Volkswagen e-up во Македонија

Порше Македонија го претстави Volkswagen e-up во Македонија! Од ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ им честитаме! Пренесуваме дел од атмосферата на промоцијата во просториите на компанијата.

e-up
e-up
e-up
e-up

Volkswagen e-up! е прво електрично возило на производителот од Волфсбург и да се надеваме дека ќе видиме метални реки од електричното возило секојдневно низ македонските патишта за неколку години. Според г-дин Муцунски, генерален менаџер на Порше Македонија, компанијата има долгорочен план за електромобилност кој започна со 5 електрични возила e-up! Според информациите набавката е за ПроКредит банка.

e-up
e-up
e-up
e-up

Се работи за возило кое во смисла на контрола и управување е исто како и секое друго возило на кое сме навикнати, што нема да претставува предизвик за да се совлада.

Освен цената на електричната енергија вклучувајќи субвенција, мотив за купување на електрично возило би била нула емисии на штетни гасови. Со четири седишта e-up делува симпатично и секси како градско ековозило, а според податоците за автономијата на возење со едно полнење од 160 километри, можеме да заклучиме дека со мали интервенции во полначката инфраструктура на главните магистрали низ Македонија би можеле да го возиме e-up и вон градските средини. Секако, полнењето може да се прави и во домашни услови според што e-up може и сега да се вози низ Македонија.

e-up
e-up

Карактеристики и перформанси: e-up има вртежен момент од 210 [Nm], што во класата на возилото, споредено со моторите за внатрешно согорување е и до 50 [Nm] повеќе и импресивен максимален број на вртежи од 12000 [rpm/min]. Volkswagen e-up! има електричен мотор од 60 [kW] или 82 [КС] и тежина 1.139 [kg]. Забрзува од 0 до 100 [km / h] за 12.4 [sec] и постигнува максимална брзина од 130 [km/h]. Батеријата е литиум – јонска со моќ од 18.7 [kWh] и 8 години гаранција, а при оптимални услови e-up би поминал приближно 160 километри.

AC/DC приклучок
AC/DC приклучок

За полнењето. E-up може да се полни и на АЦ и на ДЦ инфраструктура. Кога говориме за АЦ полнење тогаш има две можности, имено може да се полни со 2,3 [kW] на секој домашен електричен приклучок со 230 [V], како и на приклучок од 3,6 [kW] кој може да се инсталира дополнително во секој дом. А за да се употреби приклучок од 40 [kW] според информациите во спецификацијата, потребна е ДЦ станица за брзо полнење. Во случај со ДЦ полнење, батеријата се полни до 80% за помалку од 30 минути. Местото за полнење на батеријата е поставено на истото место како и кај стандардните модели, под поклопецот за гориво.

Според тоа што го имаме во Македонија како инфраструктура во овој момент e-up може да се полни со АЦ полначи поради достапноста во сите домови. За ДЦ но и за АЦ јавна полначка инфраструктура треба да се размислува за државна стратегија, но можеби ќе има и храбри поединци и компании кои ќе инвестираат за потребите на компаниите и флотите, а тоа го очекуваме од општествено одговорните македонски компании, кои за сега мудро и тактички не влегуваат во приказната, но тука сме да ги потсетиме дека е време да се покаже нешто. Такаречи, нешто мора да се направи во наредниот период од една до две години.

AC/DC приклучок
AC/DC приклучок

Уреднички коментар: за градско возење мотор од 60 [kW] e преснажно и доволен би бил електромотор од 20 [kW]. Вклучително на тоа, доколку батеријата од 18.7 [kWh] се преполови до 9.5 [kWh] со што и тежината на возилото ќе се намали и доколку се намали тежината и на други делови на возилото при иста аеродинамика, при што вкупната тежина би била помала за 300 [kg] и ако на тоа се додаде субвенција која секако ќе мора да дојде еден ден, цената на e-up би дошла од сегашните 25 илјади ЕУР, на редовни, нормални и разумни 10 илјади ЕУР каде што може да очекуваме масовно купување на овој тип на секси градски ѕверчиња.

Volkswagen e-up! е атрактивно возило, но непотребно е вложувано во дополнителни технологии кои му ја зголемуваат цената, но можеби таква е и стратегија која во иднина се надеваме ќе се промени, вклучително и со очекуваниот пад на цената на батериите од сегашните 700 долари до идни 200 до 250 долари по 1 [kWh] некаде меѓу 2018 и 2020 година.

Според информациите од производителот електричното возило може да помине 100 километри за 57 денари што на 1000 километри е еднакво на 570 денари, што ја покажува супериорноста во смисла на ефикасност на електромоторите (90% до 95%) во однос на моторите за внатрешно согорување (околу 35%) во иста класа и што го покажува клучниот мотив за купување на електрично возило како e-up.

Доколку се спореди колку електрична енергија ќе биде потрошена во животниот век на возилото од 10 години ако се возат во просек десет илјади километри и ако тоа се спореди со потрошената енергија доколку имаме мотор за внатрешно согорување за десет години по десет илјади километри, тогаш математиката е мошне интересена да се размисли. E-up ќе потроши приближно 100 ЕУР за електрична енергија на 10000 километри, а 1000 ЕУР за 100000 километри, а возило од иста класа со бензински или дизел мотор ќе потроши многу повеќе со што може да дојдеме до компензирачката цена зошто електричното возило чини повеќе во старт.

Потребно е да се мултиплицираат бројките за бројот на години по број на поминати километри по цена на гориво за двете варијанти и ќе дојдеме до правите бројки. Тоа не доведува до размислување дека иницијалната инвестицијата во електромобил е исплатлива, особено што и одржувањето е радикално поефтино на годишно ниво за разлика од алтернативните возила кои ги гледаме на улиците секојдневно. Потребно е и време за соџвакување на бројките. Уживајте додека пресметувате:)

Зар има возач/ка кој/а што размислува за трошоците за гориво и одржување на возилото во животниот век во моментот кога го купува возилото? Освестувањето доаѓа по направената елементарна математика во апроксимативен животен век.

e-up
e-up

Сепак, да не заборавиме да ги потсетиме побогатите компании и властите низ Македонија на општинско и централно ниво во флотите да вклучат барем едно ековозило ала e-up бидејќи повеќе не се работи за пи-ар стратегии, туку за одговорност кон општеството во целина. Според тоа поделбата би била на граѓанство и на поединците и/или групите со моќ на одлучување. Кај граѓанството клучна е цената и се разбира субвенциите, а кај групите со моќ на одлучување клучна е одговорноста. Процесот во таа смисла е почнат и очекуваме похрабра електрична влеча кон напред!

Браво за Volkswagen!

автор: Кирил Минанов

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*