Жироскопскиот само-баланасирачки iGO

Само-балансирачките уницикли кои ги има во повеќе форми и се произведуваат од повеќе компании се технологија за секој од нас.

iGO жироскопски уницикл
iGO жироскопски уницикл

Денес за iGO: 26 [kg] тело на унициклот со 16 [in] инчно тркало преку интегрирани жироскопи кои во секоj дел од секундата ја следат промената на вертикално поставеното тело и обезбедуваат рамнотежа на центарот на масата-гравитацијата на возачот и возилото; тоа е ова симпатично е-возило кое би можеле да го користите за секојдневните кратки релации. Како со Segway, повлекувањето на рачките кон напред овозможува возење напред, а кочењето е со повлекување на волан-рачките кон назад до стопирање, а вртењето лево и десно се овозможува со навалување на телото кон лево-десно.

Има 500 [W] мотор под напон од 48 [V] со 8 [Ah] литиум-јонска батерија, која може да се наполни за три часа. Има 30 [km] досег што за секојдневна употреба е фантастично. Брзината од 21 [km/h] можеме да ја толерираме, бидејќи ова возило е направено за суперкратки релации со хипотетичка тежина на возачот од околу 73 [kg] или 160 [lb] либри. Теоретска максимална тежина на возачот е 115 [kg] или 250 [lb] либри. Цената е 1,595 долари, што во споредба со скутерите е токму тоа што е потребно.

Извор: gizmag.com

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*