🔴 Причини: Човечки фактор, потикнат од разни побуди
– да се отстрани она што останало на нивите,
– да никне нова трева за пасење на добиток,
– да се исечат дрва,
– да се зголемат пасишта, земјоделско земјиште на сметка на шуми
– да се претвори во градежна парцела,
– да се извади бакар од кабли и друг “заробен” метал
– да се отстрани отпад
– онака, дека им се пали
📛 Само во Скопско годинава до 18ти март имало 545 пожари. Лани до крај на март биле 220. За првите два месеца биле запалени 40 контејнери во Скопје.
📛 Во струмичко пожарите се во постојан пораст, 2014-317, 2015-379, 2016-381, 2017-542, 2018-511. Минатата есен, само во септември и октомври било интервенирано на гасење на 189 пожари.
📛 Во охридско имало рекордни 135 пожари до 14ти март.
📛 Во кумановско од 1ви до 19ти октомври минатат година, биле гасени 85 пожари. Претходната година во тек на цел октомври имало 25.
📛 Во кавадаречко до 12ти март годинава имало повеќе од 115 пожари.
📛 Во кочанско имале 64, трипати повеќе пожари во февруари од лани. Минатата година била рекордна со 338 регистрирани пожари.
📛 Во гостиварско од почеток на март до 12ти имало 57 пожари. Лани во тек на цел март имало 16 пожари.
Гори низ целата држава, на сите страни, авиони гаснат пожари, губиме цели шуми, горат депонии, воздухот е загаден, жителите загрозени, се гушиме во чад.
⁉️ Што прават сите (не)надлежни во државава? Освен што веројатно се молат никој да не им го постави прашањето за нивната одговорност во сите овие случаи, и со тоа да им го расипат пролетниот ден. Колку казни се изречени по сите основи и закони да се спречат овие појави, сите до една казниви?
📢 Јавно го повикуваме претседателот на Собрание Talat Xhaferi кој на втората научна конференција за аерозагадување оддржана на Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово, 30.10.2017, изјави: “Лично, како претседател на Собранието на Република Македонија, сакам да ве уверам дека секогаш, во рамките на моите надлежности, ќе застанам зад секоја иницијатива или предлог кој што ќе биде во функција на намалувањето на аерозагаденоста и воопшто заштитата на човековата средина. Во исто време, верувам дека во овој мандатен период парламентарното мнозинство и опозицијата ќе имаат политичка волја, преку парламентарните механизми: комисиски и јавни расправи, усвојување законски решенија, надзорни расправи да го реализираат мотото на екологистите.”
Да свика собраниска расправа на тема: Масовните недозволени палења во државава и несправувањето со алармантната ситуација на терен.
📢 Ја повикуваме Влада на Република Македонија да свика вонредна седница со единствена точка за расправа: План за брза акција – Како до спроведување на законите, одговорност од надлежните и ставање на крај на масовното палење во државава.
📢 Го повикуваме Петре Шилегов да свика вонредна седница на Совет на Град Скопје со единствена точка: Масовното палење во градот и околината кое влијае на жителите на град Скопје, (не)спроведување на законите, утврдување на причините за непостапување на комуналните инспектори и инспекторите за животна средина на терен, нивно отстранување и казнување на сторителите.
📢 Ги повикуваме градоначалниците Стефан Богоев Zlatko Marin Борис ГеоргиевскиФилип Темелковски Aleksandar Naumoski Саша Богдановиќ Blerim Bexheti Visar Ganiu – Faqja zyrtare Dudush Kurto Kucoo Velimir Smilevski да свикаат вонредна седница на Советот на општините со единствена точка на дневен ред: Секојдневната појава на недозволено палење на отворено во општината и соседните гранични општини, воспоставување на меѓуопштинска соработка по ова прашање,(не)спроведување на законите, утврдување на причините за непостапување на комуналните инспектори и инспекторите за животна средина на терен, нивно отстранување и казнување на сторителите.
📢 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ljupcho Nikolovski кој на доставен допис од граѓанин за масовната појава на палење на отворено на 26.04.2018 одговори дека ова прашање заслужува сериозен третман и внимание и дека наредниот ден на Управувачки комитет би го отвориле прашањето. Што презело неговото министерство кое преку Државниот инспекторат за земјоделство е одговорно за санкционирање на палење на оган во посевите, во стрништата и во нивна близина? а преку Државниот инспекторат за шумарство и ловство е одговорно за санкционирање на палење на отворен оган во шума и на земјиште во непосредна близина на шумата? Зошто комплетно затајуваат на терен и дозволуваат вакво масовно палење низ државава?
Очекуваме одговор и свикување на вонредни седници на сите нивоа во државава по овој масовен и алармантен проблем.
➡️ Во продолжение е листа на закони според кои е забрането и мора да бидат изречени казни за сите енормни палења кои ни се случуваат секојдневно во државава.
🔶 ЗАКОН ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА
🔸 Член 14-а
Заради обезбедување на јавна чистота на јавни површини е забрането:
– палење, закопување и уништување на смет,
– палење и уништување на садовите за собирање смет
(2) Заради обезбедување на јавна чистота на неизградено градежно земјиште сопственост на физички и правни лица во централното подрачје на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје забрането е:
– палење, закопување и уништување на смет,
🔸 Член 19
Заради обезбедување на јавна чистота на отворените простории на јавните објекти е забрането:
– палење, закопување и уништување на смет,
🔸 Член 29
Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:
3) постапува спротивно на одредбите од …. и членот 14-а од овој закон.
Глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице, ќе му се изрече за прекршокот од ставот 1 на овој член и на одговорното лице во правното лице.
🔸 Член 33
Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност во мандатна постапка со издавање на мандатен платен налог ќе му се изрече на физичко лице, ако:
– постапува спротивно на одредбите од членот 19 на овој закон
🔸 Член 33-а
Глоба во износ од 150 до 200 евра во денарска противвредност во постапка за издавање на прекршочен платен налог ќе му се изрече на физичко лице за прекршок, ако постапува спротивно на одредбите од членот 14-а од овој закон.
🔸 Член 34
Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице и трговец поединец ако постапува спротивно на членовите 18 и 19 од овој закон.
Глоба во висина од 30% од одмерената глоба за правното лице, ќе му се изрече за прекршокот од ставот 1 на овој член и на одговорното лице во правното лице, односно одговорното лице во трговец поединец.
🔶 ЗАКОН ЗА КОМУНАЛНИТЕ ДЕЈНОСТИ
🔸 Член 43
Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице, во мандатна постапка со издавање на мандатен платен налог, ако постапува спротивно на одредбите од Одлуката за комунален ред.
🔸🔸 Одлука за комунален ред во градот Скопје
🔸🔸 Член 16
(2) Дворните места и неизграденото градежно земјиште, како и местата/површините што се наоѓаат внатре или меѓу станбен или деловен блок или меѓу објекти, мораат да се одржуваат во уредна и чиста состојба.
(3) На површините од ставот (2) на овој член е забрането оставање, фрлање, складирање или спалување на отпадот.
🔸🔸 Член 25
(1) На јавните зелени површини не е дозволено:
– палење на оган и палење на стебла;
🔸🔸 Член 53
(2) Заради заштита на објектите на комуналната инфраструктура, комуналните уреди и опрема се забранува:
– палење на оган на или близу објектите, уредите и опремата.
🔶 ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ
🔸 Член 46
Заштита од пожари
Корисниците на земјоделското земјиште се должни да спроведуваат мерки за заштита од пожари согласно со прописите за заштита од пожари.
Се забранува палење на оган во посевите, во стрништата и во нивна близина.
🔸 Член 61
Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:
5) пали оган спротивно на членот 46 став 2 од овој закон.
Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот 1 на овој член.
Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок од ставот 1 на овој член.
🔶 ЗАКОН ЗА ЛОВСТВОТО
🔸 Член 23
Забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиште.
🔸 Член 77
(1) Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на концесионерот на дивечот во ловиштето или на друго правно лице, ако:
4) во ловиште пали стрништа, плевел или други растителни отпадоци (член 23);
(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице на концесионерот на дивечот во ловиштето или друго правно лице за прекршоците од ставот (1) на овој член
🔸 Член 79
(1) Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако:
5) пали стрниште, плевел или други растителни отпадоци во ловиште (член 23);
🔶 ЗАКОН ЗА ШУМИТЕ
Палење на отворен оган
🔸 Член 54
1) Забрането е палење на отворен оган во шума и на земјиште во непосредна близина на шумата, на растојание најмалку од 200 метри од работ на шумата.
Правење на просеки и набљудувачници
🔸 Член 56
1) Субјектите кои стопанисуваат со шумите и сопствениците на шуми, во зависност од степенот на загрозеност на шумата се должни да преземаат посебни мерки за заштита од пожари (правење просеки во шума, подигање на појаси од лисјарски видови дрвја во иглолисни шуми, поставување набљудувачници, организирање на набљудувачка, известувачка, противпожарна служба и слично).
2) Правните и физичките лица кои преку вршење на својата дејност предизвикуваат шумски пожари се должни да ја надоместат штетата на субјектите кои стопанисуваат со шумите, како и сопствениците на шуми.
🔸 Член 102
1) Глоба во износ од 20.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на правното лице, доколку:
13. пали отворен оган во шума и шумско земјиште спротивно на членот 54 став 1 од овој закон;
15. не преземе посебни мерки за заштита на шумите од пожари согласно со членот 56 став 1 од овој закон;
2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во правно лице за прекршокците од ставот (1) на овој член.
3) Доколку одговорното лице во правното лице прекршоците ги извршило од користољубие или со нивно извршување е предизвикана поголема имотна штета ќе се изрече глоба во двоен износ на глобата од ставот (1) на овој член.
4) Покрај изречената глоба на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење на должност во траење до 30 дена.
🔸 Член 105
1) Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице, доколку:
7. пали отворен оган во шума спротивно на членот 54 став 1 од овој закон;
2) Доколку физичкото лице прекршоците ги извршува од користољубие или со нивно извршување е предизвикана поголема имотна штета ќе му се изрече глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност.
3) За прекршоците од ставот 1 точки од 1 до 13 на овој член покрај глоба се изрекува и мерка на безбедност одземање на предмети употребени или наменети за извршување на прекршокот, како и безправно присвоените предмети кои настанале со извршување на прекршокот.
🔸 Член 106
1) Глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице, доколку:
3. не презема посебни мерки за заштита на шуми од пожари (член 56 став 1);
2) Доколку физичкото лице прекршоците ги извршува од користољубие или со нивно извршување е предизвикана поголема имотна штета ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.
3) За прекршоците од ставот 1 точки од 1 до 10 на овој член покрај глоба се изрекува и мерка на безбедност одземање на предмети употребени или наменети за извршување на прекршокот, како и безправно присвоените предмети кои настанале со извршување на прекршокот.
🔶 ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА
Забрана на користење на природата
🔸 Член 12
Забрането е користење на природата на начин кој предизвикува:
1) оштетување или уништување на биолошката и пределската разновидност;
2) деградација на почвата и губење на нејзината плодност;
5) загадување на воздухот.
Категорија III – споменик на природата
🔸 Член 76
(3) Во спомениците на природата и во нивната непосредна близина не се дозволени активности кои ги загрозуваат нивните обележја и вредностите, заради кои се прогласени за споменици на природата.
🔸 Член 181
(1) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице доколку:
15) презема активности кои ги загрозуваат обележјата и вредностите, заради кои определено подрачје е прогласено за споменик на природата (член 76);
(2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговецот поединец за дејствијата од ставoт (1) на овој член.
(3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член.
(4) Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставoт (1) на овој член.
(5) Доколку со прекршоците од ставот (1) точки 2, 3, 4, 6, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 23, 24, 25 и 26 на овој член настане поголема штета врз природата се изрекува санкција сразмерна на причинетата штета, но најмногу до двократен износ од износот утврден со ставот (1) на овој член.
🔸 Член 182
(1) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече за прекршок на правно лице доколку:
1) презема активности за користење на природата на начин кој предизвикува оштетување или уништување на биолошката разновидност (член 12 точка 1);
2) презема активности за користење на природата на начин кој предизвикува деградација на почвата и губење на нејзината плодност (член 12 точка 2);
24) постапува спротивно на одредбите од членот 76 на овој закон;
(2) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговецот поединец за дејствијата од ставoт (1) на овој член.
(3) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице односно за трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец за дејствијата од став (1) на овој член.
(4) Глоба во износ од 300 до 450 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице за дејствијата од ставoт (1) на овој член.
(5) Доколку со прекршоците од ставот (1) на овј член настане поголема штета врз природата се изрекува санкција сразмерна на причинетата штета но најмногу до двократен износ од износот утврден со ставот (1) на овој член.
🔸 Член 183-а
(1) Глоба во износ од 30 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице доколку:
2) пали огин во заштитени подрачј а и
3) фрла отпушоци од цигари во заштитено подрачје.
(4) Глоба во износ од 80 до 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице доколку:
1) не ја извести чуварската служба основана или определена од субјектите кои ги вршат работите на управување со заштитеното подрачје за забележано загрозување на одредени видови или за недозволени активности кои се спроведуваат на заштитеното подрачје.
🔶 ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ
🔸 Член 24-а
Неконтролирано отстранување на отпадот
Забрането е оставање, фрлање, напуштање, спалување или неконтролирано отстранување на отпадот.
🔸 Член 139
Општи прекршочни санкции за правните и за физичките лица
(1) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице односно на трговец поединец кое постапува со отпад, доколку:
4) остава, фрла, напушта, гори или неконтролирано отстранува отпад (член 24-а);
(2) Глоба во износ од 300 до 450 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице кое постапува со отпад за дејствијата од ставот (1) точки 3, 4, …, на овој член.
(5) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице односно на трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице односно во трговец поединец кое постапува со отпад за дејствијата од ставот (1) на овој член.
(7) На одговорното лице од ставовите (5) и (6) на овој член, прекршочниот орган може да му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на должноста во траење од 3 до 15 дена.
(8) За дејствијата од ставот (1), точки 4, 11, 13 и 19 и ставот (3) точки 9 и 25 на овој член, покрај органите на инспекциски надзор од членот 126 на овој закон, право и обврска за увид има и работник на органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешни работи.
(9) Во случаите од став (8) од овој член работникот на органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешни работи е должен за наодот од увидот да достави пријава за покренување на прекршочна постапка до надлежниот инспектор за животна средина.
🔸 Член 142-а
Прекршочни санкции за физички лица
(4) Глоба во износ од 150 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок доколку
1) отстранува (спалува и/или закопува) отпадни гуми, отпадни масла, отпад во природата и/или патиштата (член 24-а).
🔶 КРИВИЧЕН ЗАКОНИК
Предизвикување шумски пожар
🔸 Член 227
(1) Тој што ќе предизвика шумски пожар па поради тоа ќе настапи штета од големи размери, ќе се казни со затвор најмалку осум години.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што ќе предизвика пожар во заштитена шума, национален парк или во друга шума со специјална намена.
(3) Тој што ќе предизвика два или повеќе шумски пожари, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(4) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со затвор од три до пет години.
Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости
🔸 Член 264
(1) Тој што ќе оштети или уништи движно добро, археолошко наоѓалиште или друго недвижно добро под привремена заштита, културно наследство или природна реткост, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(4) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Предвизвикување општа опасност
🔸 Член 288
(1) Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено на место каде што се собрани поголем број луѓе, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.
(4) Тој што делото од ставовите 1, 2 и 3 го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(5) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
ИЗВОР: Објава на 27 март 2019 на ФБ страна на О2 Иницијатива