Press "Enter" to skip to content

Електромобилност Македонија

Меѓународен студентски конкурс за производство на е-велосипеди при факултетот CESLA од Марибор

Неколку сликички-моменти од натпреварот на е-велосипеди од Марибор, Словенија на Плоштад Слобода, од 18 Април 2013, како дел од „Меѓународниот студентски конкурс за производство на електрични велосипеди“, организиран од факултетот CESLA и Факултетот за електротехника FERI од Марибор. На настанот НВО DEVS.SI освен за електрични велосипеди ги собра на едно место и граѓаните,…

Мишко Барзов во посета на Масерати Панини

Дел 2 од посетата на Масерати-Панини на крумислав Барзов во историскиот музеј со олдтајмери на Масерати, видеото на Youtube каналот на Авто Магазин: Скок до дел од видеото: Мицубиши флеш вести 1:06 Масерати 3:52 Масрати-Панини 11:26 Аутомотив Груп-Стибера 13:19 Мерцедес ЦЛА 17:11 Масерати музеј 19:54 Тест Тојота Аурис 24:28 првиот дел…

Околу 22 милиони е-возила ќе бидат продадени до 2020

Иако продажбата на електричните возила не е според очекуваната динамика на владите и автоиндустријата, сепак продажбата има нагорна линија. И плаг-ин електричните возила како и хибридните возила се широко достапни во Азиа Пацифик, Северна Америка, Западна Европа и се промовираат во Источна Европа, Латинска Америка и Блискиот Исток. Според извештајот…

VOLAR-e

моќ 827 kW или над 1000 коњски сили батериски пакет 38 kWh вртежен момент 1600 Nm од 0 до 100 за 2.8 секунди топ брзина 305 km/h но, ако се вози на максимална брзина батериите се цедат за 3 минути, a во случај да се вози нежно, што е невозможно:)…

е-возило од бамбус | Toyota Me.We

Како своевидна анти-кризна кола, новото симпатично концепт количе на батерии на Тојота, ако ништо друго е визионерско. Развиено со француски дизајнер, Жан Мари Масуд, новото Toyota Me.We е со идеја да се премостат сегашните економски, хумани и еклошки предизвици со кои е соочен денешниот транспорт. Овој супермини концепт е еден вид анти-стрес…

Соларен авион го надлетува Сан Франциско

Според вградените елементи (панели, батерии, електроника, мотори итн.) се смета за најнапреден соларен авион, кодно имануван Соларен имплус;  двочасовниот лет е припрема за подолгиот лет кој соларниот авион ќе го има во мај над планинските масиви на Америка. Според планот, авионот ќе „одмори“ во Феникс, Далас, Вашингтон и Њу Јорк…

Конверзија на скутер во е-скутер | Борче Трајковски и Васко Ачковски

Борче Трајковски и Васко Ачковски од Битола конвертираа скутер под име Тесла скутер, при што моторот за внатрешно согорување го променија со електричен мотор, батериски пакет и соодветна електроника. Конверзијата е со трифазен наизменичен индукциски мотор со 6 полови и врвна моќ од 6 [kW]. Комплетната спецификација за Тесла скутерот тука. Браво…

Сименсовиот проект eCorner

Иако автомобилските индустрии и компании повеќе личат на маркетинг агенции, сепак некои идеи вредат да се погледнат одблиску, тоа е таканаречената суспензија во секое поединечно тркало од колата (in-wheel suspension). Инженерите на Сименс и инженерите на VDO веќе подолг период работат на интеграција на контролата на воланот, амортизацијата, сопирачките и погонот…

Нова генерација и архитектура на суперлесно возило | Very Light Car

Тимот на Едисон 2 ја доби прогресивната анграда Automotive X Prize со својата ултра лесна кола (Very Light Car – VLC) во 2010. Електричната верзија на VLC беше прикажана во 2011, а денес, aприл 2013 можеме да ја погледнеме новата архитектура на машината која ќе биде база за прототипот кој…

Денот на колективната одговорност

22 Април е Интернационален ден на планетата Земја. Мора да разбереме дека екосистемите и ресурсите на Океанија овозможуваат живот и одржливост на животот во сите форми, но особено, битна е нашата силна меѓузависност. 22 Април е ден на колективна одговорност за човештвото според Декларацијата од Рио од 1992 во која…

Smart grid | Паметни мрежи

Филмчето го постираме за да се разбере основниот концепт, имено, што е тоа паметна мрежа?; во насловот сметав дека е добро да се остави англискиот израз за да се разбере дека тоа е тема на која сериозно се работи на сите универзитети, па и на нашиот Факултет за електротехника и информациски…

Бројот на инсталирани електрополначи во Америка расте рапидно

Полначите се инсталираат со одлична динамика. Постои возбуда околу бројот на инсталирани станици, но вистински никој не разбира колку брзо инфраструктурата за електричните возила, имено, електрополначите се инсталираат. На AutoblogGreen може да прочитате дека во Америка на приватни и јавни места се инсталираат во просек околу 180 полначи на месец,…

Инфраструктура: електрополначи за електрични и плаг-ин хибридни возила

Полначот SOBEM-SCAME со системот PULSE е инсталиран од компанијата THEPAULT на паркинг на Auchan SEMECOURT во Април 2013 и овозможува бројни погодности. Овој терминал обезбедува полнење на било кое електрично возило, вклучително и Рено ЗОЕ, за кое пишувавме, но и за други електрични коли. Тоа е модерен терминал кој може…

Електрична ФОРД Фиеста

Германската команија Schaeffler има решение за електрично возило кое ќе им се допадне на купувачите. Компанијата успешно конвертирала Ford Fiesta во електрично возило со заден погон со користење на мотор вграден во самите тракала (wheel hub motor), кој ја менува динамиката на возење на Форд-от. Можеби конверзијата на возила со…

ДУТ12 | Мала тркачка формула направена од студенти

ДУТ12 е втор електромобил кој е составен од тркачкиот тим на Универзитетот ДУТ. ДУТ12 има погон на четири тркала. Со тоа е овозможено системот за кочење да биде употребен за полнење на батериите со што се овозможува поголема ефикасност. За разлика од претходниот модел ДУТ11, батериите не се местат зад…

LG Chem ќе почне со произвоство на батерии во Мичиген

Јужнокорејската LG Chem ќе почне со производство на батерии за електромобили во Мичиген во втората половина од 2013. Компанијата се обидува да го обнови производството, иако побарувачката за електромобили не е на планираното ниво. Пробното производство ќе започне во Јули или Август, најави Ким Јонг-хјуин, одговорниот во одделот за батерии…

Audi R8 e-tron зад сцената на Ајрон Мен 3

Прототип од електромобилот Audi R8 e-tron, електричниот ѕвер, ќе му биде придружник на Роберт Дауни Џуниор во Ајрон Мен 3. За потребите на филмот специјално од Германија е донесен Audi R8 e-tron како дел од декорот на црвениот тепих, за премиерата во Лондон. Зад сцената: Освен Audi R8 e-tron, во Aјрон…

Станица од 50 kW за брзо полнење на е-возила | Terra 53

Компанијата ABB ја претстави Terra 53, својата прва DC станица за брзо полнење на батерии за електрични возила со моќност од 50 kW. Време на полнење на батериите: 15-30 мин. Terra 53 ќе се испорачува низ Европа од ова лето, а кон есен ќе биде достапна и таканаречената дуал конфигурација при…

Mission News Theme by Compete Themes.