(настан) Електричен полигон 3

И оваа година, на 19 септември, понеделник, Електромобилност Македонија продолжува со едукација за основци и средношколци во соработка со секторот за Екологија при Град Скопје, организатори на „Европска недела на мобилност“. Е-мобилност се вклучува со Електричен полигон, кој го одржуваме по трет пат, секој септември како и во 2014 и во 2015.

Настанот ќе се одржи на кампусот од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет, со почеток од 9:00 часот и ќе трае до 12:00 часот. Во Електричниот полигон ќе бидат вклучени училиштата од општина Карпош, градски училишта, општина Карпош и ЈП Градски паркинзи.

Во рамки на настанот ќе има едукативна сесија за електричните возила преку која младите ќе се запознаат со трендовите во мобилноста со осврт на свесноста за зачувување на животната средина. Учениците ќе можат да ги возат возилата кои ќе бидат на полигонот-паркинг на кампусот како електричен картинг конструиран при ФЕИТ, потоа електрични велосипеди, електрични скутери и мали електрични возила од ЈП Градски Паркинзи, како и електрични возила на ентузијасти.

Ги повикуваме граѓаните на Македонија да се вклучат во иницијатива на „Европска недела на мобилноста“ и да ги остават своите возила во наредните неколку дена, особено на 22 септември 2016 кога е предвидено да се одбележи настанот „Ден без автомобили” во кој активно учество ќе земат членовите на Електромобилност Македонија.

Видеозапис од лани:

Be Sociable, Share!

One thought on “(настан) Електричен полигон 3

  1. прес рилис на: Организацијата за електрични возила во Македонија Електромобилност Македонија

    Електричен полигон 3

    Организацијата за електрични возила во Македонија, Електромобилност Македонија на 19 септември 2016 година ќе биде дел од големиот настан „Европска недела на мобилност“ под мотото „Паметна мобилност, силна економија“, каде трета година по ред со свои активности е вклучена во одбележувањето на настаните. Во рамки на овогодинешната организација на одбележување на „Европска недела на мобилност“ која ја спроведува Секторот за заштита на животната средина и природата при град Скопје, Електромобилност организира настан „Електричен полигон 3“.

    Целта на „Електричниот полигон 3“ е преку едукативни брошури и презентација од страна на волонтерите од Електромобилност Македонија и дел од учесниците, да се запознаат и едуцираат младите за електричните возила и нивното значење за општеството, заштитата на животната средина и намалување на загадувањето.

    Овогодинешниот настан е предвидено да биде збогатен со поголем број на електрични возила како е-велосипеди, е-скутери, мали електрични возила, електрични автомобили како и електричен картинг направен од страна на студентите и професорите од Факултетот за електротехника и информатични технологии.
    Настанот е предвидено да започне во 09 часот на паркингот веднаш до aнекс просториите на Факултетот за електротехника и информатични технологии и Машинскиот факултет – Скопје.
    Во рамки на оваа прилика ги покануваме сите вљубеници во новите технологии на мобилноста да бидат дел од овој едукативен настан, да се дружиме со електричните возила, да ја подигнеме јавната свест и заеднички да придонесеме кон зашитата на животната средина и намалување на загадувањето. Ентузијасти со електрични возила се охрабрени и добредојдени.

    Во рамки на организацијата на едукативниот настан за учениците од основните училишта значаен придонес даваат Град Скопје од Секторот за заштита на животната средина и природата, Машинскиот факултет – Скопје, Факултетот за електротехника и информатички технологии, Општина Карпош, ЈП Градски Паркинг – Скопје, ентузијасти за електрични возила и компанијата Мак Аутостар.

    Сите информации за досегашните активности и проекти може да ги видите на web страната http://elektromobilnost.mk/ и фејсбук страната http://bit.ly/2cXvN4Z .

    Организација за електрични возила во Македонија
    Електромобилност Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*