Влијание на непредвидливоста на возниот досег на електричните возила на оптималното планирање на полначката инфраструктура (научен труд)

Highlights на научниот труд

  • Унапреден оптмизациски модел за избор на локации за поставување на полначки станици за електрични возила.
  • Непредвидловста на возниот досего на електричните возила има влијание во формирањето на критеримот за доверливост на полначката инфраструктура.
  • Илустрирана е зависноста на непредвидливоста на возниот досег на електричните возила наспроти вкупните трошоци за поставување на полначката инфраструктура.
  • Извор на локации за поставување на полначки станици со задржување на бараното ниво на квалитет на услугата на полнење.

 

Овој труд го разработува влијанието на напредвидливиот возен досег на електричните возила во формирањето на критериумот за полначка доверливост на полначката инфраструктура. Од логистичка гледна точка, доверливоста на полначката инфраструкура е дефинирана како избор на барем една локација во рамки на возниот досег на електричните возила, со цел да се одстрани недостатокот на електричните возила за имањето на пократок возен досег во споредба со возилата на течни горива. За да се земаат во предвид сите случајности кои што можат да се појават во реалноста и кои можат да влијаат на возниот досег на електричните возила, како на пример: ненаполнетост на батеријата, стилот на возење и навики на возачот, мобилноста, конфигурацијата на патот, климатизација во возилото итн, вклучено е непредвидливо растојание како додатна компонента на иницијалниот возен досег на електричното возило, кое што има своја одредена веројатност.

Анализата за влијанието на напредвидливото растојание врз крајниот оптимален предлог план за поставување на полналчката инфратруктура, се базира на поставен оптимизациски модел аплициран на тест патна мрежа за различни веројатностни сценарија за возниот досег, квалитетот на услугата на полнење на полначката инфраструктура, траекториите на движење на електричните возила и различните типови на полначки технологии. Добиена е генерална зависност во која што пократката вредност на непредвидливото растојание, влијае врз формирањето на критериумот за доверливост на полначката инфраструктура, на таков начин да се изберат поголем број на локации за поставување на полначки станици со различна технологија на полнење, и обратно. Последично и трошоците за поставување на инфраструктурата ќе бидат поголеми.

Кога планерите на полналчката инфраструкура би добиле податоци за тоа какво е непредвидливото растојание и согласно тоа и неговата веројатност, тие ќе можат да одлучат во кое оптимално решение ќе инвестираат, за да истоверемено добијат поголема искористеност на полначката инфраструктура и ќе иницираат неограничена мобилност за возачите на електричните возила. Покрај сѐ, планерите на полначката инфраструктура ќе можат да го искористат овој оптмизациски модел како основа за наредни инвестиции во полначката инфраструкутра во иднина и технолошки развој, или за полесно одлучување за усвојување на крајниот план за ширење на полначката инфраструкура.

Ви презентиравме дел од научниот труд на соработникот со нашата организација, истражувачот Сретен Давидов маг. инж. ел. од Факултетот за Електротехника при Универзитетот во Љубљана (Faculty of Electrical Engineering,Tržaška cesta 25, SI-1000 Ljubljana, Slovenija: junior researcher Sreten.Davidov@fe.uni-lj.si), објавен во ревија со импакт фактор.

Трудот е достапен на: http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0360544217316468

Be Sociable, Share!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*