На 16.04.2019 (вторник) со почеток од 10:00-12:00 часот, на ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје, во просторите на ИНОФЕИТ – Центар за трансфер на технологии и иновации беше организирана презентација на
Студијата е изработена во рамки на грантот за поддршка на „интелигентни мрежи“ во МЕПСО, обезбеден од страна на ЕБОР. Изработувач на Студијата е: DNV GL Energy Advisory GmbH.
Организатор: АД МЕПСО
Ко-организатор: IEEE Republic Of Macedonia Chapter, PE31
Кратка информација за Студијата
Електричните возила се неминовност; во моментов се дискутира и се прават различни претпоставки за нивниот број, но и кој од различните концепти ќе стане доминантен во блиска иднина. Очекувањата се дека во скоро време бројот на електрични возила значително ќе се зголеми.
Секоја нова технологија која би се имплементирала, а претставува потрошувач на електрична енергија, има влијание на самата електроенергетска мрежа. Оваа Студија го истражува влијанието на преносната мрежа – идентификација на потребните надградби на електричните мрежи, како и можности за интелигентна интеграција на електричните возила. Тоа подразбира двонасочно интеракција на возилата и мрежите: искористување на батериите за обезбедување на дефицитарните системски услуги и придонес за зголемување на инсталираниот капацитет на ОИЕ.
Интелигентната интеграција на електричните возила во електроенергетскиот систем се карактеризира со бројни позитивни влијанија на преносната мрежа:
§ можност електричните возила да обезбедат системски услуги во однос на балансирањето на системот,
§ системот има подобрена способност за апсорпција на енергијата од обновливите извори,
§ т.н. „пеглање“ на оптоварувањето во системот – намалување на потрошувачката во периодите на врвно оптоварување (кога енергијата е дефицитарна и скапа) и зголемување на потрошувачката во периоди на минимални оптоварувања (така во ноќните часови ќе можат да се користат вишоците на производство од термо електраните).
§ ги намалуваат трошоците за управување со системот,
§ потенцијално генерирање на придобивки и за операторите и за сопствениците на електричните возила,
Дополнителните ефекти од интеграција на возилата се предизвик за систем операторите – високи оптоварувања во делови од мрежите, намалена динамичка стабилност и влијанија врз квалитетот на електричната енергија. Многу е важно да се направат сеопфатни координирани анализи во системот за овие појави да се надминат и да може да се овозможи непрекинато користење возилата од страна на корисниците.
Фокусот е на што е можно поголема интеграција, но за тоа треба да се имплементираат соодветни технолошки решенија и пазарни механизми. Целта е да се овозможи двостран тек на моќност помеѓу електричните возила и електричните мрежи како и примена на интелигентни мрежи.
…