Тесла ќе прави мал, поефтин крос-овер седан

on-bridge
on-bridge

Новите модели ќе бидат помали и поефтини од Модел-от С кој чини 70.000 долари и од Модел-от X крос-овер кој ќе се појави во 2014. Елон Маск најави мал седан, познат како „Ген 3“ поради платформата на која што ќе биде изграден, имено, на третата генерација на платформи на кои се направени машините на Тесла, а воедно како конкуренција на Ауди А4 и серијата на БМВ 3. Цената би била околу 30.000 долари.

Клучната разлика, помеѓу европските премиум модели со мотори за внатрешно согорување и футуристичките модели на Тесла е погонот; електромоторот. Тесла работи исклучиво на електрични возила со литиум-јонски батерии со користење на брзите станици за полнење. Брзите станици рапидно ќе се прошират, на сите страни на Америка и Канада, вети Маск. Градовите како Чикаго, Хјустон, Сиетл и Портланд ќе бидат меѓу првите кои ќе бидат покриени, но ќе се работи и во Калифорнија, Конектикат и Делавер со ветување дека ќе инсталираат до 3000 станици. Иста оваква мрежа на супер-брзи полначи Елон Маск планира да развие и во Европа.

За брзо полнење на Модел-от сега се потребни околу 20 минути, доволно за околу 320 километри, вели Маск. Тешко дека овие брзи полначи ќе можат да бидат изведени како генерички, со што и на другите производители на електрични и хибридни возила би им било овозможено да ги користат, нагласи Маск, но исто така потенцира дека е отворен за идеи и за предлози од автопроизводителите и производителите на електро-машинска опрема. На крај поентира: „производителите можат да копираат или да ни се приклучат“.

Извор: globalpost.com

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*