(download) Оптимизациски модел за одредување на локации за поставување на станици за полнење на електрични возила | м-р Сретен Давидов дипл. ел. инг.

Во претходниот пост информиравме за Студентската конференција: „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ која се одржува по трет пат, на која беа презентирани трудови поврзани со електрични возила. Организатори на конференцијата се Здружението за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој СКЕЕОР, Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологи(ФЕИТ) – Скопје.

Во овој пост презентираме дел од докторатот на м-р Сретен Давидов дипл. ел. инг. насловен како: Оптимизациски модел за одредување на локации за поставување на станици за полнење на електрични возила каде како автори се јавуваат докторанд Сретен Давидов и Проф. д-р Милош Пантош. Во прилог и конференциската презентација.

Намената на докторатот е за приватни или градски власти, кои што би сакале да постават соодветна оптимална полначка инфраструктура. Моделот завзема повеќе гледни точки како на пример, економски, социјални и технички. Сретен Давидов презентираше оптимизациски модел кој се решава со солвери кои се бесплатни и се од различни компани. На пример може да се користи солвер во Матлаб Mixed-integer linear programming (MILP) или пак CPLEX од IBM. Софтверите прецизно решаваат комплицирани оптимизациски проблеми во зависност од ограничувањата, критериската функција итн. Друг пример за бесплатен toolbox за Матлаб е OPTI, кој може да реши различни проблеми, но потребно е да се напишат и испрограмираат ограничувњата.

Коментар: Би било интересно да се добијат модели за урбаната целина на град Скопје со мноштво аспекти и ограничувања кои би се презетирале јавно или би биле достапни до јавноста која е заинтересирана да процени и види каде се можните локациски точки кои би се вградиле во урбанистичките планови. Моделите се разбира не мора да се ограничуваат само на град Скопје, туку би можеле да се се прошират и на помалите урбани целини, но и во целост за Македонија. Симулационен алат би можел да се развива на интерактивна веб платформа достапна  за јавноста како портал за процена и можни места за градба и инсталација на полначката инфраструктура.

Контакт со Сретен за соработка, и-меил: sreten.davidov@fe.uni-lj.si како и линк од Универзитетот во Љубљана, при Факултетот за електротехника, при Лабораторијата за електроенергетски системи.

Му благодариме на Сретен!

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*