На сликата е прикажан шематски приказ на трака којашто се состои од две шини кои стојат на праг којшто може да биде од процесирано дрво, бетон или челик, прицврстени со помош на соодветнa подлогa.
На железничките линии, праговите се закотвени на баласт од чакал или на бетонски платформи коишто имаат вградени елементи коишто ограничуваат пренос на вибрации.
При преминување на мостови, шините може да бидат поставени директно на структурата со соодветни елементи коишто се применуваат за да се овозможи контролирано термичко проширување во различни услови во годината.
Типичен железнички пресек
Стандардизирани профили, карактеризирани според маса (линеарна) се движат од:
- лесни шини со линеарна маса од 21 до 36 [kg/m],
- до тешки од 50 до 60 [kg/m], коишто се користат за железници за тежок товар, но и метро линии.
Траката е формирана од две шини со должина L коишто се поврзани со зглобови што овозможуваат движење при термичка експанзија.
Подлогата на траката може значително да се подобри со намалување на растојанието помеѓу праговите и зголемување на нивната маса или со нивно поставување на бетон. Ова овозможува елиминирање на зглобови, бидејќи шините можат да бидат стегнати и заварени на начин што траката ќе биде составена од долги непрекинати заварени профили, што е значајна придобивка за квалитетот на возењето на возниот парк.
Кај електрично-влечните линии, шините се користат како негативен потенцијал во однос на линијата на напојување, а бидејќи зглобовите предизвикуваат дополнителен електричен отпор, тие се краткоспоени со помош на флексибилни бакарни врски, заварени помеѓу соседните железнички делови. Предност со ова решение е што се елиминираат зглобовите или барем се намалува нивниот број.
Ширина помеѓу шини
Растојанието помеѓу внатрешните страни на шините, мерено од врвот на шините е ширина на пруга: Најчесто користена ширина во приближно 60% од светските железници е со ширина од 1435 милиметри.
Во таа смисла, постојат тесни и широки железнички пруги:
- ширина од 1520 милиметри се користи во Русија, а
- ширина од 1600-1668-1676 милиметри се користи во Шпанија, Португалија, Латинска Америка и Индија.
Тркалата имаат челичен раб којшто легнува врз горната површина на шината и има рабник/прирабница. Вообичаено, тркалата се од цврста, ригидна конструкција, составена од раб прицврстен на челично тело или се лиени во една цврста единица.
Во трамвај може да се користат „еластични тркала“ со гумени сегменти коишто би биле подесени помеѓу тркалото и гумата.
Две тркала и оска сочинуваат осовински сет, а возилото автоматски „се води“ од прирабници. Овој систем e многу ефикасен и овозможува формирање на конвои кои можат да бидат многу долги, бидејќи со нив може да се управува со влечење и буткање по шините.
Тракција
Терминот тракција или „влеча“ укажува на збир на феномени, опрема и системи коишто придонесуваат да се предизвика движење на возила; „електричниот” атрибут ја одредува механичката сила за влечење што се произведува од еден или повеќе електрични мотори.
Идејата за користење електрична влеча наместо термичка карактеристика на мотор на пареа се појавува уште на крајот на деветнаесетиот век со првите мотори на еднонасочна струја (DC).
DC тракција за троли, трамвај и метро
Во градски транспорт со тролејбус, трамвај и метро, DC влеча на 600/750 [V] или 1500 [V] се користи скоро секогаш. Системот на 750 [V] се користи во метро на гуми во Париз, Монтреал, Мексико Сити, Сантијаго, Лион и Марсеј.
AC/DC по број на километри во светот
Поради широкораспространетоста на електричната тракција постојат различни системи, најзначајни се следните:
• DC на 750 [V] во Британија (2000 [km]) со трета железничка шина;
• DC во 1500 [V] во Јапонија, Франција (6000 [km]), Холандија и тн;
• DC во 3000 [V] во Русија (27.600 [km]), Италија (10.500 [km]), Полска, Шпанија (6400 [km]), Јужна Африка, Бразил, Чешка, Словачка, Белгија и така натаму;
• Еднофазна наизменична струја на фреквенција од 16,7 [Hz] на15 [kV], во Германија, Шведска, Швајцарија, Норвешка, Австрија: Вкупно, еднофазната европска мрежа на 16,7 [Hz] опфаќа повеќе од 33.000 [km]. Во САД, фреквенцијата од 25 [Hz] на 11/12 [kV] беше усвоена како еднофазна наизменична електрична влечна сила;
• Еднофазна наизменична струја на фреквенција на 50 или 60 [Hz], на 25 [kV] во Русија (26.800 [km]), Франција (7000 [km]), Јапонија, Индија, бившата Југосфера, Кина, Велика Британија, Унгарија, Финска, и така натаму, и на европски простори на мрежи со голема брзина каде што не постои железничка фреквенција.
Низ светот, развојот на електрифицирани железници е поголем од 250.000 [km], имено над 25% од глобалната железничка мрежа, a 50% од вкупниоу светски железнички транспорт се одвива на електрична тракција.
Европа
Процент на електрифицирани линии во вкупна железница
кон дванаесетиот дел – контрола и управување на микромотори
кон единаесетиот дел – топологии на напојувања и подстаници
кон десетиот дел – формули
кон деветиот дел – ЛРТ мастер план
кон осмиот дел – инженерски антиупатства
кон седмиот дел – тракција и формирање трака
кон шестиот дел – култура X
кон петиот дел – возила и безбедност
кон четвриот дел – пантограф и троли
кон третиот дел – траси
кон вториот дел – шински систем
кон првиот дел – мотори
кон зеро – историја на макжелезници
Thyristor controlled power for electric motors, R. S. Ramshaw
Power electronics, Daniel W. Hart
Power Semiconductor Applications, Philips Semiconductors
Application Manual Power Semiconductors SEMIKRON International GmbH, Wintrich, Ulrich, Tursky, Reimann
Practical Variable Speed Drives and Power Electronics, Malcolm Barnes
Electric traction, Prof. PhD Nikola Lj. Cekredzi, Electro-technical faculty – Skopje, University of St. Cyril and Methodious, 1999
Railway electrification systems & engineering, Shailah Frey
Electrical Railway Transportation Systems, Morris Brenna, Federika Foiadelli, Dario Zaninelli
Electrical Motors and Drives, fundamentals, types and applications, Austin Hughes and Bill Drury
A textbook of electrical technology, Volume III, Transmission, distribution and utilization, 43. Electric traction, B.L Theraja, A.K. Theraja
Electromagnetic Foundations of Electrical Engineering, J. A. Brandão Faria
Traction feeding schematic https://www.irfca.org/docs/traction-feeding-schematic.html
Modern design of onboard traction transformers, Jurkovic, Sitar, Zarko, 2014, Research gate
Power System Modelling for Urban Massive Transportation Systems, Rios, Ramos, 2012, Research gate
Calculation method for powering a tramway network, Jakob Edstrand, CHALMERS, University of technology, Goteborg, Sweden 2012
Објава на мрежа 2019 Македонски железници https://www.mzi.mk/documents/OBJAVA-NA-MREZA-2019.pdf
LRT – Light Rail Transit, Institute of Urban Transport India
Elektricne masine i postrojenja, Naucna Knjiga 1988, Milos Petrovic
Elektricna vuca, Naucna Knjiga 1974, Dr. Inz. Bozidar Z. Radojkovic
Интервју, Зоран Кракутовски, Катедрата за железници при Градежниот факултет во Скопје
Предавања на Добри Чундев, Конференција за ел. возила 2013
Интервју, Петровиќ Слободан
Интервју, Марјан Матевски, МЖ
Keysan lectures http://keysan.me
МАКО СИГРЕ 2007 A1-03R, Развој на асинхрониот мотор од Тесла до денес, Чундев Мирчевски
The PN Junction. Universidad de Granada-Spain Creative Commons By-NonCommercial-NonDerivs
Ферми рамниште на валентни и спроводливи електрони https://www.youtube.com/watch?v=zdmEaXnB-5Q
Политики на ЕВРОПСКА унија EУ Директиви
IEC 62196
Light Rail Transit Association
trampower
abb
Type 2 connector
exciter
IEC Standard 60850, Railway applications – supply voltages of traction systems
IEC Standard 60038, Standard Voltages
Стандард за шински апликации BS EN 50163
Стандард за шински апликации IEC 60850
Safe operating area https://en.wikipedia.org/wiki/Safe_operating_area
Листа на електрифицирани системи
Electrification of the Transport System, European Comission 2017, Directorate-General for Research and Innovation, Studies and Report
Commons
Производители на автобуси, тролејбуси, трамваи, инвертори
bkm
etonltd
trolza
skoda
solarisbus
laz
trans-alfa
vanhool
trolleybus manufacturers
Yaskawa America
OppCharge отворен протокол
ЕЛФА Сименс
HESOP converter, ALSTOM
ЕЛЕМ ветерни паркови
Сименс СГТ750 гасна турбина
Турбини: Пелтонова, Францисова, Капланова
окно
porta3.mk
СКУП МКД
Види Вака медиа, https://www.facebook.com/watch/?v=2132703696851421
Македонски Железници, историја
Македонски Железници, јавни информации
ЈСП информации за Chariot електричен автобус Безбедност за ел. возила и автомобили GB/T 19751-2005
Физибилити студија за трамвајски систем во Град Скопје, јавни податоци
Оригинални слики за ел. возила пред 1930 https://mashable.com
еуростат
GSP
Дизајн на железница, дизајн Владимир Билд информации
Кирил Минанов, предавање за електрични возила, Автономна зона ден 14, ФЕИТ амфитеатар, 24 февруари 2015, 1800 часот
Приватни видеа Кирил Минанов