Press "Enter" to skip to content

Електромобилност Македонија

Опис на загадувачки сустанци | Јаглерод моноксид | CO

CO е безбоен, отровен гас без мирис и вкус. На глобално ниво е проценето дека 80% од јаглерод моноксидот присутен во атмосферата потекнува од природни извори. Природата е способна да го спречи зголемувањето на концентрацијата на CO во атмосферата, бидејќи бактериите во почвата го претвораат во CO2. Останатите 20% произлегуваат…

Опис на загадувачки супстанци | Сулфур диоксид | SO2

SO2 е задушлив гас со остар мирис, кој се формира со согорување на материјали кои содржат сулфур. Тој претставува гас кој, при вообичаени концентрации на амбиентниот воздух, може да реагира со влажноста во воздухот формирајќи сулфурна киселина. При согорување на гориво кое содржи сулфур, сулфурот оксидира во SO2 дополнително реагирајќи…

Опис на загадувачки супстанци | Суспендирани честички | PM10

Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број на извори, како на пример издувниот систем на возилата, греењето…

Македонски Железници | Слободно возење

Фантастичен звук на локомотива и возење Скопје – Табановце. Доживувањето со воз е прекрасно, единствено и магично особено на долги релации, иако и кратките пленат со шмек на филм кој се развива пред нашите очи.  

Железнички троли | Применлив концепт во .мк

Сте чуле размислување да се користи железницата за развој на мали тролејбуси за лична уоптреба кои би биле custom made но кои би ги имале сите специјализирани уреди и технички дозволи за безбедност итн.? Возилото на видеото  пред повеќе години било во Македонија, се работи за Волга ГАЗ М-21 како интересен…

Системот за индуктивно полнење на Тојота

Полнењето на електричните возила во иднина ќе се гледа како паркирање на возилото; системот ќе функционира автоматизирано. Технологија овозможува  полнење на батериите при самото оставање на возилото на паркинг со порамнување на намотките на магнетното коло од возилото со намотките на магнетите на паркингот. Со ова процесот ќе биде поедноставен,…

Безжично полнење за Приус

Тојота започна со тестирање на безжичен/индуктивен систем во Јапонија, Европа и Америка, во 2014. Системот е тестиран со корисниците на Приус кои во суштина би сакале да имаат полесен начин со кој би им се штедело и времето. Се работи за систем кој е познат во електротехниката, имено на тој…

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот

Еколошки освестените држави со децении го пречистуваат возниот парк, само Македонија го гледа виновникот за отровниот воздух во скарата на ќумур. Тоа што никој не го кажува: Народот мора да троши гориво, државната каса мора да се полни. Македонија вози за државата да функционира. Секој граѓанин што поседува возило, несвесно,…

(култура) Започнува нова сезона на Авто Магазин

Драги пријатели, 18-тата сезона на единствениот Авто Магазин во производство на Мишко БАРЗОВ можете да ја следите на Телма секоја НЕДЕЛА во 16:30 минути. Повелете уживајте! link: каналот на АвтоМaгазин на youtube.  

ЕМИТЕР | Претплати се!

Драги луѓе, Ве повикуваме заедно да ги поддржиме напорите на нашите пријатели од ЕМИТЕР кои неуморно со години се борат да го оддржат, за среќа успешно ЕДИНСТВЕНОТО списание за популаризација на НАУКА и ТЕХНИКА во МК; годишната претплата за 11 броја е 1300 денари, со платена поштарина, a списанијата ќе ви…

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА на бесплатен јавен паркинг за полнење на е-мобили во Словенија

Во Словенија има околу 50 електрополначи кои се поставени на тактички позиции низ земјата и кои се во сопственост на Електродистрибуција во сопственост на државата Словенија; станиците за полнење се бесплатни-субвенција. Еве една од нив, на јавен паркинг. Сметам дека е јасно како ова функционира, го носите вашиот електромобил, го…

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА во посета на ДЕВС Словенија

На сликата, полнач за електромобили кој е инсталиран од дистрибутивната компанија Електро Словенија, кај нас би бил ЕВН; на паркинг на повеќе автокомпании, меѓу кои и Рено. Се работи за првата полнач-станица во Словенија, но побитно е што како промотивна активност, секој е-мобил може да ги полни батериите бесплатно што…

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА во посета на БАЕПС Бугарија

Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ беше во посета на невладината организација BAEPS, со којашто имавме работен состанок и беше договорена соработка, со заедничка програма и учество на проекти. Беше разгледана можноста за заедничко аплицирање во европски и други фондови. Направивме контакт со професорот на Транспортниот Факултет Деканот Проф. д-р Иван Миленов кој…

(видео) Предавање на Мартин ЗАИМОВ | Претседател на Бугарската асоцијација за електрични возила | БАЕПС

Конференцијата беше замислена како интернационална и во тоа успеавме со вкулување на нашите пријатели од Бугарија и Словенија. Во следното видео искуствата од Бугарија од г-дин Мартин Заимов:

(видео) Предавање на Асистент Проф. д-р Игор МИШКОВСКИ (ФИНКИ) | Улогата на информатичките технологии во електричните возила

Асистент Проф. д-р Игор Мишковски (ФИНКИ) имаше предавање за информатичките технологии и електричните возила и трендот на информатиката во инженерството како незаменлив и неодминлив дел, имено, денешниот инженер не може да се замисли без фундаментално познавање на информатиката во своите повеќеслојни формати, така што, за сите идни студенти тоа е…

Mission News Theme by Compete Themes.