Press "Enter" to skip to content

Posts published in “Енергија”

Eнергија

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – пантограф и троли | Кирил Минанов

Пантограф е уред којшто влече електрична енергија од надземен вод за електрични возови или трамваи. Терминот произлегува од сличноста на пантографските уреди за копирање и пишување и цртежи. Најзастапен тип на пантограф денес е таканаречениот полупантограф или „Z пантограф“, пантограф во форма на латиничната буква „Z“, којшто еволуирал во компактен…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – траси | Кирил Минанов

Градоначалникот или Градоначалничката на Град Скопје кој/којашто ќе почне да го гради лесниот трамвај ќе влезе во историјата на градот како историјска личност, како визионер. Во таа смисла, Генералниот урбанистички план и Деталниот урбанистички план на Град Скопје ќе мора да ги фиксираат шинските траси за да не може во…

(download) Мoжности и ограничувања за примена на електричните возила во Македонија | Ѓорги ЉУБОТЕНСКИ

Ви презентираме одлично четиво на дипломираниот машински инженер Ѓорги Љуботенски и студент на пост-дипломски студии за електрични возила, дефинирано во концептуална абстрактна рамка во којашто се студира дисциплината на електрични возила, во стратегиите, во односите, во параметрите и структурата на размрежените визии, комплементарни на македонското како дел од глобално движење…

(download) Безбедносни аспекти на батериите применети за погон на возила со посебен осврт на литиум – јонските батерии | Илија ДИМИТРИЕВ

Со големо задоволство Ви ја презентираме во целост, дипломската работа на Илија Димитриев, којшто сработи труд на Машински факултет – Скопје, поврзан со батерии, коишто се користат за погон на моторни возила. Документот можете да го спуштите, да се информирате, да научите и да примените, а Илија можете да го…

(инфо) Eлектрификација на Македонски Железници | монофазен AC 25 [kV] 50 [Hz]

Железничката мрежа е составена од едноколосечна пруга по која сообраќаат возови од двете насоки. Должината на железничката мрежа во Македонија изнесува 925 километри, од кои: отворена пруга 699 километри, станични колосеци 226 километри, индустриски колосеци 102 километри. Железничката инфраструктура во Македонија располага со 327 километри електрифицирана пруга со колосеци, од…

(download) Енергетски извори во електрични и хибридни електрични возила | Милан Даниловски

Ви презентираме нова дипломската работа изработена по предметот Автономни електрични возила од Институтот за електрична влеча (по старо) 🙂 при ФЕИТ од дипломираниот електро инженер Милан Даниловски кај менторката Проф. д-р Снежана Чундева која што ја споделуваме со читателите на порталот на ЕЛМ кое ќе им помогне на мноштво кадри…

Со возила на струја до помало загадување | Катерина Панчевска

И покрај потенцијалните придобивки, широкото прифаќање на електричните возила се соочува со неколку пречки и ограничувања. Тие се значително поскапи од возилата со класични мотори и хибридните електрични возила, постои недостиг од инфраструктура за полнење на возилата, поради што како проблем се јавува и ограниченото растојание што можат да го…

Индекс за квалитет на воздух

Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот. Овој индекс за квалитет на воздух е развиен преку Заеднички информации за воздух во…

Безжично полнење за Приус

Тојота започна со тестирање на безжичен/индуктивен систем во Јапонија, Европа и Америка, во 2014. Системот е тестиран со корисниците на Приус кои во суштина би сакале да имаат полесен начин со кој би им се штедело и времето. Се работи за систем кој е познат во електротехниката, имено на тој…

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот

Еколошки освестените држави со децении го пречистуваат возниот парк, само Македонија го гледа виновникот за отровниот воздух во скарата на ќумур. Тоа што никој не го кажува: Народот мора да троши гориво, државната каса мора да се полни. Македонија вози за државата да функционира. Секој граѓанин што поседува возило, несвесно,…

(видео) Ветерни електрани Богданци | Информации

Во видеото се распоредени основните податоци, имено, инсталирана моќ на секоја ветерна-турбина, просек од 2 до 2.5 MW, вкупно 50 MW; средно годишно производство, според студиите, околу 125 [GWh], но да го заокружиме на 100 [GWh], поврзување со електроенергетскиот систем на 110 [кV] мрежа и 60 [MVA] трафо. Според информациите…

Автономна ветерна турбина која всушност е авион

На 9ти мај 2013 тимот на Макaни тестираше комплетно автономен авион-систем кој ќе функционира како ветерна турбина-генератор. На видеото може да се види идејата од лансирање и полетување преку генерирање на електрична енергија и слетување, вклучително со слики од претходни тестирања. Верзија на истотоо видео со брзина на камера 5x,…

(видео) Како функционира ветерна турбина?

3Д поглед од внатре на сите компоненти, разни типови на дизајни и распределба на деловите на функционирање на ветерна турбина-генератор, вклучително со разни шеми на конструкција, проектирање и изведба; како работат и што конкретно прават, a воедно согледување на разликите помеѓу разните модели и големини кои можеме да ги видиме…

(видео) Три виртуелни турбини | Пелтонова | Францисова | Капланова

Видеото е мошне интересно и го постираме како сума на претходните три поста; го вклучуваме видеото на порталот, имено во 1 минута и 17 секунди е даден виртуелен приказ на трите најчесто користени хидро-турбини: Пелтонова, Францисова и Капланова, иако постојат и многу други турбини.

(видео) Капланова турбина | Хидроенергија

Каплановата е турбина е еволуција или природно опишано, подобрена Францисова турбина. Тоа е тип на пропелерна турбина со адаптабилни перки. Иновацијата на Капалновата турбина овозможува производство на електрична енергија при ниска висина на браните. Развиена е од австрискиот професор Виктор Каплан во 1913 година, кој направил комбинација на автоматски адаптабилните…

Mission News Theme by Compete Themes.