Биокапацитет

Биокапацитет е капацитетот на една средина да произведе ресурси и да абсорбира отпад; на пример биомаса како: остатоци од исечени шуми, посеви, плантажи после жнеење на пченка, пченица и други биоразградливи природни култури-материјали за рециклирање. Кога еколошкиот отисок на одредена средина-околина ја преминува границата на својот биокапацитет, тогаш настанува еколошки дефицит.

скала на биокапацитет: светло-најмало, темно-најмонгу
скала на биокапацитет: светло-најмало, темно-најмнoгу;

Груба пресметка на биолошкиот капацитет на еден човек: во 2008 година на планетата имаше 12 милијарди хектари биолошки продуктивна земја и вода. Ако тоа се подели со бројот на луѓе на планетата според таа година, имено 6,7 милијарди луѓе, тоа глобално е 1.8 хектари по човек. Тоа претпоставува дека освен луѓето, ниеден друг вид не би ја користел земјата, што на некој начин е парадокс бидејќи симбиозата на природата или флората и фауната е во директно нераскинливо взаемно кодејство со факторот човек.

Биокапацитет е капацитетот на екосистемите да произведуваат корисни биолошки материјали и да абсорбираат отпад кој што е произведен од луѓето, користејќи ги денешните технологии. За „корисен биоматеријал“ се смета биоразградлив материјал. Но, тоа што е „корисно“ е менливо од година во година, така на пример, употребата на пченка и остатоците од пченка можат да се користат за производство на целулозен етанол и тоа се смета како корисен биоматеријал, а со тоа се зголемува биокапацитетот на земјоделските култури.

Биокапацитетот на одредена површина се пресметува со множење на физичката плоштина на земјата со факторот на род како килограми или тони на еден хектар од одреден род и множење на факторот за еквиваленција (провери во атласот на еко-отисок на линкот): Biocapacity = Area x Yield Factor x Equivalence Factor;

Повеќе информации за базично истражување од документот на ЕУРОСТАТ.
Дополнително истражување: Атлас на еко-отисок 2008.

Извори: footprintnetwork.org; wikipedia.org

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*