Press "Enter" to skip to content

Иницијатива #електромотор

#електромотор by Ruzica

Како ентузијасти, личности со и без технички бекграунд, инженери и иноватори, решивме да се среќавме и да дискутираме на технички теми за електрични возила како тротинети, скутери, велосипеди, колички, трицикли, дронови, и слично, за мали ветерници, пико-хидроцентрали, дизајн, за преобразување на возила со мотори со внатрешно согорување во возила на струја, демонтажа и монтажа, поправки и преправки, за преобразувачи и исправувачи, електромотори и елементи, за батерии, тркала, шасии и набавки на материјали, за субвенции, кабли и конфекција, магнети, за рециклирање на материјали, 3Д принтери, за размена на знаење и книги, за учење од предавања на интернет, дебати и учење од наши колеги и искусни инженери, споделување на алатки и мерни инструменти од сопствени работилници во рамки и за потреби на континуираната работилница којашто ја именуваме: Електромотор.

Размислуваме во насока на решавање на проектни задачи со конкретни решенија и правење на лесни електрични и други возила, според наша и ваша визија, од потреба и од љубопитност, поради забава или по барање или по иницијативи на заинтересирани страни во приватен и јавен интерес.

Се советуваме, разговараме, споделуваме и даваме помош при ваш избор. Ве повикуваме доколку имате или сакате да имате или сакате да се информирате за електрично возило, да научите нешто или пак да споделите ваше знаење за лесни електрични возила или да се дружите заедно со нас во рамки на работилницата, добредојдени сте во сабота на 16 ноември 2019 година, од 11:00 до 13:00 часот, во простории на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје.

Годиште за слободно возење: од 8 до 88.

Повеќе ентузијасти и ентузијастки покренаа иницијатива за формирање на група за лесни електрични возила, линк до настан: #ЕЛЕКТРОМОТОР како група во Организацијата за електрични возила во Македонија – Електромобилност Македонија.

Се гледаме!

Запис од советување

More from ДебатаMore posts in Дебата »
Mission News Theme by Compete Themes.