долари, што значи дека е логично зошто електричните автомобили во моментов се чинат прилично неисплатливи.

Volvo plug in hybrid
Volvo plug in hybrid

Но што ако одеднаш падне цената на батериите? Новото истражување на компанијата „Мкенси енд компани“, вели дека цените за литиум-ион батериите би можеле да паднат дури за трипати до 2020-та година. Што значи наместо денешната цена од 600 долари за еден киловат час, цената би била 200 долари за киловат час и 150 долари во 2025-та.  Така што во следната деценија, ако цената на горивото продолжи со истите бројки, или порасне, а батериите поевтинуваат; многу е логично дека за деценија ние масовно да возиме електрични автомобили.

Извор: www.think.mk

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*