За Проф. д-р Милан Ќосевски, барем од нас инженерите не би требало посебно претставување, меѓутоа, Професорот е шеф на Институтот за возила при Машинскиот Факултет – Скопје околу 20 години, два пати Декан на Машинскиот Факултет – Скопје и најзначајниот научник кој што за потребите на Република Македонија го локализираше и помагаше во синхронизација на македонското законодавство со европското во смисла на хомологација, возила итн. Му благодариме што ни помогна во организирањето на настанот, како логистика и со негови совети и поради тоа, неговата величина, ако така можам да напишам кај нас во ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ е уште повисока, повелете предавањето во кое се предлага она за што се боревме уште во почетокот, да се формира модул во смисла на електрични возила како интердисциплинарни студии во коишто една третина од предавањата би биле од машинство, третина електрика и третина програмирање и нормално, напредни материјали, Професорот предложи листа на предмети кои би можеле да го содржат тој модул, а тоа е мошне интересно за сите идни студенти, за сите идни потенцијални магистранти итн. така што заедно со предавањата од Конференцијата и комбинирано со неговиот предлог, сметаме дека може да се дојде до тоа што во суштина мора да го има како модул на УКИМ, имено инженерски модул за електрични возила, предавањето:
(видео) Предавање на Проф. д-р Милан ЌОСЕВСКИ (МФС) | Автомото инженерство
More from НастаниMore posts in Настани »
- Меѓународна конференција „Енергетика 2020“ | Здружение на енергетичарите на Република Македонија | излагања .пдф
- EBIKE FUTURE CONFERENCE 2020 | 26/30 oct 2020 | LEVA-M
- (event) Communities ethics – green social entrepreneurship and caring for a sustainable environment | sbch.org.mk | 17 march 2020
- (настан) За климата се работи | Музеј на Илузии – Скопје | 25122019 почеток 10:45