(download) Хибридни електрични возила на сегашното ниво на развој | Стефан Којчев

Битно четиво како дипломската работа изработена при Институтот за моторни возила и хомологација при МФС од дипломираниот машински инженер Стефан Којчев кај менторот Проф. д-р Милан Ќосевски за хибридни електрични возила кое го споделуваме со сите читатели на порталот на ЕЛМ кое ќе им помогне на мноштво кадри во и вон спектарот електромашинство, а кои се занимаваат со возила, влеча, хибриди и електромобили итн.

дипломски труд
дипломски труд

Го издвојуваме абстрактот од трудот и ве повикуваме со интерес да го прочитате и секако препорачате! Стефан Којчев ги продолжува студиските истражувања на последипломски студии на Техничкиот универзитет во Ајндховен во возилашки правец и очекуваме и во иднина да се јавува со трудови кои со задоволство ќе ги споделиме на порталот на ЕЛМ. Mожете да го контактирате Стефан на: skojcev@gmail.com. Честито за Стефан! 🙂

Абстракт: Во оваа дипломска работа се обработени хибридните електрични возила на сегашното ниво на развој. Наведени се главните еколошки и енергетски причини кои ја наметнале потребата од барање на нови решенија во поглед на возилата. Како одговор на оваа потреба се развиваат хибридните електрични возила. Главна единица за складирање на електричната енергија која е изворот за погон на електричниот мотор се батериите, причина што е доволна за нивно анализирање кое е направено на поосновно ниво, задржувајќи се на карактеристиките кои тие ги имаат, како и кои нивни изведби постојат и споредба меѓу истите.

Кај хибридните електрични возила, како возила кои се релативно краток временски период актуелни на пазарот, разбирливо е нивното шаренило во поглед на конструктивните изведби. Овие различни решенија се детално обработени, при што се дадени нивните предности и ограничувања, како и примери на реални изведби. Исто така дадени се и какви технологии содржат возилата, во зависност од видот на кој тие припаѓаат, како и нивна споредба од аспект на економичноста.

Како главна тематика на разгледување во однос на хибридните електрични возила во оваа дипломска е изборот на погонските компоненти. Прво е накратко објаснет истиот процес кај конвенцијалните возила, а потоа според расположливата литература истиот подетално се опишува за хибридните електрични возила. За овозможување на оваа потреба е искористено возило со зададени параметри кое треба да исполни определени перформанси кои се нагласени од производителот.

Како последен дел од оваа дипломска се зададени неколку актуелни модели, при што се анализирани нивните перформанси, како и завршни согледувања и заклучок каде е дадена рекапитулација на целосниот материјал и сопствени согледувања кои произлегуваат од обработените документи.

download Хибридни електрични возила на сегашното ниво на развој | Стефан Којчев

Kоментар: Во исто време ги повикуваме професорите на факултетите кои се директно и индиректно поврзани во различни димензии со електрични и хибридни возила (хемиски миксови и батерии, енергетска електроника, нисконапонски инсталации, влеча и мотори, дизајн, конструкција на возила, развој на софтвер, истражувања на материјали итн.) да поттикнат натамошно пишување трудови како дипломски, магистерски и докторски трудови од областа како мултидсциплинарно поле, при што повикуваме да не контактирате за во иднина да ги објавуваме документите на порталот кој служи и како ресурсна база за ширење на полето на борба и движење за електрични и хибридни возила.

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*