Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА во посета на БАЕПС Бугарија

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ беше во посета на невладината организација BAEPS, со којашто имавме работен состанок и беше договорена соработка, со заедничка програма и учество на проекти. Беше разгледана можноста за заедничко аплицирање во европски и други фондови.

електрично возило прототип
електрично возило прототип

Направивме контакт со професорот на Транспортниот Факултет Деканот Проф. д-р Иван Миленов кој е подготвен за соработка.

Со колегите од БАЕПС беше разгледана и можноста за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Од бројните идеи и дискусии кои ги имавме, беше потенцирана идејата за промовирање на електричните возила која успешно функционира во Бугарија како test-drive во соработка со автомобилските претставништва, за што ние исто така во Македонија би можеле да размислиме како соработка со нашите претставништа, нешто што лесно допира до пошироката јавност.

електро полнач монтиран на 220 волтна мрежа
електрополнач монтиран на 220 волтна мрежа – 3kW 16A

Беа воспоставени контакти со г-дин Червенков, г-дин Иванов, г-дин Попов, сите на различни начини вклучени во идејата за електрични возила, независно дали се работи за професори, производители, ентузијасти итн.

полнење на електрично возило со електро полнач монтиран на 220 волтна мрежа - 3kW 16A
полнење на електрично возило со електрополнач монтиран на 220 волтна мрежа – 3kW 16A

Направивме контакти со фирми и луѓе кои што произведуват и тргуваат со електрични возила, а исто така и делови за истите.

внатрешност на конвертирано возило
внатрешност на конвертирано возило – полнач до 90 волти
внатрешност на конвертирано возило
внатрешност на конвертирано возило

Македонија ќе мора да специјализира и инвестира во луѓе преку докторски студии за електрична влеча, нешто што го имавме со Проф. д-р Чекреџи, како и знаење кое постои во Македонија за мрежи во мрежи или мрежа во мрежа, имено за трамвајски сообраќај поради тоа што неминовно, барем во почеток, со Скопје, а потоа и како интерконекција помеѓу градовите и нормално понатаму помеѓу соседските држави е потребно да имаме знаење и пренос на тоа знаење на инженерските кадри од сите сродни рангови, према тоа, електрична влеча и проектирање на мрежи во мрежа.

ЛОКОМОТИВАТА - ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ - ЕЛЕКТРОПОГОН - ЕЛЕКТРИЧНА ВЛЕЧА
ЛОКОМОТИВАТА – ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ – ЕЛЕКТРОПОГОН – ЕЛЕКТРИЧНА ВЛЕЧА
Be Sociable, Share!

One thought on “Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА во посета на БАЕПС Бугарија

  1. Оваа година се навршуваат 40 години од електрификацијата на пругата Скопје~Ниш и 27 години од електрификацијата на пругата Скопје~Гевгелија. Тоа сеуште е промашена инвестиција за нашите услови на експлоатација на железниците. Имено само со интензивна експлоатација електрифицираниот сообраќај може да биде исплатлив. Пред 40 години имавме референдум за електричен трамвај и тролејбус во Скопје. Одговорот беше НЕ. Сметам дека и сега треба да се одржи референдум. Мојот одговор и сега е НЕ за трамвај и ДА за електромобил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*