Електромобилност Македонија продолжува со своите активности во насока на приближување на електричните возила до граѓаните на нашата држава. Во таа насока се и последните иницијативи до Општина Центар, до Град Скопје, до Влада на РМ, во прилог.
До Општина Центар испративме писмо, архивирано, во коешто бараме овозможување на бесплатни паркинзи за сите електрични и хибридни возила на сите отворени паркинзи и гаражи низ центарот на градот.
До Совет на Град Скопје доставивме писмо, архивирано, во коешто предлагаме иницијатива за субвенционирање при набавка на електрични велосипеди и електрични скутери, преработка во електрични велосипеди и електрични скутери и бесплатни паркинзи за електрични и хибридни возила низ Скопје.
Одговорот од Град Скопје пристигна на 17 септември 2018 година.
До Влада на РМ, до Заменик претседател на Влада на Македонија, Проф. д-р Кочо Анѓушев, испративме писмо (11 септември 2018) во коешто ја освежуваме иницијативата за ослободување од плаќање на патрини за електрични и хибридни возила.
Одговор од Заменик претседател на Влада на Македонија г-дин Анѓушев пристигна на 8 октомври 2018.
Одговор од Јавно претпријатие за државни пратишта пристигна на 9 октомври 2018.