Тесла конвојот 2014 со возилото Тесла Модел С, на 20 септември ќе скршне од оригиналната патека и околу 17 часот од Скопје ќе се упати кон Струмица каде на градскиот плоштад ќе биде организиран настан за струмичани со почеток од 19 и 30 минути. Вечерта ќе се дружиме, по што во недела утро на 21 септември, Конвојот ќе се врати во Скопје и продолжува за Тетово каде ги препуштаме да го направат кругот назад кон Загреб.
Тесла конвојот 2014 е во организација од ЕМКИЦЕ, ИНСАКО, СЕЕУ техонолшкиот парк, ИЛУМИНЕ, чиј предводник ќе биде електричното возило Тесла Модел С. Тимот на НВО Електромобилност Македонија е локален партнер на активностите на Конвојот низ дел од Македонија.