(видео) Предавање на Проф. д-р Милан ЌОСЕВСКИ (МФС) | Автомото инженерство

За Проф. д-р Милан Ќосевски, барем од нас инженерите не би требало посебно претставување, меѓутоа, Професорот е шеф на Институтот за возила при Машинскиот Факултет – Скопје околу 20 години, два пати Декан на Машинскиот Факултет – Скопје и најзначајниот научник кој што за потребите на Република Македонија го локализираше и помагаше во синхронизација на македонското законодавство со европското во смисла на хомологација, возила итн. Му благодариме што ни помогна во организирањето на настанот, како логистика и со негови совети и поради тоа, неговата величина, ако така можам да напишам кај нас во ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ е уште повисока, повелете предавањето во кое се предлага она за што се боревме уште во почетокот, да се формира модул во смисла на електрични возила како интердисциплинарни студии во коишто една третина од предавањата би биле од машинство, третина електрика и третина програмирање и нормално, напредни материјали, Професорот предложи листа на предмети кои би можеле да го содржат тој модул, а тоа е мошне интересно за сите идни студенти, за сите идни потенцијални магистранти итн. така што заедно со предавањата од Конференцијата и комбинирано со неговиот предлог, сметаме дека може да се дојде до тоа што во суштина мора да го има како модул на УКИМ, имено инженерски модул за електрични возила, предавањето:

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*