Press "Enter" to skip to content

(настан) Тесла конвој 2014 активности 19/20/21 септември 2014

Тесла конвој 2014 со возилото Тесла Модел С на 19/20/21 септември помина низ Македонија на задоволство на огромна публика со посета на мноштво дестинации, официјални лица од државата и бизнис партнери, посета на повеќе факултетски кампуси и научнички и студентски кадри, имаше дружење со ентузијасти за електрични возила и воопшто граѓанството, при што освен во Скопје каде што возилото се појави на повеќе места на 19 септември, на 20 беше во Струмица, за на 21 септември да продолжи за Тетово, по што продолжи за Приштина, а од таму продолжува за Тирана и Црна гора, за да направи круг назад кон Загреб. Ова беше одлична можност за граѓаните на Македонија да се запознаат со технолошките достигнувања и да го прифатат електричниот бран кој доаѓа, снажно. Му благодариме на Саша Цветојевиќ за фантастичниот ентузијазам и за ширењето на полето за борба, имено, електричните возила.

Тесла конвојот 2014 е во организација од ЕМКИЦЕ, ИНСАКО, СЕЕУ техонолшкиот парк, ИЛУМИНЕ, чиј предводник е електричното возило Тесла Модел С. Тимот на НВО Електромобилност Македонија е локален партнер на активностите на Конвојот низ дел од Македонија.

Mission News Theme by Compete Themes.