Тимот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ беше во посета на невладината организација BAEPS, со којашто имавме работен состанок и беше договорена соработка, со заедничка програма и учество на проекти. Беше разгледана можноста за заедничко аплицирање во европски и други фондови.
Направивме контакт со професорот на Транспортниот Факултет Деканот Проф. д-р Иван Миленов кој е подготвен за соработка.
Со колегите од БАЕПС беше разгледана и можноста за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Од бројните идеи и дискусии кои ги имавме, беше потенцирана идејата за промовирање на електричните возила која успешно функционира во Бугарија како test-drive во соработка со автомобилските претставништва, за што ние исто така во Македонија би можеле да размислиме како соработка со нашите претставништа, нешто што лесно допира до пошироката јавност.
Беа воспоставени контакти со г-дин Червенков, г-дин Иванов, г-дин Попов, сите на различни начини вклучени во идејата за електрични возила, независно дали се работи за професори, производители, ентузијасти итн.
Направивме контакти со фирми и луѓе кои што произведуват и тргуваат со електрични возила, а исто така и делови за истите.
Македонија ќе мора да специјализира и инвестира во луѓе преку докторски студии за електрична влеча, нешто што го имавме со Проф. д-р Чекреџи, како и знаење кое постои во Македонија за мрежи во мрежи или мрежа во мрежа, имено за трамвајски сообраќај поради тоа што неминовно, барем во почеток, со Скопје, а потоа и како интерконекција помеѓу градовите и нормално понатаму помеѓу соседските држави е потребно да имаме знаење и пренос на тоа знаење на инженерските кадри од сите сродни рангови, према тоа, електрична влеча и проектирање на мрежи во мрежа.
Оваа година се навршуваат 40 години од електрификацијата на пругата Скопје~Ниш и 27 години од електрификацијата на пругата Скопје~Гевгелија. Тоа сеуште е промашена инвестиција за нашите услови на експлоатација на железниците. Имено само со интензивна експлоатација електрифицираниот сообраќај може да биде исплатлив. Пред 40 години имавме референдум за електричен трамвај и тролејбус во Скопје. Одговорот беше НЕ. Сметам дека и сега треба да се одржи референдум. Мојот одговор и сега е НЕ за трамвај и ДА за електромобил.